Економија
„Пакет.мк“ достапен во Куманово, набргу компанијата се шири во цела Македонија

„Пакет.мк“, најголемата платформа за онлајн купување во Македонија, стана достапна и во Куманово. Граѓаните на Куманово отсега преку Пакет.мк може да купуваат храна, намирници, производи за домот и градината, суплементи и производи од аптека, бебешки производи, играчки и детски аксесоари и уште многу други категории производи и да ги добијат нарачките на саканата адреса пред врата уште истиот ден.
„Проширувањето на нашата мрежа и достапноста на нашата услуга се должи на промената на потрошувачките навики и растечкиот тренд кај граѓаните за онлајн купување. Потребата од широк избор во категориите кои ги нудиме и можноста да ги добијат дома, пред врата, го прави Пакет.мк да биде изборот број еден за илјадници домаќинства во Скопје. Овој тренд се јавува како одговор на современото живеење, додека сигурноста во услугата, плаќањето и квалитетот на доставените производи е наш приоритет. Изборот на категории, точноста, брзината, грижата за корисниците и одличните цени секојдневно ја зголемуваат довербата на купувачите во Пакет.мк. Веќе пет години работиме на развој на системот во Скопје, создавајќи ја најголемата и најсофистицираната логистика за е-трговија во Македонија. Како резултат на ова, многу скоро услугата на Пакет.мк ќе биде достапна низ целата држава“, вели Драган Јосифовски, основач на Пакет.мк.
Пакет.мк е водечка е-продавница и најголема платформа за онлајн купување во Македонија. Сите производи нарачани преку Пакет.мк подлежат на посебна гаранција за квалитет и безусловно право на поврат. Пакет.мк има имплементирано највисоки стандарди за квалитет, а носител е и на беџот „Верификуван е-трговец”, од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) со кој се издвојува како регистриран правен субјект кој ги исполнува високите услови за обавување на дејноста е-трговија согласно законските прописи и светските стандарди во оваа индустрија.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Лукаревска: Од мај поврат на ДДВ од 2.100 денари-Пратениците дадоа зелено светло

Пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица, напиша на социјалните мрежи Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи.
Со оваа измена, како што дополнува Лукаревска, се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје.
„Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата #МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година“, потенцира во напишаното Лукаревска.
Економија
Намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 % во однос на одлуката од 17.3.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,541 %, кај дизелот 1,152 %, кај екстра-лесното масло 1,318 % и кај мазутот има намалување од 2,660 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,077 %.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,50 денар/л, а малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,649 денар/кг и сега ќе изнесува 38,130 денари/кг.
Од 21.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,130 (денари/килограм)
Економија
Бектеши: Дизелот ќе падне под 75 денари, се враќаме на цената од ланскиот февруари

Само за една недела цената на дизелот бележи намалување од 4,5 денари. Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека трендот на намалување ќе продолжи и оваа недела.
„Се враќаме на цената од февруари минатата година, цената на дизелот ќе биде под 75 денари“, вели министерот Бектеши.
Бектеши очекува намалените цени на горивата да ја намалат и инфлацијата.