Економија
Ковачевски: Отворен Балкан не е замена за ЕУ-интеграцијата, но значи можност за економски раст на регионот

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска учествуваше на Самитот во организација на „Македонија 2025“, чија главна тема беше регионалната соработка, со фокус на економијата, иднината на компаниите, работната сила и администрацијата низ иновациите и дигиталната трансформација.
Ковачевски притоа оцени дека регионалната соработка е клучна за пребродување на кризата во која се наоѓаме и дека со оваа иницијатива земји како нашите можат да обезбедат многу поголемо влијание и поголеми перформанси во областа економија.
„Оваа иницијатива по сите основи на економската логика е позитивна, креира поголем пазар на капитал, можности за размена, како и зголемување на БДП на регионот. На следниот Самит во Охрид во јуни очекуваме да ни се приклучат и други земји од Западен Балкан затоа што оваа иницијатива може да донесе бенефит за сите шест земји од регионот“, истакна Ковачевски.
Премерот воедно нагласи дека оваа иницијатива, не е замена за ЕУ-интеграцијата, но дека нашата интеграција во Унијата е заложник на инсистирањето на Бугарија да се зборува за историја и минатото, а не за иднината.
„Тоа не дава бенефит за никого. Зборувањето за теми кои се однесуваат на иднина е позначајно и на таква основа треба да се одвива дијалогот и соработката помеѓу земјите“, истакна Ковачевски.
Подвлече и дека земјите од Отворен Балкан имаат формирано тимови кои работат на заедничка промоција во однос на привлекување директни странски инвестиции, а се работи и на заедничка промоција на туризмот во сите држави и промоција на производите што се поврзани со туристичката дејност или индустрија.
„Во моментот се работи на единствен ИД број којшто оние кои ќе решат својата кариера да ја продолжат во една од трите земји тоа ќе можат да го направат на наједноставен начин преку овој број. Тој важи во сите три држави, без да мора да се бараат работни дозволи на секоја недела или секој месец”, рече Ковачевски.
Тој најави дека регионалната соработка продолжува и во други области, како култура и образование, сé со цел да се намали јазот со ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.