Економија
Комората до берзата – послушајте го гласот на бизнисот

Првичната иницијатива е испратена од Стопанската комора на Северна Македонија на ден 3.11.2021 година во која покрај одложувањето на примената, се наведува дека процесот на донесување на Кодексот е спроведен без консултација на бизнис-заедницата. Одговор од Македонска берза АД Скопје е добиен на 15.11.2021 година во кој наведуваат дека постојната временска рамка за почеток на примена на Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за котација на Македонска берза, донесена од страна на Одборот на директори на берзата на 20.09.2021 година, и новиот Кодекс за корпоративно управување на котираните друштва на берзата не треба да се менува и дека процесот на донесување на кодексот бил транспарентен и во консултација на котираните друштва.
На овој допис, Стопанската комора на Северна Македонија повторно одговара, но овој пат, со иницијатива потпишана од страна на самите котираните друштва кои имаат обврска за негова примена. Во иницијатива самите компании своерачно потпишани апелираат, укажуваат и бараат одложување на неговата примена од пролетта 2023 година, односно со вградување на соодветната изјава во годишните извештаи за работа за 2022 година. Компаниите со своето потпишување на заедничка иницијатива го потврдуваат фактот дека консултација со бизнис-заедницата во делот на почеток на нејзината примена не е извршена и укажуваат дека работат во исклучително тешки услови на стопанисување, во услови на здравствената, економската и енергетската криза, која наметнува огромни активности и дејствија насочени кон одржување на нивната деловна активност, односно насочена кон одржување и зголемување на нивната конкурентност, продуктивност, настап на странски пазари и сл. и повеќе од потребно е да им се овозможи и излезе во пресрет на оваа иницијатива.
Стопанската комора на Северна Македонија, како најголема бизнис-асоцијација во Република Северна Македонија во функција на застапување на интересите на членовите веќе еден месец и половина, со две иницијативи упатени до Македонска берза АД Скопје укажува, бара и посочува на неодложната потреба од одложување на примена на Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за котација на Македонска берза и на Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза АД Скопје кои се објавија и стапија на сила од 26.10.2021 година и нивната примена да почне од пролетта 2023 година со вградување на соодветната Изјава во годишните извештаи за работа за 2022 година.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.