Економија
Маричиќ: Преку ИПА проекти за управување со органски отпад ги реализираме целите на Залениот договор

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во серијалот ИПА проекти и искористувањето на европските средства, на својот Фејсбук профил објави дека ЕУ дава финансиска поддршка за управување со органски отпад, бидејќи е важно прашање за заштита животната средина и е една од најсложените области во однос усогласување со регулативите на Европската Унија.
Вицепремиерот Маричиќ се осврна на проектот „Симбиозис“ кој отвори нова страница во управувањето со органскиот отпад во општина Битола, за која отпадот денес е ресурс, бидејќи овој проект, поддржан од европските ИПА програми, овозможи да започне со селективно собирање на органскиот отпад кој нема да го „фрла, туку ќе го преработува и од него ќе добие компост кој ќе го користи како ѓубриво во своите расадници и на јавните зелени површини.
„Следејќи го концептот Индустриска симбиоза, Симбиозис (2018-2020), не е само придобивка во заштитата на животната средина, туку дава и конкретни социјални придобивки за локалните заедници преку подобро искористување на био ресурсите од прехранбената индустрија во корист на општествените активности и создавањето нови работни места, како и подобрување соработката помеѓу секторите и бизнисите во прекуграничната област, а со тоа да се подобрат локалните економии и да се поттикни претприемништвото“, пишува вицепремиерот Маричиќ.
Во продолжение на текстот, вицепремиерот и Национален ИПА координатор вели дека Унијата нè поддржува да ги постигнеме своите еколошки цели и постепено да ги подигаме на ниво на стандардите на ЕУ, со вкупен буџет на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 од 45.470.066 евра, ЕУ и национално финансирање, а скоро половината, 22.735.032 евра се искористени во проекти од втората приоритетна оска-Заштита на животната средина-транспорт.
„Нашиот ангажман, кога станува збор за постигнување на целите од Европскиот зелен договор, е клучен за процесот на европска интеграција и ќе придонесе за поефикасно користење на ресурсите. Наша цел е транзицијата кон чиста, кружна економија и мерките за запирање на климатските промени, истовремено обновување на биолошката разновидност и намалување на загадувањето, ќе ја поддржат економијата и ќе отворат нови работни места“, стои во Фејсбук статусот на вицепремиерот Маричиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.