Контакт

Економија

Деспотовски: Продолжува растот во технолошко-индустриските развојни зони

Објавено пред

Продолжува растот во технолошко-индустриските развојни зони, а примената на новиот концепт на ТИРЗ за привлекување странски инвестиции веќе дава конкретни резултати и зголемен број нови инвестиции, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ, што ја презентира директорот Јован Деспотовски.

„Растот продолжува и во август, а бројките покажуваат рекордни економски активности во првите осум месеци од 2021 во однос на минатите години. Овие бројки јасно укажуваат дека економијата не само што го надмина пандемискиот период туку бележи и серозен раст. Очекувам ваквиот позитивен тренд да продолжи до крајот на годинава“, изјави Деспотовски.

Редовната месечна анализа за август покажува највисоко ниво на извоз во првите осум месеци во споредба со истиот период во изминатите четири години, како и речиси рекордна извозна и увозна активност годинава. Вкупниот извоз во првите осум месеци во зоните достигнала 2,04 милијарди евра, што е повеќе од 50 % во однос на истиот период лани, односно над 11 % во споредба со 2019 и речиси 32 % повеќе од 2018 година. Во август извозот бил 275 милиони евра, што е 24 % повеќе од август 2020 година, односно 26 % и 45 % повеќе во споредба со август 2019, односно 2018 година.

Според анализата, во првите осум месеци од 2021 година вкупниот увоз во зоните изнесува над 2,036 милијарди евра и е 63 % зголемен во однос на истиот период лани, односно 17 % во однос на 2019, а над 55 % во однос на 2018. Само во август увозот во зоните достигнал 269 милиони евра и е најголем во последните четири години во споредба со истиот месец. Според анализата, голем дел од увозот се должи на набавка на машини, опрема и нови технологии поради зголемените инвестициски активности во зоните, што се одразува и на нето-извозот, односно речиси изедначена покриеност на увозот и извозот во зоните. Заклучно со август, нето-извозот е во позитива од 0,34 %.

Компаративната анализа покажува и раст од 7,15 % на бројот на вработени во август во споредба со истиот месец лани и стабилно ниво од над 14.000 вработени во компаниите активни во зоните.

Деспотовски најави и нови странски инвестиции во Штип, Кичево и во Скопје.

„Во формална процедура на одобрување се три нови договори за странски инвестиции со вкупен обем од над 54 милиони евра. Само овие инвестиции треба да донесат 680 нови работни места, да го зголемат вкупниот извоз за над 850 милиони евра во десетгодишен период, а приходите во буџетот ќе достигнат до 55 милиони евра на сметка на придонеси, данок на добивка и персонален данок. Само од почетокот на годинава имаме почнати или во фаза на реализација договори за нови инвестиции од речиси 160 милиони евра. Со засилена динамика и квалитативен пристап работиме на зголемување на бројот на компании во зоните. Со деловната клима што ја наметна оваа Влада покажавме дека знаеме да го искористиме потенцијалот и на новите и на постојните странски инвеститори“, нагласи Деспотовски.

Соопшти дека веќе е завршена измената на упатството за оправдани инвестициски трошоци, која првпат е изработена од меѓународна ревизорска куќа и во соработка со компаниите, Советот за странски инвеститори и Асоцијацијата на напредно технолошки компании. Со ова се воведуваат јасни и прецизни правила на игра и заштитен механизам за државата и компаниите. Исто така, ТИРЗ ќе ја интензивира соработката со сите универзитети со цел отворање можности за пракса на студенти во компаниите за што веќе е потпишан и меморандум со УГД „Гоце Делчев“, Штип.

Економија

Заев на „Преспански јаболкобер 2021“: Ние знаеме да го цениме трудот на овоштарите

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска во Ресен го означи почетокот на манифестацијата „Преспански јаболкобер 2021“, со што почна годинешната берба на јаболката во Преспа.

„Владата и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ги креираат сите неопходни политики за поддршка на земјоделството, па така и за стимулирање и развој на овоштарството. Тоа го правиме во континуитет во двата мандата на оваа Влада. Во 2018 година 20 отсто ги зголемивме субвенциите за одржување овошни насади за земјоделците со развоен капацитет, а субвенцијата за предадени јаболка се зголеми од 2 на 3 денари за килограм“, истакна Заев.

„Оваа Влада нема да ги остави земјоделците и овоштарите и секогаш ќе биде во дослух со нивните потреби и реални очекувања. Ние знаеме да го цениме и вреднуваме нивниот труд и придонес за нашата економија. Затоа носиме одлуки што секогаш ќе бидат на страната на земјоделците и овоштарите“, потенцира премиерот.

Посочи дека оваа година и покрај корона-кризата и глобалната економска криза, државата ги исплати субвенциите за овоштарство во износ од речиси 9,5 милиони евра, а реализацијата на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година бележи висок степен на реализација од почетокот на годината.

„Оваа година почна проектот со Светската банка – проектот за модернизација на земјоделството, кој е со вкупна вредност од 46 милиони евра и содржи огромна развојна компонента за земјоделството, со сериозен позитивен импакт врз вкупната домашна економија“, нагласи Заев.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, истакна дека Министерството и Владата континуирано го поддржуваат овоштарството и како една од мерките, покрај зголемените субвенции, се и картичките за зелена нафта.

„Конкретно во Ресен се доставени речиси 2.000 картички. Дополнителни придобивки овоштарите имаат и од воведувањето на мерките за мотивација на младите земјоделци и руралните жени, а од особено значење е и усогласувањето на нашата правна регулатива со европската. Конкретно во делот на здравјето на растенијата, што подразбира и намалена употреба на агрохемиски средства, односно помалку пестициди, токму Ресен е пример на успешна интегрална заштита на јаболката и сѐ помала употреба на производите за заштита на растенијата, која во последните 10 години е намалена 30 %“, рече Хоџа.

Прикажи повеќе...

Економија

Бектеши: Владините мерки за поддршка на туризмот дадоа резултат, туристичката сезона беше успешна

Објавено пред

Туризмот во светски рамки беше една од најпогодените индустрии од пандемијата на Ковид-19 во изминатите две години, но главниот фокус на Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за економија како надлежна институција за развој на туризмот беше да се поддржи овој сектор со конкретни мерки и активности. Според сите показатели оваа година, ние ги постигнавме очекуваните резултати. Туристичката сезона беше успешна, рече министерот за економија, Крешник Бектеши, на обраќањето по повод Светскиот ден на туризмот – 27 Септември, кој Министерството за економија традиционално го одбележува секоја година.

„Имајќи ги предвид бројките на туристи и ноќевања, можеме да кажеме дека мерките што се имплементирани дадоа видливи резултати. Според последните статистички податоци, во периодот јануари – јули 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен 56,6 %. Во истиот период регистрирани се речиси 320 илјади туристи во земјата, кои оствариле над еден милион ноќевања. Како главни проекти што придонесоа за зголемување на бројот на туристи беа кампањата ‘Дома си е дома“’ и ваучерите за домашен туризам, а кај странските туристи безбедносниот печат (safe travel stamp)“, рече Бектеши.

Тој потсети дека секторите туризам и угостителство и оваа година беа поддржани со директни грантови од страна на Владата сѐ со цел надминување на оваа криза и закрепнување од последиците на пандемијата.

„Можеме да резимираме дека имавме успешна сезона благодарение на политиките и мерките што беа донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија во консултација и соработка со приватниот сектор“, рече тој.

Во својот говор го пренесе годинешното мото на Светската туристичка организација за Светскиот ден на туризмот, кое гласи „Туризам за инклузивен раст“ и потенцира дека ова е можност да се види подалеку од статистиката за туризмот и да се признае дека зад секоја бројка стои човек.

„Затоа оваа година ние како Министерство за економија од присутните претставници на коморите и здруженијата конкретни очекуваме предлози и мерки за инклузивен раст и развој на туризмот во нашата земја во постковид-периодот со цел надминување на сите предизвици“, изјави министерот во своето обраќање.

Тој на сите претставници од туристичко-угостителскиот сектор во државата им го честиташе Светскиот ден на туризмот – 27 Септември и им посака успешна работа и плодна година.

Прикажи повеќе...

Економија

Бензините поевтинуваат, а дизелот поскапува

Објавено пред

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 1,00 денат/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,599 денари/килограм и сега ќе изнесува 39,780 денари/килограм.

Од 28.9.2021 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 72,00 (денара/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 74,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 63,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 65,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 39,780 (денари/килограм)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа4 часа

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија4 часа

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија4 часа

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија5 часа

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа5 часа

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет8 часа

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија10 часа

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија10 часа

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ1 ден

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион1 ден

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија1 ден

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија1 ден

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа1 ден

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија1 ден

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија2 дена

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија2 дена

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа2 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион2 дена

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Досие