Контакт

Економија

Почна аплицирањето по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година

Објавено пред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување барања за субвенции за 2019 година е почнат и ќе трае до 30 мај.

Во овој период ќе се поднесуваат единствените барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, односно за директни плаќања за растително производство, и тоа за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади, како и за сточарско производство, и тоа за одгледување говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица.

Барањата за добивање на финансиската поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Оние баратели што не знаат сами да поднесат барање или имаат потреба од помош при создавање електронското барање може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели со состојба на 15 март 2019 година. Барањата за мерките од сточарското производство за говеда, овци, кози и пчели се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето.

Агенцијата ги потсетува одгледувачите на стока, пред поднесување на барањето, задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.
Сите корисници на оваа финансиска поддршка по аплицирањето и добивањето на отпечатениот примерок, добро да ги проверат податоците и ако има одредени отстапувања, во рок од 30 дена од денот на аплицирањето да ги извршат потребните корекции.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Заев на средба со ССМ: Владата работи за подобрување на животниот стандард на работниците

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со делегација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) претставници на синдикатите, членки на ССМ, предводена од претседателот Дарко Димовски.

Учесниците на состанокот го поздравија напредокот на социјалниот дијалог, меѓу синдикатите, работодавачите и Владата како движечка сила за зголемување на економскиот просперитет и заклучија дека е потребно понатамошно унапредување.

Заев истакна дека Владата останува цврсто на определбите да биде партнер во социјалниот дијалог, давајќи значаен придонес за унапредување на правата на работниците во соработка и партнерски однос со синдикатите и работодавачите.

Во рамките на состанокот се отвори дебата за состојбите со кои се соочуваат синдикатите и беше истакната поддршката на државата за Општите колективни договори за стопанството.
Се разговараше за потребата од исплата на регрес за годишен одмор и за јавната администрација, како и за покачување на платите на работниците.

Истакнувајќи ја улогата на синдикатите како будно око за правата на работниците,  премиерот Заев подвлече дека Владата работи на мерките за обезбедување поголема сигурност и подобрувањето на животниот стандард на работниците, како партнер во социјалниот дијалог заедно со Синдикатот и работодавачите. Позитивно беше оценет напорот на ССМ да се вклучи во процесот, со свои сугестии за прашањата  од сферата на трудот и од нивна страна беше поздравено претходното зголемување на платите на вработените  во здравството и културата, соопшти Владата.

Прикажи повеќе...

Економија

Средба на Заев со високи претставници на ЕБOР, договорена понатамошна соработка

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, денеска во Министертството за финансии се сретнаа со високите претставници на ЕБОР, Анка Јоана Јонеску, актуелна директорка на ЕБОР во нашата држава, и Анди Аранитаси, кој од септември годинава ја презема оваа должност во земјава.

На средбата е заеднички оценета како успешна досегашната соработка со Европската банка за обнова и развој и е утврдено дека има услови интензивната соработка да продолжи и во претстојниот период.

На состанокот е констатирано дека се направени добри политички чекори во Република Северна Македонија и во односите со соседите и дека тоа отвори простор за поактивна регионална соработка и интеграции, а со тоа и економски развој на нашата држава.

„Паралелно со интеграциските процеси во НАТО и исчекорите во европските интеграции, силно сме посветени на растот на економијата, преку поддршка на претпријатијата, вложувања во инфраструктурата, зголемување на капацитетите на општините, со цел секој граѓани да почувствува директни економски бенефити. Во тој процес, соработката со ЕБОР ни е многу важна, бидејќи Европската банка за обнова и развој е меѓу најголемите стратешки партнери на нашата држава”, рече Заев.

Се разговараше и за зголемувањата на капиталните инвестиции, вложувањата во патната и железничката инфраструктура, во енергетиката, за значењето од почитувањето европски стандарди во реализацијата на проектите, како и за придобивките од соработката со ЕБОР.
Во таа насока разговарано е и за можноста ЕБОР, преку експерти, на техничко ниво да се вклучи во развојот на капацитетите на општините, за коишто е заклучено дека можат значително да придонесат во економскиот развој.

Премиерот Заев сподели и некои од чекорите што ќе се преземат во делот на супституирањето на придонесите за работниците, со цел зголемување на платите, за што се споделени искуства со позитивни резултати од оваа мерка, во земји од поширокиот регион. На средбата е заклучено дека соработката помеѓу Владата и ЕБОР ќе продолжи и во следниот период, со востановената динамика  и согласно новата стратегија на ЕБОР за Северна Македонија, којашто дава резултати во делот на квалитетот на живот за граѓаните.

Прикажи повеќе...

Економија

Бабовски: Потпишан договорот со компанијата што ќе ги снабдува земјоделците со гориво за земјоделска механизација

Објавено пред

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, заедно со директорот на големопродажба на АД „Макпетрол“, Зоран Доневски, денеска го потпиша договорот за набавка на гориво за земјоделска механизација. Вкупната вредност на јавната набавка изнесува 200 милиони денари. Директорот на АФПЗРР, Бабовски, истакна дека со денешното потпишување на договорот практично се заокружува целиот процес за оваа мерка, при што за кратко време земјоделците ќе го почувствуваат благодатот од оваа мерка.

Претпријатието што го доби тендерот во најкраток рок, но не подолг од 60 дена, до Агенцијата треба да ги достави изработените персонализирани платежни картички преку кои земјоделците ќе може да точат гориво на сите бензински станици на „Макпетрол“ во државата.

„Безготовинската картичка е намената за набавка на дизел-гориво на која било бензинска станица на целата територија на РСМ. Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи. Картичката заедно со ПИН-кодот, упатството за користење и решението за одобрена финансиска поддршка се подигнува во подрачната единица на МЗШВ, каде што е регистрирано земјоделското стопанство. Картичката е лична и може да се користи само од страна на корисникот чии име и презиме и дата на раѓање е испечатено на неа“, истакна Бабовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, истакна дека со оваа мерка ќе се намалат производните трошоци на земјоделците.

„До крајот на месецов земјоделците ќе имаат можност да користат гориво за својата земјоделска механизација преку мерката за субвенционирана нафта, која првпат ја воведува оваа Влада со единствена цел – да им го олесниме производството на земјоделците и да им го направиме поекономично. Бидејќи се работи за нова мерка, за почеток државата ќе покрива 30 отсто од трошоците што земјоделците ги имаат за набавка на гориво за механизацијата, со можност овој процент во следните години да расте и до 50 отсто“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Димковски.

Директорот на компанијата, Зоран Доневски, истакна дека во согласност со договорот веднаш ќе почнат со печатење на персонализираните платежни картички.

„Реално очекуваме да се скрати периодот од 60 дена за печатење на картичките и побргу ќе одговориме со испорака и пристапност на картичките за корисниците. Веќе почнуваме и со подготовка на вработените сè со цел квалитетна реализација на оваа мерка“, истакна Доневски.

Според директорот Бабовски, висината на средствата на платежната картичка зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои конкурирале земјоделците за субвенции во 2018 година. И најмалите земјоделци, односно и оние што имаат 0,2 хектари земја, нема да останат без субвенционирана нафта. Најнискиот износ што ќе биде на една картичка е 500 денари, а додека највисокиот е исто така лимитиран и ќе биде до 100.000 денари. Преку оваа мерка придонесуваме значително да се намалат производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи. Средствата за оваа мерка во висина од 200 милиони денари се обезбедени, а со оваа мерка ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија5 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија6 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија6 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион9 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија11 час

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија11 час

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија13 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија14 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија14 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија15 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија15 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија16 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија18 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава19 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет19 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет20 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион21 час

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт1 ден

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа1 ден

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Досие