Економија
Народната банка ги отфрла обвинувањата за стечајот на Еуростандард банка

Народната банка ги отфрла како целосно неточни обвинувањата на Трифун Костовски, еден од доминантните сопственици на Еуростандард банка АД Скопје – сега во стечај, упатени кон Народната банка и нејзиното раководство.
„Народната банка е независна институција и во своето постапување се води исклучиво од законите, кои еднакво важат за сите. Kако регулатор и супервизор на банкарскиот систем, не смее и нема да дозволи банка да работи спротивно на законот, со тоа доведувајќи ја во прашање и стабилноста на целиот банкарски и финансиски систем. Секоја слаба алка во системот мора да се санира или доколку тоа не е можно, мора да се отстрани од системот за да нема негативни ефекти врз преостанатиот дел од финансискиот систем.
Со оглед на тоа што сопствениците на Еуростандард банка не ја исполнија својата законска обврска за докaпитализација на банката, единственото што Народната банка остануваше да го направи за да се заштити билансот на банката од натамошно влошување беше да ја исполни својата законска обврска и да ја укине дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје и на тој начин да им ги стави средствата и имотот на располагање на доверителите“, се вели во соопштението.
Според Нароната банка, на преземањето на ваквата мерка претходела интензивната комуникацијата со сопствениците, во која Народната банка постојано укажувала на сериозноста на состојбата во која се наоѓаше Банката и инсистирала на итна докапитализација потенцирајќи ги јасно последиците од неисполнувањето на нивната законска обврска за санација на банката со дополнителна уплата на капитал.
„Уште еднаш нагласуваме дека во согласност со своите законски надлежности Народната банка ги има преземено сите соодветни мерки, вклучително и законската обврска за поднесување кривична пријава за предизвикување стечај и штета на доверителите на Еуростандард банка АД Скопје, со предлог за преземање и други мерки за натамошна заштита на интересите на доверителите.
Потсетуваме дека како и секогаш досега Народната банка е постојано достапна за одговор на прашањата кои се предмет на интерес на јавноста, а се во нејзина надлежност, притоа придржувајќи се до законската и подзаконската регулатива“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.