Економија
Заев и Младеновски во ТИРЗ 2: Ги обезбедуваме потребните светски инфраструктурни стандарди во зоните

„Инвестициите во инфраструктурата се најнеопходни и секогаш поздравувани од деловната заедница бидејќи се од непроценливо значење за непречено извршување на економските активности на компаниите, што значи отворање нови работни места, како и подобрување на животниот стандард за граѓаните“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, кој заедно со директорот на Технолошко-индустриската развојна зона, Александар Младеновски, изврши увид во работите на асфалтирањето на булевар и улици во ТИРЗ Скопје 2 (Бунарџик).
Заев рече дека во согласност со годишната програма во ТИРЗ Скопје 2, во фаза е изградба на комплетната инфраструктура – сообраќајници, водовод, атмосферска и фекална канализација, гасовод и улично осветление на булеварот, како и на улиците 1, 3 и 9. Станува збор за комплетна инфраструктура околу новите инвестиции во ТИРЗ Скопје 2, чии капацитети се во тек на изградба. Инвестициската вредност изнесува 107 милиони денари.
„Нашите заложби како Влада во континуитет се насочени кон подобрување на деловниот амбиент, како и создавање услови за актуелните и за идните инвеститори. Во таа насока и покрај нестандардните услови за изведување на работите како резултат на почитување на мерките за претпазливост од Ковид-19, во согласност со динамиката на работа очекуваме предвидените работи да бидат завршени до крајот на оваа година. Сакаме да ги обезбедиме потребните светски инфраструктурни стандарди во индустриските зони за инвеститорите што го вложуваат својот капитал во Северна Македонија. Бенефитите од инфраструктурното модернизирање на зоните се од големо значење за компаниите лоцирани тука, но и за државата и за граѓаните, со оглед на тоа што компаниите во зоните придонесуваат за подобрување на севкупниот трговскиот биланс, зголемување на вработувањата, како и пренесување на know-how и технолошкиот прогрес.
Она што го имам како информација и покрај условите на пандемија и намален обем на испораки е дека речиси сите работници во зоната ги задржаа своите работни места и придонесуваат во одржување на стабилноста на македонската економија“, изјави Заев и додаде дека извозот од зоните на годишно ниво до 2019 година изнесуваше речиси 2,8 милијарди евра, што е приближно 40 процентно зголемување во однос на 2017 година.
Премиерот додаде дека во услови на пандемија, во согласност со податоците до септември годинава, забележан е очекуван пад, но и покрај тоа, позитивно е тоа што бројот на вработени останува константен. Во зоните во државата вкупно 13.480 вработени активно работат на зголемување на продуктивноста и извозот.
„Како држава продолжуваме максимално и посветено да ги реализираме потребните инфраструктурни проекти, да градиме стабилни економски политики за понатаму компаниите да може да го модернизираат производството, да ги зголемат капацитетите и да ги подигнат стандардите за забрзување на технолошкиот напредок. Градење доверба со инвеститорите е еден од нашите приоритети, токму затоа сакаме да ги обезбедиме сите предуслови за поедноставување на деловното работење, создавање предвидлива, конкурентна и одржлива деловна средина“, потенцира Заев.
Директорот на ТИРЗ, Младеновски, истакна дека во зоните активно се работи на инфраструктурно осовременување. Во ТИРЗ Скопје 2 е изведен 60 % од должината на главниот булевар Б, булевар А и улицата 4 со потребна хидротехничка инфраструктура (водовод, фекална и атмосферска канализација), гасоводна инфраструктура и улично осветление. Младеновски рече дека се комплетира зоната два по што следна ќе биде и зоната три, активно се работи и во ТИРЗ Прилеп, во ТИРЗ Штип, каде што во фаза на изготвување е проектна документација за поврзување на булеварот во ТИРЗ Штип со изградената клучка на експресниот пат Штип – Кочани. Во ТИРЗ Струга зоната е функционална, со изведена основна внатрешна инфраструктура, и тоа сообраќајници, водовод, канализација, улично осветление и царински терминал и вага за тешки товарни возила. Во ТИРЗ Кичево со изградбата на II фаза, од основна внатрешна инфраструктура, зоната стана целосно функционална со изградени инфраструктурни објекти за приклучок на секоја парцела (сообраќајници, краци за водовод, атмосферска и фекална канализација) за потребите на нови корисници во зоните. Реализирано е и уличното осветление.
Премиерот Заев оствари средба и со раководството на германската инвестиција „Герешајмер“, лоцирана во ТИРЗ 2, која ќе продуцира медицински материјал и се очекува набргу да го почне производството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.