Контакт

Економија

И во Белгија протести против поскапувањето на горивата

Објавено пред

Движењето на жолтите елеци, кое во Франција организира протести поради зголемувањето на цените на горивото, ги интензивира своите активности и во Белгија, но само во Валонија, која е франкофонска јужна покраина.

Во Белгија, како и во Франција, протестите се организираат преку социјални мрежи и од истите причини, пренесе агенцијата „Хина“.

Според најновите податоци, цената за литар „супер“ достигнала 1,43 евро, во Франција 1,54 евро, а цената на дизелот е 1,54 евро во Белгија, а 1,51 во Франција.

Во Белгија се блокирани три рафинерии за нафта. Демонстрантите преку социјалните мрежи соопштија дека целта е да предизвикаат недостиг од гориво за да се принудат политичките лидери да реагираат.

Според белгиските медиуми, ефектите веќе се чувствуваат бидејќи повеќе бензински пумпи во близина на Лиеж останале без гориво.

Како што е наведено, барањата на белгиските демонстранти се малку пошироки од оние во Франција – граѓаните на земјата се жалат на намалување на куповната моќ и бараат да се намали данокот на додадена вредност на најнеопходните производи, како што се гориво, храна итн.

 

Економија

Цуклев: Прогресивниот данок не прави разлика меѓу вреден професор и некој што поседува викендици и дуќани

Објавено пред

Дали е богат ИТ инженер, универзитетски професор или менаџер во ТИРЗ зона, наспроти група луѓе кои стекнале капитал на различен начин во минатото, праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев, на комисиската расправа во Собранието за воведување на прогресивен данок.

Од опозицијата преку амандмани бараат да не се воведува прогресивен данок, туку да остане рамното оданочување, посочувајќи дека тоа е подобро и за спречување на сивата економија, но и за пофер оданачување.

„Немате мерило кој е богат. Оваа решение не прави никаква разлика помеѓу професор кој заработил со пот 100.000 денари и оној што поседува викендици и дуќани. Велите ќе инкасирате од богатите 25 милиони евра во буџетот по овој основ. Тие пари во 2017 секако беа собрани. Се знае, имаше покачување 15 отсто, за оние кои даваат имот под закуп. Нема никаков фискален ефект“, рече Цуклев.

Пратеникот Цуклев ова го образложи откако беа отфлени двата амандмана, едниот да остане рамен данок, а вториот да не се оданочуваат прогресивно, односно со 18%, доходите кои граѓаните ги заработиле по основ на плати или продажба на земјоделски продукти.

Тој зборуваше дека ова решение негативно ќе се одрази и врз странските инвеститори и врз зголемувањето на вработувањето.

„Ако рамниот данок беше адут во ракавот за привлекување странски капитал, сега веќе го немаме“, додаде тој.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се намалила сиромаштијата при што наведе дека во 2006 имало 434 илјади формално вработени наспроти во 2016 кога се искачил на 590 илјади со рамниот данок. Исто така се намалил и бројот на неформално вработени од 174, на 133 илјади, што покажува дека се намалила сивата економија наведе пратеникот.

За министерот за финасии, Драган Тевдовски, овие тези не се прифатливи и тој остана на ставот дека 1% биле богати во државата со примање од 4.300 евра, наспроти останатите кои според анализите на Министерството за финасии биле со примања меѓу 380 и 280 евра.

Во врска со ова прашање, поднесни се 22 амандмани, најголем дел од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. На комисиската расправа се дебатира по законот за личен доход кој предвидува прогресивно оданочување од 10 на 18 отсто за оние кои оствариле приход од над милион денари на годишно ниво.

Прикажи повеќе...

Економија

Десет гуми како отпремнина од „Гудјир“ во Венецуела

Објавено пред

Работниците на компанијата „Гудјир“ во Венецуела ќе добијат десет автомобилски гуми како дел од отпремнината бидејќи американската компанија го прекина бизнисот во оваа земја.

На црниот пазар во земја каде што има хроничен недостиг на стоки од сите видови, особено се барани квалитетни пневматици.

Многу странски компании се повлекоа од Венецуела поради економската криза и американските санкции.

Претседателот Николас Мадуро ги обвини своите противници и САД дека водат „економска војна” против неговата администрација, потсетува Би-би-си.

„Гудјир” објави дека „донел тешка одлука да го запре производството на гуми” во Венецуела.

Прикажи повеќе...

Економија

Од денеска поевтини горива на бензинските

Објавено пред

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари.

Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,5 денар за литар.

Новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 61,5 денари за литар, додека на еуросупер БС-98 изнесува 63,5 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за
домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 2,5 денари.

Новата цена на дизелот е 58,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,789денари и новата цена изнесува 30,037 денари за килограм.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток22 минути

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија35 минути

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија2 часа

(Видео) Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа2 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет4 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија4 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа15 часа

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија19 часа

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија19 часа

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија21 час

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија21 час

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ22 часа

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Крвав четврток23 часа

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на...

Македонија24 часа

Затворениците од „Идризово“ почнаа штрајк: Бараме амнестија за сите, не само за упадите во Собранието

Затворениците кои одлежуваат казна во затворот „Идризово“ од денеска штрајкуваат со глад бидејќи не се опфатени со законот за амнестија...

Македонија1 ден

Семејствата на убиените кај Смилковско нема да ги слушаат наодите од судската медицина

Семејствата на петтемина убиени кај Смилковско Езеро нема да присуствуваат на денешното рочиште во кривичниот суд каде што ќе бидат...

Свет1 ден

„Не можам да дишам“ – Си-ен-ен објави транскрипт од последните зборови на Кашоги во конзулатот 

„Не можам да дишам”, се последните зборови што ги кажал саудискиот новинар Џемал Кашоги пред да биде убиен, објави Си-ен-ен....

Македонија1 ден

(Видео) Пулмолозите тврдат дека ќе се зголеми бројот на заболени од рак поради загадениот воздух

Алармантните податоци за загадениот воздух, кои покажуваат дека Скопје е еден од петте најзагадени градови во светот, ги вознемири пулмолозите,...

Крвав четврток1 ден

Вељаноски ќе сведочи за 27 април

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска во Основниот суд Скопје 1 е повикан да сведочи за насилниот упад на...

Европа1 ден

Европскиот суд пресуди: Велика Британија може да го откаже брегзит

Европскиот суд на правдата (ЕСП) пресуди дека Велика Британија може да го откаже брегзит без дозвола на другите 27 членки...

Македонија1 ден

(Видео)Макрадули: Почист воздух, ама за две години

Владата најави двегодишен план за справување со аерозагадувањето. Заменик-министерот за животна средина, како раководител на интерресорката група за справување со...

Досие