Контакт

Економија

Димковски: Северна Македонија станува препознатлива по квалитетното вино

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на „Светскиот ден на вранецот“, меѓународен настан којшто за прв пат се одржува во Република Северна Македонија.

Во нашата земја има над 28 илјади хектари под лозови насади од винско грозје, од кои околу 11.000 хектари се под сортата вранец. Министерот Димковски во своето обраќање посочи дека Република Северна Македонија има поволни услови за производство на квалитетно грозје и вино, а сортата вранец е најзастапена, што ја прави нашата земја најголем производител на оваа сорта во регионот.

„Лозарството и винарството се наши стратешки гранки и затоа како Влада изминатите две години посветуваме сериозно внимание на развојот и на примарното лозарство и на винската индустрија. Вкупното производство на вино се движи од 115 до 125 милиони литри, од кои приближно 80 милиони литри завршуваат на пазарите надвор од РСМ, од што годишниот девизен прилив изнесува околу 50 милиони евра. Радува фактот што виното во шише постепено го зазема местото на наливното вино во рамки на вкупниот извоз. Конкретно, додека во периодот 2000-2010 година односот на вино во шише / наливно, беше 10% флаширано остатокот наливно. Во последните неколку години оваа разлика е променета на сметка на вино во шише, и сега изнесува приближно 30% од виното што се извезува е во шишиња, изјави министерот Димковски.

При тоа, Димковски посочи дека македонското вино освен на традиционалните пазари за извоз како ЕУ – Германија, Хрватска и Словенија и земјите од соседството како Србија, Босна и Херцеговина, нашето вино е се позастапено на пазарот на САД, Канада, Кина, Русија и Јапонија.

Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, СибилeСутерТехада, посочи дека Швајцарија преку својата „Програма за вработливоста на пазарите“ и помага на македонската винска индустрија да го зачува идентитетот на вината од РСМ, зголемувањето на сортите, квалитетот и извозот, а се проценува дека околу 20.000 домаќинства ќе имаат корист во зголемување на нивните приходи од пристапот кон меѓународниот пазар.

Економија

(Видео)Димковски: Со прецизни податоци за земјоделски стопанства до ефикасна реализација на мерките за развој на земјоделството

Објавено пред

Заврши имплементацијата на твининг-проектот „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства“, финансиран од ИПА-програмата на Европската Унија.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, посочи дека дека еден од предусловите во процесот на прилагодување на националните институции кон ЕУ е воспоставување  национална мрежа на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН).

„ФАДН е одличен инструмент за проценка на приходите на земјоделските стопанства и влијанието на Националната земјоделска политика во Северна Македонија. Резултатите од истражувањето ФАДН се клучни во утврдувањето на влијанието што земјоделската политика го има врз поединечните стопанства, како и за креирање соодветни политики и мерки за развој на секторот. Во оваа насока ФАДН-системот претставува централен инструмент за следење на економскиот развој на земјоделството и земјоделските стопанства во земјите членки на Европската Унија како целина“, изјави министерот Димковски.

При тоа, Димковски потенцираше дека со резултатите добиени од овој проект, македонскиот ФАДН во иднина ќе биде одржлив систем, дата-базата на податоци ФАДН ќе биде од фундаментално значење во земјоделскиот сектор и дека ќе претставува корисна алатка за стратешки избори при планирање на иднината на македонското земјоделство.

Раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини,
амбасадорот на Република Полска, Војчех Тицински, и амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео, искажаа задоволство за успешно завршениот проект и порачаа да се продолжи со одржување на системот, активно да се разменуваат податоците со другите институции со цел да продолжи одржливиот систем на ФАДН.

Имплементацијата на овој проект е овозможена со помош на Делегацијата на Европската Унија, голем придонес имаат и твининг-експертите, како и сите други вклучени партнери, а тоа се италијанското Министерство за земјоделство, храна и шумарство, италијанскиот Национален совет за земјоделско истражувања и економија, како и Институтот за земјоделска економија и храна на Полска.

Прикажи повеќе...

Економија

„Тесла“ доби одобрение за производство во Кина

Објавено пред

Компанијата „Тесла“ е додадена на списокот на кинеската влада за овластени производители на автомобили, соопшти денеска Министерството за индустрија кога на производителот на електрични возила му е издаден сертификат неопходен за да почне со производство во земјата.

Списокот го објави кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

„Ова значи дека ‘Тесла’ во целост доби зелено светло за производство во Кина“, рече Џел Џанг, шеф на консултантската компанија „Аутомотив форсајт“, со седиште во Шангај, додавајќи дека „Тесла“ може да почне со производство во секое време.

Фабриката вредна 2 милијарди американски долари, што „Тесла“ ја гради во Шангај, е првиот странски објект на компанијата.

„Ројтерс“ неодамна објави дека „Тесла“ планира да почне со производство во својата фабрика во Кина во текот на месецов.

Компанијата планира во фабриката да произведува најмалку 1.000 примероци од „модел 3“ неделно до крајот на годинава бидејќи се обидува да ја зголеми продажбата на најголемиот светски автомобилски пазар и да ги избегне повисоките тарифи за увоз на американски автомобили.

Властите во Шангај понудија помош за „Тесла“ со цел да се забрза изградбата на погоните, а на 30 август Кина ги ослободи моделите на „Тесла“ од данокот од 10 проценти за продажба на возила.

Прикажи повеќе...

Економија

Почнал од нула, а сега годишно заработува 115 милиони евра

Објавено пред

Економистот Тимо Болт, сопственик на фирмата „Густо“, поради прекувремена работа, немал време да готви, но проблемот го решил многу успешно.

„На 26 години работев како економист во лондонска корпорација. Дури и кога готвев или ако купев нешто во продавница, најголем дел од таа храна ја фрлав во ѓубрето“, се сеќава Болт, денес сопственик на лондонската компанија „Густо“, која им го решава проблемот со набавка на продукти на сите оние што немаат време да одат на пазарење.

„До оваа идеја всушност дојдов инспириран од моите потреби. Сфатив дека има голем број луѓе што сакаат да готват јадење дома, но едноставно немаат време да одат на пазарење. Во тоа време имаше неколку слични компании во Германија од кои презедов некои делови од работењето“, додава Болт.

Како што објаснува, неговата компанија на домашната адреса на клиентите ги доставува сите продукти што тие ќе ги нарачаат, а им се потребни за подготовка на оброк. Состојките претходно се мерат и се приспособуваат на потребите на клиентите, а со нив доаѓа и рецепт за подготовка на јадењето.

Болт посочува дека најчесто негови клиенти се млади семејства со деца и вработени луѓе што живеат сами.

Денес, седум години подоцна, неговата компанија годишно од продажба остварува приходи во виснина од 100 милиони фунти (115,3 милиони евра), а како што пренесува Си-ен-ен, заедно со своите конкуренти компанијата на Болт е дел од индустрија што во моментот само во Британија вреди повеќе од милијарда долари. Според проекциите, до 2025 година оваа индустрија на глобално ниво ќе вреди над 9 милијарди долари.

Со седиште во Хамерсмит и сопствена фабрика, фирмата на Болт во моментот е во состојба да испорача во просек 250.000 пакувања месечно. Вработени се повеќе од 500 луѓе во цела Британија, а тој планира в година да го зголеми бројот на вработени на 1.200.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ15 минути

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа која се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Македонија43 минути

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за...

Свет1 час

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на бројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет2 часа

Eксплозии и пукање во Сирија, еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел Ајн во североисточна Сирија, на само еден ден по...

Европа3 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет14 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион16 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија17 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет18 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион19 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија19 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија20 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија21 час

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ22 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија22 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ23 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија23 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа23 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија1 ден

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа1 ден

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Досие