Економија
Интервју со Славчо Таушанов – извршен директор во „Халк осигурување“ АД Скопје
Славчо Таушанов, извршен директор на Халк осигурување АД Скопје, компанија за неживотно осигурување, присутна на македонскиот пазар од 2007 година и дел од Групацијата Халкбанк, ги споделува искуствата и резултатите за работењето во 2021 година и плановите за следната година.
Господине Таушанов, како извршен директор во Халк осигурување АД Скопје, дали сте задоволни со успесите на целите што ги имавте поставено во 2021 година?
Халк осигурување АД Скопје успешно чекори кон целта за да биде една од најголемите осигурителни компании на домашниот пазар, а во 2019 година станавме дел и од Групацијата Халкбанк. Пандемијата продолжи да влијае врз економијата и врз нашиот сектор, но одредени класи осигурување бележат раст најмногу поради нивната специфичност во која се огледуваат ставот и приоритетот на осигурениците кон заштитата на нивното здравје и имот.
Господине Таушанов, од 2019 година вашата компанија напорно работи кон задоволување на потребите на своите и идни клиенти. Кои се резултатите што денес ги има постигнато Халк осигурување АД Скопје?
Како што кажавте, компанијата од 2019 година целосно се стреми кон успешно спроведување и служење на своите клиенти и многу гордо денес можам да кажам дека според последните статистики, Халк осигурување АД Скопје е трета компанија во Северна Македонија за неживотно осигурување покривајќи 31,9 % од пазарот. Тоа ја оправдува нашата напорна работа и нè прави задоволни што клиентите имаат комплетна доверба во нашата работа и во услугите што ги нудиме и што сакаме да станат помногубројни во планската програма. Со тоа нашето портфолио на производи наредната година значително би се зголемило.
Според вашето мислење, кој е клучниот момент со кој ја стекнавте довербата на вашите клиенти и се издигнавте на третото место во Република Северна Македонија за неживотно осигурување?
Халк осигурување АД Скопје е показател за работењето и потврда дека е сериозен, стабилен и лојален партнер на граѓаните, стопанството и, генерално, на целото општество во нашата земја. На 20.10.2021 година се реализираше седмата емисија на хартии од вредност на Халк осигурување АД Скопје, со вкупна вредност од 3.000.000,00 евра, односно 184.953.000,00 денари. Апсолутната вредност на основната главнина по реализацијата на емисијата на хартии од вредност е во висина од 15.500.000,00 евра, со состојба на основната главнина по реализацијата.
Осигурување од различен тип непредвидливи ризици е основа на вашето работење. Кои се плановите кон кои целите во наредната 2022 година?
Пандемијата е момент што придонесе свеста во општеството да добие еден поинаков и поделикатен изглед, а со тоа се подобри и пристапот до здравствените услуги и предноста на полисите за приватно здравствено осигурување. Во иднина, компанијата најавува уште многу други новитети што, пред сè, ќе му служат на општеството и ќе му овозможат безбеден и стабилен живот на секое поле.
Мојата желба во Новата година е секој граѓанин да се почувствува безбедно и со чувство на припадност, без оглед на тоа што моментално општеството, а и светот се соочуваат со сериозни здравствени предизвици.
Ви посакувам многу здравје и успех во Новата 2022 година.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Народна банка: Макроекономските движења се во рамките на проекциите
Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари, ги разгледа најновите макроекономски показатели и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година.
Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат од трговските и од геополитичките тензии.
„Во домашната економија, најновите показатели главно се во согласност со проекциите. Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,8% и е малку над очекувањата, а расположливите високофреквентни податоци упатуваат на раст и во текот на четвртиот квартал. Просечната стапка на инфлација, во 2025 година, изнесува 4,1% и е близу до проекциите. Во јануари 2026 година, девизните резерви забележаа раст и се на ниво коешто, согласно прифатените меѓународни стандарди, е соодветно за одржување на стабилноста на девизниот курс. Податоците од монетарниот сектор покажуваат годишен раст на депозитите од 10% и на кредитите од 13%, во декември 2025 година, што е умерено над проекциите за крајот на годината“, соопшти НБРМ.
Според Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви, во четвртиот квартал од 2025 година, девизните резерви се зголемиле и на крајот на декември достигнале 4.925 милиони евра. Во согласност со инвестициската поставеност, околу 74,2% од девизните резерви се вложени во должнички хартии од вредност, главно во државни обврзници издадени од земји членки на еврозоната, по што следуваат монетарното злато (16,5%) и депозитите и паричните средства (9,3%).
„Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а условите на меѓународните финансиски пазари и внимателниот и врамнотежен пристап кон инвестирањето придонесоа за поволни финансиски остварувања во 2025 година“, се наведува во соопштението од Народната банка.
Економија
Дизелот поскапува
Од ноќеска на полноќ, цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за два денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.
(ПР)

