Економија
Исплатени субвенциите за обележани овци и кози

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ директни плаќања за обележани овци, обележани кози и женски приплодни маторици.
Корисници на мерката за обележани овци се земјоделските стопанства одгледувачи на овци, кои поседуваат најмалку 30 овци од сите категории евидентирани во Регистарот на одгледувачници на овци. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 553,9 милиони денари за 2.664 одгледувачи на овци.
Корисници на мерката за обележани кози се земјоделските стопанства одгледувачи на кози, кои поседуваат најмалку 10 кози од сите категории евидентирани во Регистарот на одгледувачници на кози. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 53,5 милиони денари за 1.439 одгледувачи на кози.
Корисници на мерката за женски прилолдни маторици се земјоделските стопанства, кои поседуваат минимум 6 маторици. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 9,96 милиони денари за 375 одгледувачи на женски приплодни маторици.
„Со силна динамика ја продолжуваме исплатата за мерките за сточарско производство. По исплатите за живинарско производство, денеска ја реализираме и исплатата за одгледувачите на овци, кози и маторици. Дополнително, следува и исплатата за огледувачите на говеда и корисниците што имаат пријавено пчелни семејства“, посочи Бачовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Лукаревска: Од мај поврат на ДДВ од 2.100 денари-Пратениците дадоа зелено светло

Пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица, напиша на социјалните мрежи Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи.
Со оваа измена, како што дополнува Лукаревска, се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје.
„Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата #МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година“, потенцира во напишаното Лукаревска.
Економија
Намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 % во однос на одлуката од 17.3.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,541 %, кај дизелот 1,152 %, кај екстра-лесното масло 1,318 % и кај мазутот има намалување од 2,660 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,077 %.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,50 денар/л, а малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,649 денар/кг и сега ќе изнесува 38,130 денари/кг.
Од 21.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,130 (денари/килограм)
Економија
Бектеши: Дизелот ќе падне под 75 денари, се враќаме на цената од ланскиот февруари

Само за една недела цената на дизелот бележи намалување од 4,5 денари. Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека трендот на намалување ќе продолжи и оваа недела.
„Се враќаме на цената од февруари минатата година, цената на дизелот ќе биде под 75 денари“, вели министерот Бектеши.
Бектеши очекува намалените цени на горивата да ја намалат и инфлацијата.