Економија
Оштетените штедачи на „Еуростандард банка“ со иницијатива до Уставниот суд
Оштетените штедачи на „Еуростандард банка“ поднесоа иницијатива до Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на членот 163 став 3 од Законот за банки со којшто се дава предимство за целосна наплата од стечајна маса на банка од страна на Фондот за осигурување на депозити.
Велат дека со наведениот член од Законот за банки се прави нееднаквост и дискриминација на доверителите во стечајна постапка на банка, бидејќи врз основа на оваа одредба се фаворизира побарувањето на Фондот за осигурување депозити наспроти сите други доверители. На овој начин, наведуваат штедачите, во исклучителна подредена позиција се доведуваат граѓаните – физички лица кои имаат депозити над износот на осигурување во Фондот (30.000 евра) и особено правните лица – депоненти за кои не постои никакво осигурување и обештетување при настанување на стечај на банка.
„Имајќи ја предвид актуелноста на прашањето за примена на Законот за банки во делот на водење стечајни постапки преку примената на наведените одредби од законот во стечајната постапка на Еуростандард банка, чија стечајна постапка е на самиот почеток, се бара од Уставниот суд на РСМ да изрече привремена мерка. Со носење на оваа привремена мерка се предлага да се запрат од извршување сите подзаконски акти, поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на наведениот член од Законот за банки до конечната одлука на Уставниот суд на РСМ“, се наведува во соопштението на оштетените штедачи.
Со оглед на итноста за решавање на прашањата поднесени по оваа иницијатива, Здружението на оштетени штедачи на „Еуростандард банка“ се надева и очекува дека ќе ја слушне конечната одлука на Уставниот суд на РСМ во најскоро можно време.
Воедно, оттука известуваат и дека нема да отстапат од нивното барање за целосно обештетување на нивните депозити од страна на државата преку носење закон, уредба на Влада или некој друг правен механизам, за што ја продолжуваат нивната борба за вистина и правда до остварување на конечната цел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22.12.2025 година.
Од 30.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,649 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,042 ден/кг и сега ќе изнесува 33,649 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,908%, кај дизелот за 1,970%, кај екстра лесното масло за 1,282% и кај мазутот зголемувањето е за 5,201%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1801%.
Економија
Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во третиот квартал од 2025 година
Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција, извести Народната банка.
На крајот на третиот квартал од 2025 година:
„На 30.9.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.494 милиони евра (или 27,1% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за 106 милиони евра, или за 2,3%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.

Во текот на третиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 250 милиони евра и изнесува 8.738 милиони евра, што претставува 52,7% од проектираниот БДП за 2025 година“.
Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels

