Економија
Новото „пежо e-expert“ избрано за интернационално комерцијално возило за 2021 година

Новото „пежо e-expert“ беше избрано за интернационално комерцијално возило за 2021 година во четвртокот, 17 декември 2020 година. Оваа награда е доказ за посветеноста на тимовите на „Пежо“ кон остварување на стратегијата за електрификација на брендот.
Новото „пежо e-expert“ е шестото возило на „Пежо“ кое ја добива престижната награда „Интернационално комерцијално возилo за 2021“ од самиот почеток на наградите во 1992 година.
Новиот „пежо e-expert“ е удобен и прилагодлив за да одговара на сите ваши потреби, со широк работен простор што го олеснува секојдневниот живот, технологи од најновата генерација и препознатлив стил.
Овозможувајќи неограничен пристап до централните градски подрачја, новото „пежо e-expert“ овозможува нова понуда во сегментот на компактни комерцијални возила сo 100% електричен мотор.
Совршен пример за моќта на изборот, новото „пежо e-expert“ доаѓа со:
– 2 нивоа на автономија кои обезбедуваат до 330 km (WLTP),
– 3 должини (Compact, Standard и Long),
– капацитет за влечење од 1000 kg и носивост од 1275 kg,
– истиот волумен за товарање како и верзијата со внатрешно согорување, до 6,6 m³.
Задржани се сите оригинални квалитети на „пежо e-expert“ без компромиси и сега со нула емисии.
IVOTY: Под оваа кратенка лежи наградата „Интернационално комерцијално возило на годината“, најпрестижна награда за едно комерцијално возило. Победникот се избира секоја година од гласовите од жирито составено од 25 меѓународни новинари (Европа, Русија и Турција), кои претставуваат 25 медиуми специјализирани во овој сегмент.
Победничкото возило во својата каросерија ќе може со гордост да го носи логото „Меѓународно комерцијално возило на годината“ една година. Оваа награда ја одразува посветеноста на сите тимови кои учествуваа во проектот „пежо e-expert“
Брендот „Пежо“ ја добива оваа награда шести пат од првото нејзино доделување во 1992 година:
– 1994 : PEUGEOT BOXER
– 1997 : PEUGEOT PARTNER
– 2008 : PEUGEOT EXPERT
– 2009 : PEUGEOT BIPPER
– 2019 : PEUGEOT PARTNER
– 2020 : PEUGEOT e-EXPERT
Моќен и впечатлив дизајн, следна генерација на електрични комерцијални возила од „Пежо“
Верен на концептот на брендот за моќта на изборот, новото „пежо e-expert“ го задржува атлетскиот, робустен и нагласен стил од верзиите со внатрешно согорување, надополнет со неколку уникатни карактеристики.
Од надвор:
– Дихроични лавови (метод кој ја менува бојата во зависност од аголот на гледање), напред и назад, кои доаѓаат со опцијата „Pack Look“,
– отвор за полнење на левото предно крило
– специфична средна решетка,
– монограм “e-Expert” на задниот дел
Во внатрешноста:
– аналогна контролна табла со матрица во боја прилагодена на електричниот систем,
– специфична графика за централниот екран на допир со TomTom Traffic 3D поврзана навигација, која сега ги вклучува достапните точки за полнење и опсегот според преостанатата автономија,
– нова автоматска контрола на автоматскиот менувач „e-Toggle“,
– прекинувач за избор на режим на возење за да може да изберете режим на возење:
– Eco (60 kW, 190 Nm): промовира автономија,
– Normal (80 kW, 210 Nm): оптимално за секојдневна употреба,
– Power (100 kW, 260 Nm): ги оптимизира перформансите при транспорт на големи товари
– електрична паркирна сопирачка.
Задоволство при возење и практичност во секојдневниот живот: вештини на следната генерација на електрични комерцијални возила
Новото „пежо e-expert“ комбинира компактни надворешни димензии со максималнa носивост. Батериите се наоѓаат под подот, без никакво влијание врз волуменот на оптоварување. Ова позиционирање, исто така, промовира цврстина, обезбедувајќи задоволство и уживање при возењето, исто како кај верзиите со внатрешно согорување, благодарение на оптималната дистрибуција на тежината.
Возачот на новото „пежо e-expert“ има поголема удобност во сите ситуации, преку специјално прилагодливиот систем за серво управување што го олеснува возењето и со дијаметар на вртежниот круг од 11,3 m (компактна верзија помеѓу крајните точки) и висина на возилото ограничена на 1,90 m (во зависност од верзијата) што гарантира пристап до повеќето паркинзи.
Новото „пежо e-expert“ е достапно во истите верзии како и во врзиите со мотори со внатрешно согорување со цел да ги исполни сите потреби:
– Комерцијални возила (3 должини: компактна 4,6 m, стандардна 4,95 m и долга 5,30 m),
– Длабоки кабини (5 или 6 места, фиксни или преклопни, во стандардна и долга должина),
– Под на кабината (за конверзии на каросеријата, во стандардна должина).
Модуларноста продолжува да ги поставува нови стандардите во сегментот со модуларната клупата со 3 седишта со можност за нивно поклопување.
Капацитетот на влечење останува ист со можност за влечење товар до 1000 kg.
Волуменот на носивост до 6,6 m³ е точно ист како кај моторите со внатрешно согорување, а носивоста до 1275 kg е специфична за електричниот погон.
100% електрична технологија, следна генерација на ефикасни електрични комерцијални возила
Се базира на мулти-енергетската модуларна платформа EMP2 (Ефикасна модуларна платформа), новото „пежо e-expert“ нуди 100% електричен погон со максимална моќност од 100 KW и максимален вртежен момент од 260 Nm достапен од самото стартување за непосредна реакција, без вибрации, бучава, менување брзини, мирис и, се разбира, емисија на СО2.
Новото „пежо e-expert“ е првото електрично возило на „Пежо“ што нуди двоен опсег на автономија. Во зависност од барањата, достапните капацитети на литиум-јонските батерии се од 50 kWh и 75 kWh.
Верзиите (Compact, Standard и Long) достапни со батерија со капацитет од 50 kWh може да достигнат опсег до 230 km според протоколот за одобрување на WLTP (Светски усогласени процедури за тестирање на лесни возила).
Стандардната и долгата верзија исто така можат да бидат опремени со батерија со капацитет од 75 kWh со автономија до 330 km, според истиот протокол за одобрување.
Достапни се два типа полначи за да ги задоволат сите потреби на клиентите и решенијата за полнење, од еднофазен полнач од 7,4 kW како стандард и трифазен полнач од 11 kW како опција.
– од стандарден штекер (8А): за целосно полнење за 31 час (батерија од 50 kWh) или 47 часа (батерија од 75 kWh),
– од засилен приклучок (16A): за целосно полнење на батерија за 15 часа (50 kWh батерија) или 23 часа (75 kWh батерија),
– од кутија за полнење од 7,4 kW: целосно полнење за 7 часа и 30 минути (батерија од 50kWh) или 11 часа и 20 минути (батерија од 75kWh) со еднофазен полнач (7,4 kW),
– од кутија за полнење од 11 kW: целосно полнење за 5 часа (батерија од 50kWh) или 7 часа и 30 минути (батерија од 75kWh) со трифазен полнач (11 kW),
– од јавна станица за полнење: термичката регулација на батеријата овозможува користење полначи од 100 kW и достигнување на 80% наполнетост за 30 минути (батерија од 50 kWh) или 45 минути (батерија од 75 kWh).
Новото „пежо e-expert“ нуди прилагоден одговор за да се задоволат растечките потреби на клиентите.
Возилото ќе биде достапно во PRO и PREMIUM нивоа на опременост, како и ASPHALT (за возачи) и URBAN (за урбана употреба). Секоја верзија може да биде опремена со најнова технологија и помош при возење.
Новото „пежо e-expert“ е веќе достапно во Европа од средината на ноември.
Фабриката за производство, лоцирана во Франција, е целосно оперативна и подготвена да одговори на растечкиот број на нарачки во најбрз можен рок.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
РКЕ предлага проширување на листата на граѓани кои ќе добиваат финансиска помош за сметките за струја

Стартува дефинирањето на принципите врз основа на кои ќе се прошири постојната листата на ранливи потрошувачи со цел да се намали енергетската сиромаштија.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги заедно со Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика и Владата го отпочнаа процесот со кој точно ќе се таргетираат потрошувачите на кои финансиски ќе им се помогне да ги подмират сметките за електрична и топлинска енергија.
„Станува збор за комплексна операција во која треба да се вкрстат податоците на повеќе институции за да се идентификуваат прецизно потрошувачите на кои им е неопходно да им се помогне за да ги подмират сметките за електрична и топлинска енергија со цел да се намали енергетската сиромаштија. Во моментов надоместок за енергетска сиромаштија добиваат корисниците на социјална помош, а РКЕ по препорака на Секретаријатот на Енергетската заедница иницира да се прошири опфатот на ранливи потрошувачи и за таа цел кон крајот на минатата година како што сте запознаени доставивме предлог листа до Министерството за економија која сега сите заедно го разгледуваме детално. Освен опфатот, го разгледуваме и начинот како да бидеме сигурни дека доделените пари се користат за подмирување на сметките за електрична односно топлинска енергија.
Клучно е да се таргетираат потрошувачите за да се намали енергетската сиромаштија“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Регулаторната комисија предлага освен лицата кои примаат социјална помош, дополнително да се опфатат и следните категории на потрошувачи: домаќинства во кои нема ниту еден вработен, кои не се корисници на постојана социјална парична помош и немаат друг извор на приходи; домаќинства кои имаат невработено лице, корисник на паричен надоместок во случај на невработеност од Агенцијата за вработување, кој се движи во висина на постојана социјална парична помош и истиот е единствен приход на домаќинството; домаќинства со повеќе од два члена во кои има еден пензионер што добива минимална пензија (прва група) и истата е единствен приход на домаќинството; домаќинства со повеќе од два члена во кои има само еден вработен со минимална плата, чиј износ се движи во висина на постојана социјална парична помош и нема други приходи во домаќинството; домаќинства кои имаат невработено лице од 1 април 2020 година, корисник на паричен надоместок во случај на невработеност од Агенцијата за вработување, кој се движи во висина на постојана социјална парична помош и во домаќинството има дополнителен приход во висина од минимална плата, заклучно со периодот на тарење на пандемијата.
Економија
Никола Рибароски избран за претседател на Комората на друштва за геодетски работи

На редовно годишно собрание, делегатите го избраа Никола Рибароски за претседател на Комората на друштва за геодетски работи.
По изборот тој истакна дека ќе ги застапува заедничките интереси на членовите на Комората институциите на национално и интернационално ниво, ќе ги чува угледот, честа и правата на членовите и вработените овластени геодети, и ќе се грижи дејност да ја вршат во согласност со матичниот Закон.
Рибароски е дипломиран геод. инжинер и магистер по технички науки на Градежниот факултет во Скопје. Има повеќегодишно искуство во секторот и во изминатиот мандат беше член на управниот одбор на Комората.
„Рибароски делуваше со силни и континуирани заложби за подобрување на условите за работа за геодетските друштва, но и за зголемување на јавните овластувања за геодетите кои се неопходни за либерализација на пазарот и економски раст на секторот“, се наведува во соопштението на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Економија
„Ел-Џи“ размислува да се повлече од пазарот на паметни телефони

„Ел-Џи електроникс“ може да го напушти производството на паметни телефони откако изгуби околу 4,5 милијарди долари во тој бизнис во изминатите пет години, пишува корејскиот бизнис портал „Кореа Хералд“ (The Korea Herald).
Извршниот директор на компанијата, Квон Бонг-сеок, испрати порака до вработените во концернот што навестува дека може да следат големи промени во сегментот на паметните телефони.
„Без оглед на какви било промени во насоката на бизнисот со паметни телефони, вработувањето ќе се одржи, така што нема потреба да се грижите“, рече тој.
„Како што се интензивира конкуренцијата на глобалниот пазар на мобилни телефони, време е Ел-Џи да донесе ладна проценка и најдобриот избор“, рече менаџерот на компанијата.
„Компанијата ги разгледува сите можни мерки, вклучувајќи продажба, повлекување и намалување на бизнисот со паметни телефони“, се вели во соопштението.
Претходно, се појавија информации дека Ел-Џи (LG) можеби се подготвува да ги намали или расклопи своите мобилни единици. Според овие шпекулации, околу 60 проценти од вработените би биле преместени и прераспоредени во други деловни единици во рамките на компанијата или во други подружници на Ел-Џи.
Кога ја презеде функцијата во јануари минатата година, извршниот директор Квон вети дека ќе направи пресврт во бизнисот со паметните телефони.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот