Економија
Милевски: Со реновирање и реставрирање на „Св. Пантејлемон“ го јакнеме манастирскиот туризам

Повеќе од потребно беше да извршиме реконструкција и реставрација на конаците што некогаш го симболизираа вистинскиот црковен дух и беа парче од манастирскиот мозаик во комплексот „Св. Пантејлемон“ на Водно, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, за време на денешната посета и увид во градежните работи на манастирот.
Предвидено е „Св. Пантејлемон“ и понатаму да остане отворен за посетители.
„За овој проект аплицира локалната власт и ние како Министерство заедно со Бирото за регионален развој одобривме 6 милиони денари бидејќи ‘Св. Пантелејмон’ е дел од нашето културно наследство. Замената на столаријата беше повеќе од неопходна, секако проследена со внатрешно уредување и пренамена на одредени простории, менување на подот, но со задржување на стариот стил, т.е. поставување бродски под, реконструкција на тоалетите и поставување нова електрична инсталација во конакот, нов систем за вентилација, нов противпожарен систем за дојава на пожар, кој е од големо значење за сигурноста и безбедноста на просториите и самиот манастирски комплекс. Со сите овие интервенции ја враќаме автентичноста на внатрешниот простор и секако ќе се задржи автентичноста на надворешниот изглед на манастирскиот конак. Идејата е овој комплекс да се реновира во согласност со насоките од МПЦ и да стане уште едно монашко светилиште, со кое ќе можеме да се претставиме пред туристите што ја посетуваат државата“, порача Милевски.
Во завршна фаза се конзерваторски и реставраторски работи на главниот конак на „Свети Пантелејмон“.
Според Милевски, манастирот, кој во поновата историја беше познат како ресторан каде што се правеа свадби и веселби, сега тежнее да го врати вистинскиот дух на црковен духовен центар во скопската околина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.