Економија
Денови на македонското пчеларство во Битола

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, денеска во Битола ја отвори манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“. Оваа манифестација се одржува по 22. пат, а секоја година ја организира пчеларското здружение „Нектар“. Директорот Бабовски во обраќањето истакна дека преку оваа манифестација, здружението „Нектар“ секоја година нè потсетува за тоа колкаво е значењето на пчелите за нас, за растенијата, но и за климатските промени и намалувањето на гладот во светот.
Истовремено, хранливоста на пчелните производи е до толку специфична, што не може да се добие во фармацевтските лаборатории, токму затоа како што истакна Бабовски, наша цел е да ги заштитиме и да создадеме услови за раст и развој на пчеларството во државава. Растот на бројот на пчелни семејства покажува дека мерките и проектите за пчеларството овозможуваат оваа гранка да се развива.
„Дека сме на прав пат, покажуваат и податоците за исплатени средства за регистрирани и презимени пчелни семејства ако во 2014 по основ на оваа мерка сме исплатиле 99,5 милиони денари во 2018 за истата мерка имаме исплатено 159,5 милиони денари, што е зголемување на исплатените средства од 60%. Преку Програмата за рурален развој, поточно преку мерката органско производство на мед во изминатите три години сме исплатиле вкупно 6.5 милиони денари. Дополнително преку Мерките од ИПАРД и програмата за рурален развој овозможуваме набавка на опрема за пчеларство“, истакна Бабовски.
Тој додаде дека преку ИПАРД-програмата за развој на пчеларството имаме склучени 7 договори и ним ќе им бидат вратени 13.000 евра за реализираните инвестиции во делот на пчеларството. Во моментов има регистрирани 240.000 пчелни семејства. Владата, Агенцијата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе продолжат да креираат мерки и поволни услови за развој на овој сектор бидејќи пчеларството е навистина важна стопанско-прехранбена гранка, истакна тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.