Економија
Николоски: Работиме на зајакнување на соработката со Чешка во економијата и инвестициите

Зајакнување на економската соработка, нови инвестиции и подобро поврзување меѓу Македонија и Чешка е пораката која вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ја упати на Комитетот за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република, што се одржува во Прага.
Тој истакна дека политичките односи меѓу двете држави се на добро ниво, но постојат можности на зголемување на економската и трговска соработка во сегменти на транспортот и инфраструктурата, енергетиката, земјоделието, турзимот и културата и други сектори.
“Денеска имаме еден вид на меѓувладина седница меѓу претставници на двете влади, на Владата на Македонија и Владата на Чешка, со присуство на повеќе сектори и повеќе министерства. Разговараме за економската и политичка соработка меѓу двете држави, добро е што има еден ваков Совет на високо ниво, кој разговара за економската соработка и се надевам дека ќе продолжиме и на средбите што ќе ги имаме во Скопје во текот на следните месеци. Секако, приоритет број еден е економската соработка, ги претставуваме можностите на Македонија во однос на директни странски инвестиции и можноста компании од Чешка да инвестираат во Македонија.
Исто така разговаравме за подобрување на поврзувањето на двете држави во однос на отворање на авионски линии, тука е секако изградбата на инфраструктурата, разговараме за можности чешки комании да се вклучат во инфраструктурните проекти во Македонија и македонски компании да дојдат тука во Чешка да работат.
Тука е соработката и во енергетиката која што е нов предизвик не само за нас тука за цела Европа и се надевам дека оваа добра политичка соработка која што постои меѓу двете држави ќе биде надрградена со една соодветна економска соработка.
Она што е особено значајно е што Чешка става на располагање еден голем фонд кој што е преку нивната државна инвестициска банка која што може да помогне разни компании кои би инвестирале во делот на нивни инвестиции во Македонија или во дел на нивна економска активност, така што се на се сметам дека посетата е успешна. Продолжуваме и во текот на денешниот ден, тука се претставници од многу министерства од Македонија и се надевам дека ќе имаме успешна и плодна работа денеска”- изјави вицепремиерот Николоски.
Во рамки на работната посета на Прага, Николоски оствари средбa и со Мартин Купка, министер за транспорт на Чешката Република.
На средбата се разговараше за реализација на транспортните политики и можноста за соработка меѓу Македонија и Чешката Република во инфраструктурта и транспортот. Вицепремиерот уште еднаш ги потврди приоритетите на Владата за развој на авиосообраќајот и подготвеноста за поврзување на Скопје и Прага преку авиолинија како и можноста за воспоставување на нова авиолинија Охрид-Карлови Вати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.