Контакт

Економија

Поевтинуваат бензините и дизелот

Објавено пред

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат 2 денара, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Од таму појаснуваат дека одлуката е донесена поради тоа што престанува да важи уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува Законот за акцизите.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на „евродизел“ (Д-Е V) се намалуваат два денара, на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 13 денари, а цената на мазутот останува иста.

Новата цена на „евросупер БС-95“ е 61 денар за литар, на „евросупер БС-98“ е 63 денари, на дизелот е 52,50 денара за литар, а на маслото е 41,5 денар за литар. Цената на мазутот останува на 30,823 денари за килограм.

„Овие цени ќе важат сѐ до донесување нова одлука. Како што знаете, РКЕ секој понеделник носи одлука за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Доколку во меѓувреме Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акцизите, во кои се вметнати одредбите од уредбта, РКЕ ќе закаже седница и ќе изврши соодветно усогласување на одлуката“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Економија

Сѐ уште не си бил клиент на Credissimo? Ова е вистинскиот момент да им се довериш!

Објавено пред

Credissimo е една од водечките Финтек-структури во небанкарскиот финансиски сектор во Македонија. Компанијата постојано се стреми да нуди нови и современи решенија за краткорочно финансирање на своите клиенти. За последните 5 години, колку што е активна оваа компанија на македонскиот пазар, може да се пофали со повеќе од 100 000 корисници и повеќе од 92 % задоволни клиенти.

Ако досега не си бил клиент на Credissimo, ова е вистинскиот момент да им се довериш!

Во текот на целиот месец, може да аплицираш за твојот прв Credissimo Плус до 30 000 ден. со период на исплата од 3 месеци со 0 % камата. Промоцијата е валидна само за нови клиенти на Credissimo кои немаат одобрен брз кредит и важи во периодот од 01.03.2021 г. до 31.03.2021 г.

Земи го твојот прв бескаматен кредит на рати во 3 лесни чекори:

  1. Поднеси апликација за сума од 6 000 ден. до 30 000 ден. со период на исплата од 3 месеци;
  2. Добиј одобрување за неколку минути;
  3. Парите ги добиваш на твојата трансакциска сметка.

Операторите на Credissimo се достапни да одговорат на твоите прашања во секое време преку чатот на нивниот сајт.

Промотивните услови важат за периодот од 01.03.2021 година до 31.03.2021 година и се однесуваат само за нови клиенти кои ги исполнуваат условите за одобрување кредит Credissimo Плус до 30 000 денари, со рок на враќање до 3 (три) месеци. Кредитните барања се одобруваат согласно ОУ на ФД Кредисимо ДООЕЛ Скопје.

* За одобрен кредит Credissimo Плус на нов клиент, во износ до 30 000 денари, со рок на враќање до 3 (три) месеци, фиксната каматна стапка е 0 % и таа изнесува 0 денари. Дополнителните трошоци при одобрување на кредитот, коишто се дел од стапката на вкупни трошоци (СВТ), за одобрениот рок на враќање изнесуваат исто така 0 денари.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Годишната инфлација во еврозоната во февруари стабилна

Објавено пред

Годишната инфлација во еврозоната остана на 0,9 проценти во февруари, бидејќи порастот на цените на свежата храна, услугите и индустриските добра го надминаа падот на цените на енергијата, покажаа проценките на Европскиот завод за статистика.

На месечна основа, според проценките на Евростат потрошувачките цени се зголемиле за 0,2 проценти.

Цените на свежата храна по овие анализи пораснале најмногу на годишно ниво, за 1,4 проценти.

Следни се услугите, со пораст на цените за 1,2 проценти.

Тежината на инфлацијата и натаму се енергенсите, со пад на цените од 1,7 проценти во споредба со истиот месец лани.

Меѓу членките на еврозоната со најголема годишна инфлација е Холандија, со 1,9 проценти. Следува Германија со 1,6 проценти повисоки цени во споредба со февруари минатата година.

Пад на цените на потрошувачка се забележани во седум земји членки на Унијата.

Предводи Грција со 1,9 проценти пониски цени од февруари минатата година. Следува Словенија, со 1,1 процент пониски цени.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Бесими: Во ковид-кризата реагиравме со брзи и интерветнтни мерки

Објавено пред

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за финансии, Фатмир Бесими, присуствуваа на работна средба во Стопанската комора, на која се разговараше за неколку иницијативи од страна на Комората, усогласување на царинскиот тарифник со ЕУ, анализа на парафискалните давачки и прашањето за холдинг.

Вицепремиерот Битиќи истакна Владата има отворен пристап кон соработката со стопанските комори и дека тие се еден од клучните фактори не само како претставник и застапувач на потребите на бизнис-заедницата туку и како иницијатори и партнери во креирањето политики.

Министерот за финансии, Бесими, посочи дека главен предизвик на Владата и на Министерството во ковид-кризата е да се реагира со брзи и интервентни мерки за да им се даде поддршка на компаниите во справување со кризата предизвикана од глобалната пандемија, креирање мерки за ревитализација на економијата, а во исто време и создавање долгорочни системски мерки за поинтензивен и одржлив економски раст.

Од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, беше истакнато дека соработката и комуникацијата со Владата е на многу високо ниво преку одржаниот голем број работни средби, притоа во рамките на платформата за јавно приватен дијалог се отворени многу стратешки теми, кои чекаа да бидат отворени повеќе од една деценија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Тексас контра Бајден: Ги укина рстрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски. Гувернерот на американската...

Македонија15 часа

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Македонија17 часа

Потврдени 726 нови случаи на коронавирус во Македонија, седум лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 726 нови случаи на коронавирус, 368 оздравени и седум починати лица, соопшти...

Македонија18 часа

Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со...

Свет19 часа

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во...

Топ21 час

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт...

Македонија22 часа

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала...

Европа23 часа

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот...

Свет24 часа

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Свет1 ден

Шок-бомби, кациги и импровизирани шлемови на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активира шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред...

Свет1 ден

Кина им забрани на наставниците да ги тепаат и навредуваат учениците

Кина воведе забрана за казнување во училиштата што може да предизвика физичка и психолошка траума, бидејќи неколку ученици починаа во...

Свет2 дена

Навални, Грета Тунберг, СЗО и Трамп номинирани за Нобелова награда за мир

Приближно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројни горливи прашања низ целиот свет...

Европа2 дена

(Видео) Франција и Германија сега уверуваат дека вакцината на „Астразенека“ е ефикасна

Поради бавниот напредок на вакцинацијата против Ковид-19, со оглед дека има недостиг на вакцини, француските и германските власти се обидуваат...

Свет2 дена

ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за...

Македонија2 дена

234 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Македонија2 дена

(Видео) Oрганизаторите на настани протестираа пред Владата: Наместо да пуштаме гласна музика, една година сме тивки

Со мотото „ПОМЕН – една година тишина“, со транспаренти во рацете „Спасете ја ивент-индустријата“, вработените во продукциските компании за организирање...

Македонија2 дена

Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и...

Регион2 дена

Во Хрватска помалку од 100 новозаразени од коронавирус, од денес попуштање на мерките

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 91 нов случај на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни...

Македонија2 дена

Шекеринска: Можевме да не кажеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека, доколку сакале, можеле да скријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни...

Европа2 дена

Германија ги попушта мерките, се отвораат фризерските салони

Фризерите во Германија од денес ги отвораат салоните по двомесечна забрана, што е уште еден претпазлив чекор кон отворање на...

Досие