Економија
Мицкоски најави нова германска инвестиција за производство на литиумски батерии во вредност од 65 милиони евра и 700 нови вработувања
„Да, веќе утре, по напорна двомесечна работа и отстранување на сите оние недостатоци што се акумулирале во месеците наназад, ќе имаме поставување нов камен-темелник на компанија што доаѓа од Германија“, најави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој информира дека инвестицијата е приближно од 60 до 65 милиони евра, приближно 700 нови вработувања и дека ќе се произведуваат литиумски батерии и додаде:
„Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот, ќе биде намалена разликата, односно дефицитот помеѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува домашниот бруто-производ“.
„Така што, еве, да почекаме до утре, па македонската јавност ќе биде сведок утре“, соопшти премиерот Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска оствари средба со откупувачите и земјоделците во Ресен.
На средбата се говореше за откупот на конзумно и индустриско јаболко.
Од страна на откупувачите и земјоделците беа предложени и идеи како да се подобри ситуацијата со откупот на конзумно и индустриско јаболко пред неговото официјално започнување.
Министерот Трипуновски им вети на земјоделците дека со работа и мерки ќе запре намалување на површините под јаболков насад. Нема веќе да има неоткупено македонско јаболко.
„Работиме преспанското јаболко да остане бренд, а земјоделците од Преспанскиот регион да бидат ценети за она за кое во текот на целата година се вложуваат и напорно работат“, истакна министерот.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и понатаму е против општините водени од СДС на кои не им пречеа унгарските пари
Филипче продолжува да биде против општините водени од СДС на кои не им пречеа унгарските пари, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако опозициската партија обвини дека парите од унгарскиот кредит се кинески.
„Филипче продолжува да биде против капиталните проекти за кои се обезбедени унгарските пари и против бизнисот кој ке се развива преку супер евтини кредити кои ќе се стават на располагање.
Небулозите за тоа дали биле кинески или афрички пари доволно е СДС да поседува елементарна писменост за да дознае. Ваквата состојба на тотална безидејност ја тера СДС да критикува само колку да критикува и постојано да употребува ќорфишеци. Ја разбираме кризата во СДС, но нема да дозволиме со себе да ја повлечат и Македонија“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
Економија
СДСМ: Мицкоски излажа, парите за унгарскиот кредит се всушност кинески
Вчерашните инфомрации во медиумите од истражувањата на реномирани меѓународни медиуми, потврдуваат дека парите за унгарскиот кредит се всушност кинески, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска и го праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зошто ја излажал јавноста.
„Зошто крие кое е потеклото на парите? Зошто крие дека Унгарија всушност се задолжува по понеповилни услови кај Кина за парите кои нас ни ги дава? Тоа е јасен сигнал дека тука има политички интерес. Покрај ова, законот изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници. Не се предвидени јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите“, рече Кузеска.
Како што додаде, власта нема ниту правна држава, транспрентност, отченост, ниту отвореност и враќа начинот на владеење како пред 2016 година.
Според СДСМ, власта се обидува без дебата, без информирање на граѓаните, набрзина да го истурка, како што го нарече, скандалозниот и коруптивен Закон договорен во четири очи уште во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција по скратена постапка.