Контакт

Економија

Постојан развој: зголемен опсег за OPEL CORSA-e и MOKKA-e

Објавено пред

· Опсегот на Corsa-e и Mokka-e во WLTP-циклусот се зголемува на 359 и 338 km (со А+ пневматици)*

· Продолжување на опсегот преку оптимизација на топлинската пумпа, редукторот и пневматиците

· Opel веќе нуди девет електрифицирани патнички автомобили и лесни комерцијални возила

2019 Opel Corsa-e

Континуираниот развој на Opel Corsa-e и Opel Mokka-e донесе значителни зголемувања на опсегот при возење на двата модели – не само во официјалниот циклус WLTP (Светска хармонизирана постапка за тестирање на лесни возила), туку и при возење во реални услови.

Со едно полнење на батеријата, наградуваниот Opel Corsa-e, кој беше претставен во 2019 година, сега може да помине до 359 km (со А+ пневматици)* според WLTP, што претставува зголемување за 15 km. Опсегот на Mokka-e, којa беше пуштена во продажба во 2020 година и неодамна ja освои награда „Златен управувач за 2021“, се зголеми на 338 km (со А+ пневматици)* (WLTP).

2020 Opel Mokka-e

Зголемувањето на опсегот е постигнато, на пример, преку оптимизација на HVAC (Греење, вентилација, клима уред) и погонските системи на Opel Corsa-e и Opel Mokka-e.

Ефикасноста на топлинската пумпа, која ја загрева и лади внатрешноста и е стандардна опрема кај двата модели, сега е уште поголема од порано. Топлинските пумпи се поефикасни од конвенционалните HVAC системи, бидејќи бараат помалку енергија од батеријата, во корист на опсегот на возење. Клиентите ќе ги забележат подобрувањата особено при возење во зимските месеци.

2020 Opel Mokka-e

Дополнителен придонес во зголемувањето на опсегот имаат новиот редуктор на менувачот и пневматиците од класа А+* 16 инчи (Corsa-e) и 17-инчни (Mokka-e).

2019 Opel Corsa-e

Opel Corsa-e и Opel Mokka-e се дел од сеопфатната офанзива за електрификација на германскиот производител богата со традиција. Opel веќе има девет линии на електрични возила на пазарот – LCV (лесни комерцијални возила) како и патнички автомобили. Портфолиото на возила на брендот ќе биде целосно електрифицирано до 2024 година. Opel целосно ќе се фокусира на електрични возила со батерии во Европа од 2028 година.

*Во зависност од земјата

Opel Corsa-e

(ПР-текст)

Економија

Тренчевска: Со повисока минимална плата вработените ќе имаат поголема продуктивност

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната презентација на студијата за „Минималната плата во Република Северна Македонија и нејзините ефекти врз работење на фирмите“, во организација на Сојузот на синдикатите, поддржана од Фондацијата „Фридрих Еберт“, рече дека анализата доаѓа во вистинско време кога отворено се зборува за зголемување на минималната плата на 18.000 денари.

Таа посочи дека повисока минимална плата која ќе се реализира заедно со социјалните партнери е програмска опрeделба на Владата. Очекува препораките и мислењата на експертите да помогнат во изнаоѓањето усогласени ставови, кои ќе придонесат за носењето на побрза и полесна одлука согласно меѓународните искуства.

„Mинималната плата е комплексно прашање и треба да се разгледува од повеќе аспекти и тоа какo истата влијае на задоволството на вработените, на нивниот животен стандард, нејзините ефекти врз вработувањето, а при тоа треба да се имаат предвид и меѓународните искуства. Со соодветно ниво на минималната плата ќе ги мотивираме вработените да имаат поголема продуктивност при работењето. Оправданоста за утврдување на оптимално и прифатливо ниво на минимална плата е поради тоа што секој работник покрај тоа што бара работа сака да биде среќен и задоволен со исплата на плата која ги задоволува неговите животни потреби. Ние како држава, заедно со социјалните партнери работиме на создавање услови за достоинствена работа за да ги мотивираме нашите вработените да придонесат до поголема продуктивност при своето работење“, рече министерката Тренчевска.

Согласно измените на Законот за минимална плата од 2017 година, минималната плата порасна за 50,7%, односно од 9.000 денари сега таа изнесува 15.194 денари.

Претседателот на Сојузот на синдикатите Дарко Димовски рече дека покачувањето на минималната плата ќе придонесесе за позитивни ефекти на животниот стандард на работниците.

Прикажи повеќе...

Економија

Тренчевска: Експертската поддршка од МОТ во новиот Закон за работни односи е од големо значење

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, оствари средба со националниот координатор на Меѓународната организација на трудот, Емил Крстановски.

На средбата министерката Тренчевска зборуваше за приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, кои се поврзани со заштитата и почитувањето на работничките права и се дел од Програмата за работа на Владата, како и значењето на социјалниот дијалог во општеството.

„Експертската и техничка подршка и помош од Меѓународната организација на трудот и нивното учество во креирањето на законските решенија е од големо значење за нас. Особено сакам да ја истакнам соработката на новиот Закон за работни односи, како и останатите стратешки документи кои се однесуваат на политики и прашања од областа на трудот,“ рече Тренчевска.

Националниот координатор Емил Крстановски се осврна на досегашната соработка и поддршка од Министерството за труд и социјална политика и ја нагласи важноста на членувањето во оваа организација за воспоставување современи стандарди на трудот, кои се и треба да бидат дел од националното законодавство. Како идни активности ги посочи подготовката на новиот план за имплементација на младинската гаранција и подготовка на новата Програма за пристојна работа 2023- 2027 година.

Двете страни го потенцираа значењето на Економско-социјалниот совет, како трипартитно советодавно тело на национално ниво, но и понатамошен развој на локалните економско-социјални совети и поддршката во ратификувањето на конвенциите усвоени од Меѓународната организација на трудот.

На крајот на средбата министерката за труд и социјална политика и националниот координатор на МОТ, изразија подготвеност за понатамошна плодна соработка во интерес на сите засегнати страни во општеството.

Меѓународната организација на трудот е единствена и специјализирана трипартитна агенција на Обединетите нации основана во 1919 година. Оваа организација во рамките на својата структура и функционирање ги вклучува владите, работодавачите и работниците од 187 држави членки, меѓу кои и Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

Продолжен рокот за аплицирање за набавка на системи за наводнување

Објавено пред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделсвото и руралниот развој информира дека за 15 дена се продолжува рокот за поднесување апликации за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површинска вода.

Новиот краен рок за алицирање е 11.2.2022 година ( петок). Новиот рок, појаснуваат од таму, е на барање на заинтересираните апликанти, а агенцијата им има излезено во пресрет со нов рок со цел да можат да ги приберат сите потребни придрни документи кои се бараат на овој јавен повик.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека право за добивање на оваа поддршка имаат сите земјоделци кои се евидентирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

„Сите заинтересирани барањата може да ги поднесат електронски на e– baranje.ipardpa.gov.mk. Максималната сума која може да ја земе поединечно секое земјоделско стопанство за систем за наводнување е до 1.800.000 денари, додека финансиската поддршка за инвестиции во бунари или зафати за површинска вода е до 364 илјади денари по корисник“, информира Бачовски.

Со овие средства може да се набават подземни и надземни системи за наводнување капка по капка, набавка на приклучна опрема (филтри, пумпи, цевки и спојни елементи), опрема за електрична инсталација за снабдување со струја, вклучително и енергетска ефикасност, агрегати или генератори и придружна инсталациона опрема, софтвери за управување и контрола на системот за наводнување, градежни зафати за бунари, изработка на студии и елаборати.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот, а во висина 50 до 70 отсто од вредноста на одобрените и прифатливи трошоци за инвестиции.

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за различни мерки од Програматa за рурален развој. Барателите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред да потпишат договор со АФПЗРР.

Новиот краен рок за доставување на е-барања е 11 февруари 2022 година.

Барањата кои не се поднесени електронски нема да бидат разгледувани, додаваат од агенцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа2 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија3 часа

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа4 часа

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа5 часа

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија18 часа

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија18 часа

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија20 часа

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија21 час

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ22 часа

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија23 часа

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ1 ден

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија1 ден

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ1 ден

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија1 ден

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет1 ден

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија1 ден

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет1 ден

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Свет1 ден

Холандија ги олабавува мерките и покрај силниот бран на инфекции – кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот,...

Свет1 ден

СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 350 милиони

Вкупниот број на потврдени случаи со Ковид-19 ширум светот надмина 350 милиони, додека бројот на починати надмина 5,6 милиони, соопшти...

Досие