Контакт

Економија

Од ноќеска поевтинува бензинот „евросупер БС-95“

Објавено пред

Од ноќеска на полноќ поевтинува бензинот „евросупер БС-95“, а цените на „евросуперот БС-98“, „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 0,50 денари и ќе биде 67 денари за литар.

Цената на „евросупер БС-98“ останува 69 денари, а на дизелот 58,5 денари за литар.

Намалување има и кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС за 0,400 и таа ќе изнесува 34,592 денари за килограм.

Цената на маслото за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) останува 58 денари за литар.

Економија

Бектеши од Брисел: Имплементацијата на економско-инвестицискиот план е клуч за заздравување на економијата

Објавено пред

Имплементацијата на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан е клучот за пост-ковид заздравување на нашата економија. Очекуваме многу нови иницијативи и проекти за создавање посилни врски и мрежи со Европската Унија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната средба со еврокомесарот за економија Паоло Џентолини.

Министерот го информираше евроамбасадорот за реализацијата на приоритетните проекти на Северна Македонија во рамки на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан што ќе значат нов стимул за економски раст со фокус на инфраструктура, дигитализација, енергетско и транспортно поврзување.

Заедничкиот став со Европската Унија е дека подоброто поврзување на економиите на Западен Балкан во рамките на регионот и со ЕУ бара силна посветеност од Западен Балкан за спроведување на темелни реформи, продлабочување на регионалната економска интеграција и развој на заеднички регионален пазар врз основа на законодавството на ЕУ со цел да се направи регионот е поатрактивна област за инвестиции, информираат од министерството за економија.

Со планот за обнова и трансформација на европската економија преку Фондот за закпрепнување приоритет ќе бидат инвестиции во зелена економија, дигитализација и пост-ковид закрепнување.

Министерот го информираше евроамбасадорот за приоритетите на Северна Македонија со претседателствувањето со ЦЕФТА оваа година и поставените цели за олеснување на трговијата, транспортот и поврзаноста на земјите од Западен Балкан кои произлегуваат од Берлинскиот процес.

Беше нотирано дека Северна Македонија е пример во Западниот Балкан за напредокот на реформи во царинската политика.

Прикажи повеќе...

Економија

Јацек Олчак, нов генерален директор на „Филип Морис интернешнл“

Објавено пред

На годишното акционерско собрание што се одржа на 5 мај 2021 година за нов генерален директор на „Филип Морис интернешнл“ (ФМИ) назначен е Јацек Олчак, кој досега ја извршуваше функцијата главен оперативен директор. Истовремено Олчак е избран и за член на Управниот одбор. Досегашниот извршен директор Андре Каланцопулос, кој ја извршуваше таа позиција од 2013 година, е избран за претседател на Управниот одбор на компанијата.

При преземањето на функцијата, Олчак се обврза на забрзана транзиција кон производи без чад што започна во 2016 година. Компанијата е фокусирана на развој, научна валидација и одговорна продажба на производи без чад кои се помалку штетни од пушењето, кон целта да се заменат цигарите со овие производи.

„За мене е голема чест и задоволство да го водам ФМИ на патот на забрзана трансформација во компанија што нуди производи без чад. ФМИ е лидер во научна иновација и нашата амбиција е до 2025 година повеќе од половина од нето-приходите да доаѓаат од производи без чад. Нашата долгорочна иднина се заснова на асортиман што постојано го прошируваме. Ќе се потпреме на нашето научно истражување и експертиза и ќе ги примениме нашите колективни вештини и имагинација за да продолжиме со иновации над постојниот опсег и да истражуваме нови области на развој на бизнисот“, изјави Олчак.

Олчак (56) ја започна својата кариера во ФМИ во 1993 година. Прво беше на различни позиции во секоторот за финансии и во генералениот менаџмент низ Европа, вклучително позиции директор на ФМИ за Полска и Германија и претседател на регионот на Европската Унија, пред да биде назначен за главен финансов директор во 2012 година. Тој ја извршуваше оваа функција до 2018 година, кога стана главен оперативен директор. Магистрирал економија на Универзитетот во Лоџ во Полска.

Олчак е еден од главните двигатели на преминот кон производи без чад на компанијата ФМИ, чија продажба започна со лансирањето на IQOS во Нагој, Јапонија, во 2014 година. Под негово раководство како директор за операции, ФМИ го зголеми удделот на производи без чад во вкупните нето-приходи на 28 проценти во првиот квартал од 2021 година и до 31 март 2021 година ги лансираше овие производи на 66 пазари. Тој исто така ја предводеше комерцијалната трансформација на компанија во која потрошувачите се на прво место.

„Како нов извршен директор, Јацек е во идеална позиција да ја реализира визијата за иднина без чад. Неговата потрага по резултати се заснова на страста кон компанијата и нашите вработени, како и на широко познавање на нашите производи, системи, вредности и инвеститори. Убеден сум дека тој е идеален лидер кој гарантира постојан раст на нашата деловна активност и реализација на вредноста за акционерите. Драго ми е што ќе продолжам да соработувам со него, како претседател на Управниот одбор“, рече Каланцопулос.

„Од самиот почеток, Јацек беше еден од предводниците на трансформацијата на компанијата ФМИ кон производи без чад на меѓународно ниво. Неговите способности и експертиза отвораат ново возбудливо поглавје за нашата компанија. Под негово водство, ние го лансиравме минатата година првиот тутунски производ без чад во Македонија и среќни сме што секоја година сè повеќе луѓе стануваат свесни дека има подобри алтернативи од продолжување со пушењето “, рече Иван Костиќ, извршен директор на Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп (ФМТКП).

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Средба Битиќи – Кундурос: Грција е четврти трговски партнер на Северна Македонија

Објавено пред

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција, Русос Кундурос, со кого разговараа за актуелни теми поврзани со економијата, економската соработка помеѓу двете земји и активностите на Република Северна Македонија поврзани со интеграцијата во ЕУ.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека економската соработка помеѓу двете земји е на традиционално високо ниво, при што Грција е четврти трговски партнер на Северна Македонија, како и дека соработката има потенцијал и понатаму да се развива, што е во заемен интерес на двете земји, информираат од кабинетот на Битиќи.

Амбасадорот Кундурос ја истакнал интенцијата на Владата на Грција да продолжи со градење цврсти економски односи и унапредување на билатералната соработка, а притоа го потврдил ставот дека ќе ја поддржи Северна Македонија во спроведувањето на реформите потребни за целосна интеграција на земјата во Европската Унија.

Како една од главните теми за разговор била издвоена соработката во енергетскиот сектор, за кој вицепремиерот и амбасадорот се согласиле дека постои голем потенцијал, ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александрополи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји, со кое Република Северна Македонија ќе добие нов извор за снабдување со овој поеколошки и поевтин енергенс, а со тоа и можност да стане регионален центар за понатамошен транзит и дистрибуција на гасот на земјите од регионот.

Двете страни изразиле согласување дека во периодот кој следи ќе продолжат со интензивна меѓусебна комуникација за унапредување на економските односи помеѓу двете пријателски земји, а со крајна цел обезбедување побрз и одржлив економски раст и подобри услови за живот на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Антикорупциска го добила документ за исплата на 7 милиони и 8 илјади долари за кинески вакцини

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија49 минути

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа1 час

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија1 час

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија3 часа

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион4 часа

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет4 часа

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет4 часа

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет5 часа

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Свет6 часа

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во...

Македонија17 часа

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија22 часа

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија22 часа

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Македонија1 ден

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија1 ден

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет1 ден

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион1 ден

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет1 ден

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Свет1 ден

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат...

Досие