Економија
Нови и неодоливи „Вива“ 100% цедени сокови

Усовршувајќи ја вештината на создавање овошни сокови и пијалаци, „Вива“ го прошири своето портфолио во нова категорија на 100% цедени сокови.
Овозможувајќи им максимално уживање на своите потрошувачи и користејќи ги најквалитетните јаболки и капини од македонско поднебје, новата категорија од еден литар содржи два производа, 100% цеден сок од капина и јаболко и 100% цеден сок од јаболко.
Цедените сокови се 100% природни, без додаден шеќер, вода и конзерванси.
„Со години го усовршуваме исклучителниот вкус и процес на создавање врвен квалитет на секој наш проиозвод. Веруваме дека извонредниот квалитет на новите цедени сокови се должи пред сè на користењето овошја од македонско поднебје, посветеноста и ентузијазмот на нашите вработени, како и на користењето на најсовремената линија за преработка на свежо овошје и зеленчук во регионот. Со менувањето на начинот на живот се бараат и поавтентични производи, а во исто време здрави и полни со витамини кои ни даваат енергија во текот на целиот ден. Токму затоа, новите сокови ги будат убавите спомени на природно подготвените цедени сокови од нашите баби и мајки за секој период од денот”, изјавија од менаџерскиот тим на „Вивакс“.
Новите цедени сокови се достапни во картонска амбалажа со што компанијата е единствена на пазарот којапроизведува цедени сокови во екоразградливо пакување.
Од своите почетоци до денес компанијата „Вивакс“ стана препознатлив бренд по своите премиум „Вива“ овошни сокови и пијалаци наменети за сите генерации, сопствената преработка на овошје и зеленчук и производство на каши, правејќи ја компанијата една од најуспешните компании во регионот и пошироко.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
(Видео) Милевски: РЕК „Битола“ го води принуден управник и произведува политичка струја

„РЕК ‘Битола’ работи со минимален капацитет, со тоа се доведува снабдувањето на струја среде грејна сезона. РЕК ‘Битола’ има принуден управник, в.д. управник, тутор на генералниот директор на РЕК ‘Битола’ или што има? Ова прашање се слуша последните неколку месеци во Битола откако во РЕК ‘Битола’ производството на електрична енергија од ден на ден е сè помало и понеизвесно дали ќе работи РЕК ‘Битола’ или поради немање јаглен, ќе се исклучат сите три блока“, изјави Пеце Милевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Битола.
Според него, човекот за кој се зборува дека е принуден управник е Љубчо Кижевски, помошник-директор за производство на АД ЕЛЕМ Скопје, кој сега е во функција на генерален директор на РЕК „Битола“.
„Кижевски често шета во РЕК ‘Битола’ со придружба на физичко обезбедување за на висок тон да сее страв меѓу вработените со закани за казнувања или бркања. Вработените се сомневаат дека тој однос е последица на неговата нестручност зашто моментниот проблем е немањето јаглен, а принудниот е електроинженер. Но, сега за битолчани остануваат неразјаснети многу прашања: зошто на генералниот директор на РЕК ‘Битола’, Златко Ќурчиевски, кој има над дваесетгодишно работно искуство во комбинатот, му е испратен принуден стручњак, кој никогаш нема работено во РЕК ‘Битола’ и е кадар на РЕК ‘Осломеј’ ,кој не работи повеќе години и секогаш работел полошо од РЕК ‘Битола’ и е пред затворање? Дали Кижевски е испратен од генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Васко Ковачевски, да го контролира Ќурчиевски како директор на РЕК ‘Битола’, како претседател на општинската организација на СДСM во Битола? Дали со присуството на Љубчо Кижевски во РЕК ‘Битола’ се подобри состојбата за производството или резултатот од неговата работа е повторно поплавен рудник, празна депонија и минимално производство на електрична енергија?
ВМРО-ДПМНЕ – Битола како конструктивна опозиција му предлага на генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Васко Ковачевски, поранешен пратеник на СДСM и поранешен претседател на општинската организација на СДСM во Битола, внатрепартиските борби да ги решава во рамките на партијата, а не преку работењето на АД ЕЛЕМ и РЕК ‘Битола’, каде што жртви се стабилноста на енергетскиот систем на државата, вработените и сите граѓани на Република Македонија. Ова ќе го постигне само ако си поднесе оставка на сегашната функција од причина неспособност и комплетно да си се посвети на својата политичка кариера, која изгледа дека е на залезот, а со тоа и на РЕК ‘Битола’ ќе му обезбеди барем посветла и подобра иднина“, изјави тој.
Економија
Цените на бензините остануваат исти, дизелот поевтинува

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95, еуросупер БС-98 како и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што се утврдени со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се намалува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,445 ден/кг и ќе изнесува 31,268 ден/кг.
Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 61,00 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС -98 63,00 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 52,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 31,268 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,099%, дизелот има намалување за 1,215%, екстра лесното масло исто така има намалување од 1,321 %, додека кај мазутот има зголемување од 1,124% .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,740%.
Од Регулаторната комисија за енергетика напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.1.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Економија
Аутлет-акција во „Нептун“ – Голема распродажба по неверојатни цени за огромни заштеди!

Само од 25 до 31 јануари во сите продавници на „Нептун“ има аутлет-акција, голема распродажба на производи од сите категории по неверојатно ниски цени за огромни заштеди!
#АЈДЕ во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење и сушење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.
Акцијата важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN. Не пропуштајте ја оваа идеална прилика за шопинг по супер аутлет-цени на производи од сите категории, АЈДЕ во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите, изберете од најдобриот избор и уживајте во OUTLET понудите!
Покрај оваа аутлет-акција, активни се и многу други промоции во кои има супер понуди! Може да купите Apple уреди со попусти и до 24 рати без камата, LG производи со големи попусти и до 24 рати без камата, Samsung најнови производи на пред-нарачка и попуст, и акции со премиум уреди за големи заштеди.
„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг-опрема, смартфони и ИТ-уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.
(ПР текст)
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот