Економија
Грчкиот Forthnet официјално станува дел од United Group

Грчкиот телекомуникациски и pay-TV провајдер Forthnet S.A официјално стана дел од United Group, водечкиот давател на телекомуникациски и медиумски услуги во Југоисточна Европа.
Влегувањето на United Group на грчкиот пазар е уште едно достигнување во нејзината европска стратегија за раст и понатаму ја зацврстува позицијата на групата со седиште во Холандија како лидер во индустријата, која работи во осум земји од регионот.
Викторија Боклаг, главен извршен директор на United Group: „Задоволство ми е да им посакам добредојде на нашите колеги од Forthnet во семејството на United Group. Имаме амбициозни планови за компанијата што ќе се имплементираат со новиот менаџерски тим. Брендот Forthnet Nova е добро етаблиран во Грција и гледаме многу потенцијал за бизнис“.
Таа продолжи: „Имаме можност да донесеме на грчкиот пазар повеќе содржини и повеќе опции во забавата и спортот за да се поттикне раст на pay-TV услуги. Уверени сме дека со примена на нашата експертиза во области, како што се содржини и технологија, во комбинација со нашата поширока телекомуникации понуда, можеме да испорачаме врвно корисничко искуство и да ги реализираме нашите цели за бизнисот“.
United Group, кој е во мнозинска сопственост на BC Partners, објави во јуни дека се согласи за почетната аквизиција на удел од приближно 36 % во „Фортнет“. Од тогаш United Group го зголеми својот удел на околу 80 %. До крајот на годината, кога компанијата ќе ја заврши конверзијата на конвертибилниот долг на „Фортнет“, нејзиниот удел ќе се искачи на речиси 85 %.
Forthnet е провајдер на услуги за домашна забава и комуникациски услуги во Грција со приближно 1.000 вработени и речиси 1,4 милион единици за генерирање приходи (RGU). Forthnet им нуди на своите клиенти повеќе од 60 direct-to-home (DTH) канали преку брендот Nova.
Купувањето на Forthnet е трета голема трансакција на United Group за помалку од една година по аквизициите на хрватските Tele2 и бугарскиот Vivacom. Заедно аквизициите ја зголемија големината на компанијата до 1,7 милијард евра од проформа приходите.
Работејќи и во телеком и во медиумскиот сектор, платформата на United Group ги комбинира водечките оператори и најдобрите производители на содржини во Југоисточна Европа. Компанијата има повеќе од 10 милиони претплатници и 11 илјади вработени.
Со седиште во Амстердам, United Group е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Преку значителни инвестиции во дигитална инфраструктура, содржини и технологија, таа обезбедува водечки услуги за клиентите во целиот регион. За две децении од основањето, United Group купи и успешно интегрира повеќе од 100 компании во својата структура. Има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивен избор на ТВ-содржини од целиот свет. United Group е во сопственост на BC Partners, една од најголемите глобални инвестициски компании од март 2019 година и работи во осум земји. За повеќе информации посетете го https://united.group/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.