Контакт

Економија

Ковачевски се пожали оти 85 отсто од компаниите не биле џентлменски

Објавено пред

Над 85 отсто од компаниите не го почитувале договорот со Владата со кој добија поевтина струја. Според премиерот Димитар Ковачевски, тоа бил т.н. џентлменски договор дека трговците ќе ги намалат цените на основните производи 10 отсто, а во замена за тоа да добијат помали сметки за струја. Директорот на Пазарната инспекција, Горан Трајковски, рече дека извештаите покажуваат оти трговците не ги намалиле цените.

dobivaj vesti na viber

„ДПИ по насока на Министерството за економија изврши детаљни анализи на сите оние компании што користеа субвенционирана електрична енергија и тој извештај го доставивме до Министерството за економија. Законска обврска немаме ние, има Владата, Министерството за економија, за понатамошно постапување. Според детаљниот извештај, над 85 % не ги почитуваа договорените работи, односно немаше намалување на продуктите од ноември, па и во наредните 4 месеци. Имаше компании што воопшто ги немаа намалено производите, но имаше и компании што ги намалија цените. 85 % не ги почитуваа оние бенефити што ги овозможија Владата и Министерството за економија“, рече Трајковски.

Премиерот Димитар Ковачевски го потврди она што го кажа директорот Трајковски.

„Ние имавме состаноци по сите основи и за сите досегашни мерки од почетокот на корона-кризата до денес со сите стопански комори. И сите вие добро се сеќавате дека на состаноците, што ги имаше министерот за економија со производителите на основни прехранбени производи, организирани во стопанските комори, се договоривме дека Владата ќе обезбеди субвенционирана цена на електричната енергија, а тие преку џентлменски договор ќе ги намалат цените најмалку 10 % на основните прехранбени производи што ги произведуваат. И тоа беше јавно соопштено пред медиумите пред Министерството за економија од министерот за економија и претседателот на Комората на производителите на основните прехранбени продукти. Владата својот дел од договорот го почитува, тоа е џентлменски договор, и ние кога цената на електричната енергија беше над 450 евра, 500 евра за мегават-час, обезбедивме цена на електрична енергија од 80 евра за мегават-час. Тоа е петпати помала цена на електричната енергија. Од извештајот на ДПИ се гледа дека голем дел не го почитувал џентлменскиот договор и направивме дополнителни анализи и во согласност со нив ги донесовме следните одлуки, кои значеа укинување на субвенционираната цена, правење детаљни анализи за структурата на трошоците и финалната цена на производите и првин намаливме дел од цените на основните прехранбени производи и ги замрзнавме на ниво на кое сметаме дека, прво, се покриваат трошоците и, второ, се обезбедува фер заработка и на производителите и на доставувачите и трговците“, изјави Ковачевски.

Поради ова, поевтината цена за електричната енергија за компаниите беше укината.

Економија

Лукаревска: Од мај поврат на ДДВ од 2.100 денари-Пратениците дадоа зелено светло

Објавено пред

Пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица, напиша на социјалните мрежи Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи.

dobivaj vesti na viber

Со оваа измена, како што дополнува Лукаревска, се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје.

„Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата #МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година“, потенцира во напишаното Лукаревска.

Прикажи повеќе...

Економија

Намалување на цените на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 % во однос на одлуката од 17.3.2023 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,541 %, кај дизелот 1,152 %, кај екстра-лесното масло 1,318 % и кај мазутот има намалување од 2,660 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,077 %.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,50 денар/л, а малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,649 денар/кг и сега ќе изнесува 38,130 денари/кг.

Од 21.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 38,130 (денари/килограм)

Прикажи повеќе...

Економија

Бектеши: Дизелот ќе падне под 75 денари, се враќаме на цената од ланскиот февруари

Објавено пред

Само за една недела цената на дизелот бележи намалување од 4,5 денари. Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека трендот на намалување ќе продолжи и оваа недела.

dobivaj vesti na viber

„Се враќаме на цената од февруари минатата година, цената на дизелот ќе биде под 75 денари“, вели министерот Бектеши.

Бектеши очекува намалените цени на горивата да ја намалат и инфлацијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

(Видео) Чаир е на Ахмети и на ДУИ, порача Груби

Демократската унија за интеграција со митинг во Чаир. На митингот присуствуваат лидерот на партијата Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат...

Европа4 часа

Фон дер Лаен: ЕУ и дава милијарда евра на Турција за помош по земјотресот

Европската комисија ќе обезбеди милијарда евра помош за Турција која беше погодена од земјотресот, изјави претседателката на тоа тело Урсула...

