Економија
Здравствено осигирување на „Кроација“ за заштита на машкото здравје
Иако оваа година (поради маските) сме принудени да го сокриеме симболот по кој е препознатлив месецот ноември, а тоа се мустаќите, кои имаат за цел на еден хумористичен начин да привлечат внимание во борбата за заштита на машкото здравје, сепак, можеме да направиме нешто за сите нас.
Во време кога владее сè поголема неизвесност и несигурност, придружени со поголем стрес, потребен ни е некој кој на доста едноставен, лесен и брз начин ќе ни покаже дека се грижи за нас. Некој кој ќе ни овозможи брз пристап до преглед и ќе ги преземе трошоците. Но, уште поважно е тоа да е некој кој ќе ни даде можност превентивно да воведеме дисциплина во нашата посета на доктор, бидејќи и тоа е во духот на месецот ноември или Movember – да делуваме превентивно.
Здравственото осигурување на „Кроација осигурување“ е комбинација на сигурност и брзина, и најважно е дека обезбедува превентивна грижа за сите индивидуални и семејни корисници. Повеќе не треба да ја одложувате вашата редовна посета на доктор бидејќи има некој кој ќе се погрижи за трошоците.
Да не заборавиме дека секој од нас е должен да се грижи за своето здравје, а со здравственото осигурување на „Кроција“ вие добивате една грижа помалку – тоа е грижата за трошоците за лекување.
Препораките ги опфаќаат сите мажи над 50 години возраст, кои еднаш во текот на годината треба да направат превентивен уролошки преглед, вклучително ЕХО и PSA-маркери.
#CROCARE ПРОМОЦИЈА ЗА #MOVEMBER
Заштитете го вашето здравје со превентивен преглед! Со нашето CroCare доброволно приватно здравствено осигурување, ве стимулираме да се грижите за вашето здравје.
Во поддршка на #Movember и подигнување на свеста за заштита на здравјето на мажите:
?Сите склучени CroCare полиси во текот на овој месец ќе важат од 1 ноември.
?Веднаш закажете термин за превентивен специјалистички преглед.
?Важи за индивидуалните и семејните CroCare полиси.
Добијте персонален совет за вашето здравствено осигурување: https://bit.ly/crocare или јавете се на: 15 599.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22.12.2025 година.
Од 30.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,649 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,042 ден/кг и сега ќе изнесува 33,649 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,908%, кај дизелот за 1,970%, кај екстра лесното масло за 1,282% и кај мазутот зголемувањето е за 5,201%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1801%.
Економија
Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во третиот квартал од 2025 година
Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција, извести Народната банка.
На крајот на третиот квартал од 2025 година:
„На 30.9.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.494 милиони евра (или 27,1% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за 106 милиони евра, или за 2,3%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.

Во текот на третиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 250 милиони евра и изнесува 8.738 милиони евра, што претставува 52,7% од проектираниот БДП за 2025 година“.
Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels

