Контакт

Економија

Летна промоција во Credissimo – „Колку земаш, толку враќаш!”

Објавено пред

Неограничен број авантури, неограничен број спомени и неограничено уживање со промоцијата на Credissimo – „Колку земаш, толку враќаш!”

dobivaj vesti na viber

Летото е период во кој сите сме креативни, со безброј желби за одмор, уживање и разни авантури. Оствари ги своите летни планови благодарение на неверојатната понуда на Credissimo, која ти овозможува да земеш кредит до 30.000 ден. без камата.

Веќе секој прв и секој следен кредит до 30.000 ден. е со 0% камата и без дополнителни трошоци. Колку земаш, толку враќаш!

Доколку имаш повеќе креативни идеи и желби, можеш да ги оствариш сите!

Како да аплицираш за кредит без камата до 30.000 ден.?

· Испрати барање, целосно онлајн, со пополнување краток формулар на credissimo.mk

· Преку твојот корисничкиот профил

· Преку „чат“ формата на credissimo.mk

· Јави се на тел. 02 511 1010

Кои услови треба да ги исполниш?

· Да си полнолетен

· Да имаш важечки личен документ

Зошто треба да ја искористиш новата промоција?

Одмори се, оди на шопинг, направи си незаборавна авантура или пак посети некоја светска дестинација. Наполни ги батериите за време на летните месеци, собери енергија и мотивација што ќе те водат напред во текот на целата наредна година.

Дефинирај ги своите желби, направи план, аплицирај и започни со уживањето! Одобрувањето е за само неколку минути, а парите веднаш ќе бидат префрлени на твојата сметка.

Кој може да ја искористи промоцијата?

Промоцијата е за нови и за веќе постоечки клиенти и е валидна за продуктот Credissimo до плата.

ПР-текст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Започнува исплатата на субвенциите за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства

Објавено пред

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сточарите дека започна исплатата на субвенциите за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства.

dobivaj vesti na viber

Исплатени се 329.512.000 денари субвенции за обележани грла говеда евидентирани во регистарот за одгледувалишта на говеда до близу 9.700 корисници. Висината на директните плаќања за говеда изнесува 2.800 денари по грло, односно 3.100 денари по грло за земјоделски стопанства со пријавен број за финансиска поддршка од минимум 10 до максимум 50 грла говеда.

Извршена е исплата и на финасиската поддршка за презимени пчелни семејства во износ од 210 милиони денари до 5877 пчелари кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелни семејства. Висината на директните плаќања за презимени пчелни семејства изнесува 600 денари по пчелно семејство, односно 800 денари за оние земјоделски стопанства со пријавен број на пчелни семејства за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства.

„Со донесениот ребаланс на буџетот за 2022 година обезбедиме 2,7 милијарди денари финансиски средства со кои оваа година комплетно ги расчистуваме заостанатите обврски кон земјоделците, а започнуваме и со аванска исплата на земјоделците. Подготвивме план и динамика за исплата кој со реализација започнува од овој месец со исплатата на субвенциите за говеда и пчели. Следуваат исплатите за овци, кози и гоеници. Согласно динамиката до крајот на годината реализирани ќе бидат сите исплати кон земјоделците. Парите се тука, обезбедени и земјоделците ќе ги добијат своите заслужени средства“, информираа од Министерството.

Прикажи повеќе...

Економија

АФПЗРР: Исплатени субвенциите за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства

Објавено пред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директни плаќања за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства.

dobivaj vesti na viber

На близу 9700 сточари се исплатени 329.512 денари за говеда евидентирани во регистарот за одгледувалишта на говеда, а 5877 пчелари кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелни семејства добија финансиска поддршка од 210 милиони денари.

Висината на директните плаќања за говеда изнесува 2.800 денари по грло, односно 3.100 по грло за земјоделски стопанства со пријавен број за финансиска поддршка од минимум 10 до максимум 50 грла.

Висината на директните плаќања за презимени пчелни семејства изнесува 600 денари по пчелно семејство, односно 800 за оние земјоделски стопанства со пријавен број на пчелни семејства за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства.

Агенцијата исто така ја реализираше и исплатата од подмерката од Интервентниот фонд за набавени вештачки ѓубрива за 327 корисници со финансиска поддршка од 7.6 милиони денари.

„АФПЗРР продолжува со подготовка на исплатите за останатите мерки за финансиска поддршка за сточарско производство. Во следниот период со засилена динамика ќе продолжи имплементацијата на програмите за директни плаќања и рурален развој, како и интервентниот фонд како главни механизми за државна финансиска поддршка за агросекторот и домашното производство на храна ” – информира директорот Бачовски.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Калеска-Ванчева: Донесени мерки за заштеда на струја, домашното производство зголемено за 15 отсто

Објавено пред

Со цел што полесно да се помине најтешката зима на енергетски план, Министерството за економија подготви план и препораки „Заштеда на струја за безбедна зима. Овој план е со цел потрошувачката на електрична енергија да се намали за 15 отсто споредено со истиот месец од претходната година, првенствено за да се намалат трошоците за струја, а потоа и електричната енергија да биде достапна секому и секогаш. Електрична енергија оваа зима ќе има доволно, но од секој од нас зависи како и за што таа ќе се користи. И понатаму потребите за електрична енергија на ЕВН Хоум за граѓаните и малите потрошувачи ќе се задоволуваат исклучиво од наше сопствено домашно производство, без увоз на струја, изјави на денешната прес-конференција Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека АД ЕСМ во првите седум месеци од 2022 година произведе за 15 проценти повеќе електрична енергија во однос на истиот период лани. Зголеменото производство се должи на зголемувањето на производството од термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј од 40 отсто, додека целиот план за производство за 2022 година е направен со 20 отсто.

Но и покрај ова важно е сите, од јавните установи и институции, преку приватните компании, па сè до домаќинствата да ја намалат потрошувачката на електрична енергија. Јавните институции и државни претпријатија добија задолженија за намалување на потрошувачката на електричната енергија во периодот од први септември до 31 март 2023 година како што се, да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици. Да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина. Во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени. Јавните институции, во рамките на буџетите, да инсталираат колекторски системи за загревање на вода, доколку тоа е разумно и исплатливо. Јавните институции целосно да го исклучат осветлувањето во излозите во период по работно време. Да се заменат старите светилки со вжарено влакно со компактни флуоресцентни светилки. Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима-уредите во работните простории.

Со почитување на овие задолженија и препораки ќе се намали потрошувачката на електрична енергија, ќе се намалат сметките за струја и нема да дојде до загрозување на редовното снабдување на електричната енергија. Затоа, сите да се водиме од овие препораки во периодот што следува, изјави Ванчева.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Напаѓачот на Ружди: Прочитав неколку страници од неговиот роман, го нападна исламот

Хади Матар – напаѓачот на познатиот писател Салман Ружди рече дека го почитува ајатолахот Хомеини, но не сакаше да каже...

Регион8 часа

Сопственикот на автобусот кој се преврте во Бугарија доби 99 прекршоци и казна од 30.000 евра

Во врска со сообраќајната несреќа што се случи на автопат во Бугарија на 14 август, во која учествуваше автобус од...

Регион9 часа

Курти: Имаме јасна визија, сакаме членство во НАТО

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Брисел изјави дека Косово сака членство во воената алијанса НАТО. „Имаме јасна визија. Сакаме...

Регион11 час

Вучиќ од Брисел: За Србија мирот и стабилноста се од клучно значење, утре ќе имаме тешки разговори

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е во Брисел и денеска се обрати на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО,...

Македонија11 час

Мицкоски: Власта нема поддршка во парламентот за уставни измени и се плаши од избори

„Некако со ковидот немам среќа, пред две години и сега сум заразен со вирусот и тоа ме попречува во мојот...

Македонија12 часа

Бугарските историчари: Она што за нас е буквална вистина, за многу луѓе во Македонија звучи како вистинска револуција

Бугарската вистина ќе биде револуција во Македонија затоа што досега сме учеле сосема други факти во нашите историски учебници. Ова...

Македонија12 часа

Обвинителството започна истрага за грабнатото бебе во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна скопјанка осомничена за кривично дело...

Македонија16 часа

Не е пријатно, но провокации имало секогаш, рече Маричиќ за исвиркувањето на македонскиот јазик на забавата за Рамковниот договор

На вицепремиерот Бојан Маричиќ не му било пријатно кога чул како група граѓани на прославата за Рамковниот договор ја исвиркаа...

Македонија16 часа

Таравари бара формирање техничка влада

Потпретседателот на Алијанса за Албаниците и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари бара итно формирање на техничка влада. Во објава на...

Македонија17 часа

Каде и да сме, мора да бидеме горди дека сме родени во Македонија, порача Стојменова, која стана министерка во словенечката влада

Емилија Стојменова Дух, доктор на науки и вонредна професорка на Електротехничкиот факултет во Љубљана, од неодамна е министерка за дигитализација...

Македонија17 часа

Деветнаесет пожарникари се справувале синоќа со штетите од невремето кое го погоди Неготино

Тринаесет пожарникари со 3 противпожарни возила од ТППЕ Неготино и 6 пожарникари со 2ПП возило и 2 пумпи за испумпување...

Свет18 часа

Шолц: Војната е на Путин, а не на рускиот народ

„Граѓаните на Русија не ја почнаа војната, но мора јасно да кажеме дека ја поддржуваат“, изјави во понеделникот вечерта финската...

Европа18 часа

(Видео) Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот, повеќе од 20 луѓе се повредени

Повеќе од 20 патници се здобиле со изгореници откако скокнале од воз кој бил зафатен од шумски пожар во близина...

Свет18 часа

Жена од Саудиска Арабија е осудена на 34 години затвор поради користење Твитер

Салма ал Шебаб (34) е осудена на 34 години затвор бидејќи користела Твитер за да ги следи неистомислениците и активистите,...

Свет19 часа

Алигатор убил жена откако не сакајќи паднала во езеро додека работела

88-годишна жена е убиена од алигатор откако случајно паднала во езеро додека работела во градината на заедница на постари лица,...

Свет19 часа

Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

Денеска Северна Кореја најверојатно тестирала две крстосувачки ракети кон Жолтото Море, изјави јужнокорејски воен претставник, а пренесува „Јонхап“. Лансирањето се...

Свет19 часа

Бајден го потпиша Законот за климата вреден 430 милијарди долари

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја потпиша сметката од 430 милијарди долари, која се смета за најголем пакет климатски мерки во...

Македонија1 ден

(Видео) Невреме во Неготино – паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили

Големото невреме кое денеска го зафати Неготино зад себе остави паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили. Силниот ветер носел...

Топ1 ден

Скопјанка киднапирала бебе во ГТЦ и со такси го однела во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот...

Македонија1 ден

Вилма Русковска е суспендирана, дисциплинска за уште две обвинителки

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија.  Според информации на „Макфакс“, одлуката е...