Македонија5 часа

(Видео) Градилиште зад Универзалната проголта дел од улицата 9 Мај, инспекцијата третпат направи увид

Дел од улицата 9 Мај зад Универзалната сала во Скопје се одрони и пропадна во градилиште за нова зграда. Градежната...

Македонија7 часа

(Видео) Бизнисмен призна вина во „Империја“, Панделески не го разбира ниту обвинението, брокерот ќе размислува

Еден бизнисмен призна вина на првото рочиште за „Империја“, друг ќе докажува дека е невин, а третиот бараше и доби...

Свет7 часа

(Видео) Моќна порака на кинескиот претседател во Москва: Кина е подготвена да застане зад Русија

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг изјави денеска во Москва дека Кина е одлучно подготвена, заедно со Русија, да го поддржи меѓународниот...

Македонија7 часа

За извозот да не ги поскапи јајцата, Бектеши ќе обврзе првин да се обезбедат за дома

Забраната на извозот на јајца ќе донесе санкции за државата, па затоа не се разгледува како опција, но за да...

Македонија9 часа

Костовски: Грешка беше што ја поддржав Арсовска, сега лично се пресметува со мене

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, по една и пол година признава дека направил грешка што ја поддржал градоначалничката на Скопје,...

Македонија9 часа

Со 4.500 амандмани опозицијата го блокира зголемувањето на платите на судиите и обвинителите

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левицата денес поднесоа 4.500 амандмани со цел стопирање на четирите закони со кои се предвидува зголемување...

Македонија10 часа

Бектеши: Утре замрзнуваат цените за јајцата и оризот, нема поскапување за Велигден и за Рамазан-бајрам

На утрешната седница Владата ќе ги замрзне маржите на оризот и јајцата на цени од почетокот на овој месец. Министерот...

Топ11 часа

Македонецот што загина во сообраќајната несреќа кај Врање имал 25 години, се враќале кон кафеаната поради заборавен телефон

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на улицата Партизански пат во Врање. Како што пишуваат српските медиуми, во несреќата животот...

Македонија12 часа

(Видео) Судир меѓу четири возила на „Партизанска“, вклучени заштитните перничиња: одекна силен удар

Верижен судир се случи на булеварот Партизански одреди во Карпош 4, спроти трговскиот центар „Антико“. Во несреќата учествуваа четири возила,...

Македонија12 часа

Ова е список на најсреќните нации во светот: Македонија најнесреќна во регионот

Финска е прогласена за земја со најсреќна популација шеста година по ред, според Светскиот извештај за среќа објавен денеска. Македонија...

Свет12 часа

Институтот за војна: Руското темпо се намалува, Путин се плаши

Во неделниот извештај Институтот за проучување на војната вели дека можната украинска контраофанзива во близина на Бахмут предизвикува зголемена загриженост...

Свет12 часа

Северна Кореја изведе нуклеарни вежби: ова е предупредување до непријателот

Војската на Северна Кореја изведе нуклеарни воени вежби симулирајќи нуклеарен контранапад на САД и Јужна Кореја. Вежбите ги надгледуваше севернокорејскиот...

Европа1 ден

Украина за доаѓањето на Путин во Мариупол: Криминалецот секогаш се враќа на местото на злосторството

Рускиот претседател Владимир Путин го посети Мариупол, град кој падна во рацете на Русија минатата година по страшното уништување, прикраднувајќи...

Вести1 ден

(Видео) Вучиќ тврди дека немаат обврски кон Приштина: Се надевам ќе има заедница на српски општини, се плашам дека ќе биде потешко од што мислам

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред јавноста објаснуваше зошто ништо не е потпишано со косовската страна. И покрај ова, тој...

Свет1 ден

Германски министер се закани: Ќе го уапсиме Путин ако стапне во Германија

Ќе го уапсиме претседателот на Русија, Владимир Путин, доколку дојде во Германија, изјави германскиот министер за правда Марко Бушман за...

Свет1 ден

(Видео) Путин изведе шоу во Мариупол: Среде ноќ им влезе дома на луѓето, а тие го пречекаа со храна на масата

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на ноќта го посети окупираниот украински град Мариупол, кој руската армија прво го уништи,...

Регион1 ден

Петте клучни точки од вчерашните маратонски преговори меѓу Вучиќ и Курти во Охрид

Последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, чиј фокус беше договорот за имплементација на европскиот предлог за Косово, се...

Македонија1 ден

Грчкиот суд ја отфрли тужбата против Центарот за македонски јазик: „Во иднина да се отворат приватни македонски училишта“

Локалниот грчки суд во Леринско ја отфрлил тужбата против Центарот за македонски јазик. Веста ја потврдија од Обединетата македонска дијаспора...