Контакт

Економија

Граѓанските организации бараат измени на Законот за сметководство на непрофитните организации

Објавено пред

Законот за сметководство на непрофитните организации ги пропишува сметководствените принципи и правила, како и основните финансиски информации по кои известуваат граѓанските организации. 15 години по неговото донесување и функционирање, е утврдена потребата од измени и во Законот и во подзаконските акти.

Ова го покажува анализата на Законот за сметководство на непрофитните организации изработена од Центарот за даночна политика (ЦДП) во рамките на проектот „Промени за одржливост“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од „Конект“ во партнерство со Фондацијата „Аполонија“ и ЦДП. Анализата претставува основа за законските измени што ги бара Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации, која брои 79 членки. Препораките во анализата се подлога за почнување дијалог со институциите за менување на Законот. Анализата е испратена до институциите за да им користи при дефинирањето на идните измени на Законот.

Некои од препораките за законските и подзаконските измени се: усогласување на Законот со Правилникот за сметководството на непрофитните организации; редефинирање или донесување нов правилник за формата и содржината на сметковниот план; дополнување и промени во сметковниот план; укинување на обврската за годишна ревалоризација на долгорочните средства; во насока на зголемување на транспарентноста на финансиските извештаи, покрај извештајот, се препорачува доставување и на наративен дел и белешки со објаснување; прецизно дефинирање на критериумите за утврдување на микронепрофитни организации кои што не се обврзани да поднесуваат завршна сметка; пропишување критериуми за утврдување големи непрофитни организации и обврска за ревизија на нивните финансиски извештаи итн.

Според анализата, ефикасноста на финансиските и на даночните контроли би се зголемила со подобрување на транспарентноста која е од клучно значење за привлекување нови фондови и извори за финансирање. Преку зголемување на транспарентноста се подига довербата во мисијата и остварените резултати, а со тоа организацијата го зголемува својот капацитет за апсорбирање нови финансиски средства. Дополнително, ова е во согласност со насоките за поддршка на ЕУ на граѓанското општество во земјите од процесот на проширување 2014-2020.

Во рамките на анализата беше спроведена и анкета помеѓу испитаници од 70 граѓански организации, преку која се овозможи идентификување на потенцијалните недостатоци и делови што создаваат конфузија во примената на Законот.

Ова е прва анализа на Законот за сметководство на непрофитните организации донесен 2003 година и поттикнува инволвирање и други учесници за постигнување подобра правна рамка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Почна изградбата на нова фабрика на турската компанија „Балканлар пластик“

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши, и директорот на Дирекцијата на ТИР-зоните, Александар Младеновски, го означија почетокот на градба на новата фабрика на компанијата „Балканлар пластик“, со производство во Скопје ТИРЗ 1.

Заев образложи дека инвестицијата ќе биде во висина од 8 до 10 милиони евра и во првата фаза ќе има 80 нови вработувања со цел да достигнат 300 нови работни места во последната фаза.

„Оваа инвестиција доаѓа од земја што е еден од најголемите пријатели на Република Северна Македонија, а тоа е Република Турција. Сакам да ја искористам пригодата да му се заблагодарам на турскиот народ за ратификацијата на протоколот за наше членство во НАТО, кое беше пред неколку дена. Досега имаме 21 ратификација, со што станува извесно дека во декември Република Северна Македонија ќе стане членка на НАТО. Тоа истовремено значи мотивација и дополнителна позитивна провокација да привлечеме уште многу нови инвестиции, меѓу кои и инвестиции од Турција“, истакна премиерот Заев.

Премиерот посочи дека има евидентен пораст на странските директни инвестиции. Гринфилд-инвестициите пораснале 200 проценти за периодот од јуни 2018 до мај 2019 во споредба со истиот период претходно, што е нотирано во извештајот на „ФДИ маркетс“, специјален сервис на „Фајненшл тајмс“.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, истакна дека производствениот погон на „Балканлар пластик“ е еден од триесетината инвестициски проекти што во моментот се реализираат во земјата, а преку кои се остваруваат плановите на Владата за силна индустријализација на земјата и се создаваат услови за побрз и одржлив раст на економијата.

„Минатата година од оваа земја забалежани се директни инвестиции во вредност од 36,2 милиони евра, а само во првиот квартал на 2019 година забележани се инвестиции од Турција во вредност од 16,3 милиони евра. Тоа значи дека инвестициите од Турција покажуваат тенденција на раст, со што очекуваме директните инвестиции од Република Турција оваа година да ги надминат ланските вредности. Инвестицијата на „Балканлар пластик“ се очекува да биде околу 7 милиони евра, каде што ќе се вработат околу 300 лица, а важно е што имаат планови да се развиваат и понатаму и да го шират производството во нашата земја. Владата ќе ги поддржува сите инвеститори, странски и домашни, да реализираат нови инвестции затоа што само преку индустријализација на државата може да обезбедиме одржлив раст на економијата на подолг рок. Да извезуваме производи, а не луѓе од државата“, потенцира вицепремиерот Анѓушев.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, посочи дека Бунарџик се менува во позитвна смисла на зборот, се градат нови фабрики и има постојан влез на нови странски директни инвестиции.

„Би сакал да напоменам дека создадовме сосема нова политика за привлекување странски инвестиции сè со цел да обезбедиме нови работни места, а со тоа да придонесеме и за економскиот раст на нашата држава. Освен поддршката што ја дава Владата на Република Северна Македонија, претприемачите се запознаени дека како предуслов истовремено е и политичката стабилност, но и владеењето на правото“, истакна Бектеши.

Директорот на Дирекцијата на ТИР-зоните, Александар Младеновски, посака успешна и навремена изградба на новата фабрика, која ќе произведува пластична амбалажа за повеќе индустрии и ќе отвори нови работни места за младите и со тоа успешно ќе придонесува во севкупниот економски раст и развој.

Менаџерот на „Балканлар пластик“, Ерен Чалишир, се заблагодари на добрата соработка со институциите и Дирекцијата на ТИР-зоните во реализацијата на инвестицискиот проект на компанијата и рече дека оваа нова фабрика ќе донесе нова вредност во економскиот развој на земјата.

Прикажи повеќе...

Економија

Елези за завршната сметка 2018: Приходите повисоки од лани, буџетскиот дефицит понизок

Објавено пред

Реализираните приходи во државниот буџет во 2018 година се 8,8 милијарди денари повисоки во однос на претходната 2017 година или 5 отсто повисоки, а буџетскиот дефицит е помал од проектираниот и изнесува 1,8 отсто од БДП, рече заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, на комисиската расправа во Собранието за завршната сметка.

Заменик-министерката рече дека реализацијата на приходите во 2018 година била во согласност со очекувањата, а расходите се извршувале редовно и навремено.

„Вкупните приходи на буџетот на Република Северна Македонија се реализираа во износ од 188,5 милијарди денари и тие се наменија за финансирање на расходите реализирани во износ од 200,1 милијарди денари. Остварувањето на приходите и расходите во наведените износи резултира со дефицит на буџетот на Република Северна Македонија во износ од 11,5 милијарди денари, при што тој бележи помала реализација во однос на планираниот 6,5 милијарди денари и е реализиран на ниво од 1,8 отсто од БДП“, рече Елези.

Таа посочи дека минатата година имало одлична наплата на даночни приходи со 99,9 отсто реализација од проектираното или во споредба со претходната година – наплатата била подобра 9,4 отсто. Таа рече дека приходите од социјалните придонеси биле остварени целосно и обезбедиле редовно финансирање на законските обврски на социјалните фондови.

„Во рамките на вкупните буџетски расходи, тековните расходи се остварија во износ од 187,9 милијарди денари, односно пониска реализација од 2,1 отсто во однос на планот како резултат на строгата контрола на трошењето на овој вид расходи, без притоа да се наруши редовното покривање на сите обврски на државата и непречено остварување на функциите и активностите на буџетските корисници“, рече заменик-министерката.

Елези посочи дека финансирањето на буџетскиот дефицит во 2018 година се реализирало во согласност со целите за прудентно управување со јавниот долг, односно со најнизок можен трошок и развој на ефикасен домашен финансиски пазар.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Апликантите за млад земјоделец девет месеци чекаат одговор за грантовите

Објавено пред

Младите земјоделци апликанти за мерката млад земјоделец, која платежната агенција ја објави уште во октомври 2018 година, веќе девет месеци чекаат одговор дали се избрани или не за грант од 10.000 евра, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако власта со објавувањето на огласот во дневниот печат се обврзала одлуката да ја донесе во рок од три месеци, сега и по цели девет месеци од објавувањето на повикот немаме никаков епилог, вели Трипуновски.

Тој истакна дека стотина, можеби и илјада млади земјоделци, се во неизвесност и не знаат како да ги распоредат планираните средства за инвестиција.

„Ги прашуваме министерот Димковски и директорот на Платежната, Бабовски, има или не средства во програмата за оваа мерка? Доколку има, зошто е во застој, доколку нема, зошто нема иако е ветено и е распишан повикот?
Дополнително, треба да одговорат Николовски, Димковски и Бабовски дали чекаат да се доиспразнат македонските села, па да нема кому да му ги исплатат средствата или, пак, чекаат одлука на локалните разграноци на СДСМ за тоа да кажат кој е подобен, а кој не“, истакна Трипуновски.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет1 час

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зошто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж кој е осомничен дека го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт2 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија12 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет13 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет15 часа

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ17 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион19 часа

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија20 часа

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија22 часа

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет23 часа

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија24 часа

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа24 часа

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа2 дена

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија2 дена

Усвоена програмата за реконструкција на Универзалната сала и спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за...

Македонија2 дена

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија2 дена

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија2 дена

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Европа2 дена

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, која ќе стапи во сила во средината на септември....

Досие