Економија
Народната банка: Економијата е стабилна

Економските текови се стабилни, а согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена. Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата предизвикана од Ковид-19 и натаму постојат како во глобални рамки така и во рамките на домашната економија, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.
По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, на последната седница на Комитетот е одлучено таа да се задржи на нивото од 1,5 %.
„Намалувањето на основната каматна стапка до тековното ниво, како и досегашното позначително намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесоа за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата. Со оглед на веќе извршеното олабавување, а при и понатаму присутни ризици, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво како соодветно на тековните економски и финансиски услови. Истовремено, на седницата беше оценето дека ослободената ликвидност од вкупно 15 милијарди денари преку основниот инструмент на Народната банка во април и мај е соодветна, при што се одлучи на аукцијата, што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари“, се наведува во соопштението.
Од Народната банка наведуваат дека последно расположливите показатели за економската активност за третиот квартал посочуваат на забавување на падот во услови на намалување на рестриктивните мерки и приспособување на однесувањето на субјектите на новонастанатите околности.
„Видливо забавување се забележува кај годишните стапки на пад на индустријата, што е во согласност и со закрепнувањето на извoзната активност. Нешто подобри се и остварувањата кај градежништвото, прометот во угостителството и кај трговијата. Показателите за личната потрошувачка и инвестициите исто така упатуваат на одредено закрепнување во овој период. Во однос на проекциите на Народната банка, послабите остварувања во првото тримесечје, како и оцените за продолжен ефект од здравствената криза, упатуваат на надолни ризици за економските изгледи“, заклучи Комитетот.
Во соопштението се наведува дека инфлацијата и во првите десет месеци од 2020 година е умерена и стабилна и во просек на годишна основа изнесува 1 %.
„Структурно гледано, цените на храната имаат најголем придонес во вкупната инфлација, а позитивен е придонесот и на базичната инфлација. Енергетската компонента и натаму се намалува во согласност со поместувањата на светските цени на енергенсите. Остварената инфлација е над проекцијата за 2020 година од 0 % во 2020 година. Во услови на намалување на економската активност и пад на увозните цени ваквите отстапувања укажуваат на влијание на специфични фактори поврзани со пандемијата врз понудата и побарувачката врз цените на одредени производи. Во следниот период и понатаму има ризик од променливост на увозните цени, особено во услови на пандемија“, соопшти Народната банка.
Последните податоци за девизните резерви покажуваат дека тие и понатаму се на соодветно ниво и во сигурната зона.
Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за октомври покажуваат нивен натамошен солиден годишен раст, кој е во согласност со очекувањата.
Во периодот од последната октомвриска седница на Комитетот па наваму, ликвидноста на банкарскиот систем во домашна валута и натаму се зголемува, што придонело за повремена и ниска потреба кај банките за тргување со краткорочни денарски ликвидни средства на пазарите на пари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.