Контакт

Економија

Компјутерскиот гигант ,,HP” затвора до девет илјади работни места

Објавено пред

Американскиот производител на компјутери Хјулит Пакард (HP) најави затворање на седум до девет илјади работни места за намалување на трошоците како дел од реорганизацијата на работата.
        
Со планираните намалувања на работните места, бројот на работници на HP во светот би можел да се намали за околу 16 проценти. Компанијата се очекува да заштеди околу 1 милијарда долари со намалувањето на персоналот и други мерки за намалување на трошоците.
        
Менаџментот очекува дека реструктуирањето ќе ги чини скапо на краток рок, предвидувајќи до крајот на фискалната 2022 година, милијарди долари за трошоци поврзани со пренасочување на бизнисот.
        
HP лани пријави 55.000 вработени. Во последниве години, тие постојано го намалуваа бројот на вработените. Во средината на минатата година, компанијата објави дека треба да отпушти околу 4,5 илјади до пет илјади вработени до крајот на годината.
        
Во план се и промени на менаџерските позиции, па така Дион Вајслер на 1 ноемри треба да му ја предаде должноста на извршен директор на долгогодишниот менаџер на HP, Енрике Лорес. Компанијата има проблеми поради падот на пазарот на персонални компјутери.По поделбата на поранешниот технолошки гигант Хјулит-Пакард во 2015 година, HP го презеде бизнисот со хардвер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Мицкоски: Економијата е наш приоритет

Објавено пред

Благодарност до претседателот на Македонско-турската стопанска комора за можноста и ние како политичка партија да ги претставиме оние дефинирани политики и проекти коишто планираме да ги реализираме како идна влада во Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„За нас е исклучително важна оваа средба бидејќи според тоа што знае македонската јавност, или па можеби сè уште не знае, факт е дека компаниите што се дел од оваа стопанска комора имаат повеќе од 2 милијарди евра инвестициии, повеќе од 10.000 вработени практично се дел од компаниите што се дел од Македонско-турската стопанска комора. Факт кој сам по себе е импозантен, факт кој  сам по себе значи многу.

Нашата заложба, односите на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со сите стопански комори, вклучувајќи ја стопанската комора помеѓу Македонија и Турција, да се продлабочуваат, да се интензивираат и зошто да не зборуваме за двоцифрени бројки на инвестиции на вложувачи од страна на Турција овде, во Република Македонија и зошто да не зборуваме за 2 до 3 пати повеќе вработени коишто ќе работат во компаниите што се дел од оваа бизнис-асоцијација.

Навистина за мене претставува чест и задоволство што ќе можам денеска да разговарам со искусни претприемачи, бизнисмени, луѓе коишто оставиле забележителна трага на економијата во Македонија. Нешто да слушнеме, дел од тоа што ќе го слушнеме очекуваме да биде дел од нашата програма исто како што слушавме од другите стопански комори каде што, како што кажа и претседателот Ајдован, очекувам  плодна и навистина квалитетна средба денеска на состанокот“, вели Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонија ќе биде првата земја од Западен Балкан што ќе се откаже од употребата на јаглен?

Објавено пред

Македонската влада одобри национална енергетска стратегија што ја прави земјата прва од Западен Балкан која ја разгледува можноста за откажување од употребата на јаглен пред 2030 година, пренесува аналитичкиот сајт „Емерџинг Јуроп“.

Според натписот, две сценарија од стратегијата за откажување од јаглен се проектираат за до 2025 година, а со третото сценарио затворањето на РЕК Битола се одложува до 2040 година.

Како што пренесува „Емерџинг Јуроп“, конечната одлука за тоа по која од овие можни насоки ќе се одвива стратегијата ќе биде донесена подоцна годинава.

Во анализата се наведува дека од јаглен се обезбедува половина од производството на електричната енергија во Северна Македонија во последните години, што само придонесува за хроничното загадување на воздухот во Западен Балкан.

Според натписот, со енергетската стратегија на македонската влада се планира значително да се засили искористеноста на сончевата и ветерната енергија.

Соларен фотоволтаичен капацитет со моќност од 120 MW e планиран на местото на неискористениот рудник во Осломеј, каде наскоро ќе биде затворена застарената електрана, пишува „Емерџинг Јуроп“.

Сајтот нагласува дека операторите на соларната централа планираат да ја користат истата инфраструктура и вработените од електраната.

Прикажи повеќе...

Економија

Спасовски се сретна со германскиот советник за економија Валтер Дефа: Фокус кон имплементацијата на реформите

Објавено пред

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, се сретна со Валтер Дефа, посебен советник за економија на претседателот на Владата, назначен директно од канцеларката Ангела Меркел. На состанокот е оценето дека државата напредува, поздравени се направените реформи и определбата за видливи промени во делот на имплементацијата.

Изразено е задоволство и за определбата на премиерот, на Кабинетот на премиерот и на Владата за воспоставувањето Централна единица за мониторинг во Канцеларијата на претседателот на Владата, со цел поефикасна испорака резултати во делот на клучните економски реформи и е најавена активна помош и поддршка од страна на германскиот советник и неговиот тим.

Констатирана е заеднички важноста од ефикасно воспоставен мерит-систем, со фер шанси за сите. Заеднички е ставот дека во системот на одлучување е потребно поедноставување на процедурите и функционирање на носителите на работни позиции на база на добри проценки за компетенциите на ангажираните кадри, како и преземање одговорност за носењето брзи и квалитетни одлуки.

Премиерот Спасовски изрази благодарност за големата помош и поддршка од германскиот советник Дефа, како и од Сојузна Република Германија во процесот на евро-атлантските интеграции и во делот на економските политики, значајни за квалитетот на живот на луѓето.

„Имаме напредок во сите области и во економијата, но силно сме определени кон примена на праксите што даваат брзи и квалитетни резултати. Покажавме континуитет на реформските процеси. Во периодот што претстои се фокусираме на значителни, позитивни, видливи промени во делот на имплементацијата на законите, усвоени по европски стандарди. Тоа носи резултати во квалитетот на испорака на услугите од институциите кон граѓаните и во квалитетот на живот на граѓаните“, рече премиерот Спасовски.

На состанокот е договорено да продолжи продуктивната соработка со германскиот советник Дефа и неговиот тим и во делот на иновациските политики и smart (паметната) специјализација, како области на модерното време, атрактивни за работа за младите луѓе, а преку коишто е возможна ефикасна имплементација на реформите во сите области значајни за граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија10 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија11 час

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија13 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион13 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија15 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно16 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија16 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион17 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт18 часа

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија19 часа

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет19 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет1 ден

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт1 ден

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет1 ден

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија1 ден

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет1 ден

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа1 ден

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија2 дена

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Досие