Економија
Почнува кампањата за промоција на комплексот „Гранд“ – набргу најатрактивната локација достапна за потенцијалните станари
Отворена можност за домување во срцето на Скопје – МГ ФЕШН ДОО Скопје ја почнува кампањата преку која во неколку фази ќе биде презентиран комплексот „Гранд Скопје“, кој почна да се гради спроти хотелот „Холидеј ин“.
Комплексот беше презентиран во јавноста во април минатата година, но инвеститорот сè уште не открива нови детали. Сепак, кампањата навестува дека „Гранд Скопје“ ќе им понуди на потенцијалните станари ексклузивна локација со најдобриот поглед во градот и атрактивен комплекс кој нуди сѐ на дофат на рака.
Станува збор за комплекс кој ветува дека ќе биде новото обележје на градот и кој е совршен избор за сите оние кои тежнеат кон урбано домување, модерен и квалитетен животен стил.
Првиот објект кој во моментов е во градба, именуван како „Гранд Ривер“, е станбено-деловен објект кој содржи три нивоа под земја, приземје, дваесет ката и поткровје, а се гради согласно највисоките архитектонски стандарди и нормативи за градење на енергетски ефикасни објекти. Подземните нивоа се наменети за паркирање на возила, приземјето и првиот кат се со деловна намена, додека останатите катови се сочинети од станбени единици со различна големина. Објектот, како и самиот комплекс, е дизајниран да овозможи максимален комфор на идните корисници на станбените единици, како и целосно искористување на погледот и природната светлина, кон реката Вардар и кон планината Водно.
Инаку, инвеститорот претходно најави дека целиот комплекс „Гранд Скопје“ ќе биде со мешана намена, односно составен од две станбени и една административна зграда, кои ќе бидат поврзани со отворен шопинг-простор во приземјето, а пак во центарот на комплексот е предвиден урбаниот парк на површина близу 7.500 м2 како донација за градот Скопје и сите граѓани.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.
(ПР)
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20%, известува Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска
Економија
Николоски: Растот на превезена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места
Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66, 7 проценти зголемен во споредба со истиот период 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, информира министерот за транспорт, Александар Николоски.
Според него, големиот раст на превезнена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места.
„Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23, 7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10“, вели Николоски.
Ток, исто така, наведе дека во истиот пресметковен период во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, додека во воздухопловниот превоз регистрирани се 889 153 патници што, како што вели, покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска подршка што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување на нови авиолинии.
Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер летовите.
Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железнички превоз на патници и тоа според статистиката превезени се 34 илјади патници.

