Контакт

Економија

Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на турската компанија Шахтерм во ТИРЗ

Објавено пред

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата „Шахтерм“, Фарук Шахин, потпишаа договор за реализација на новата турска инвестиција во Македонија. Со договорот кој го потпишаа во Бурса, се предвидува закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со површина од над 20.000 м2 и изградба на објект со површина од над 13.000 м2. Ова е прва од двете фази на реализација на инвестицијата.

dobivaj vesti na viber

Потпишувањето на договорот следи само 4 месеци по најавата за новата турска инвестиција во земјава. Турската компанија ја зголеми и првично планираната инвестиција од 70 милиони евра на 100 милиони евра. Според деловниот план компанијата во наредните 10 години предвидува отворање на 1000 нови работни места. Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе преставува прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Република Турција.

Потпишувањето на договорот е во рамки на посетата на Турција на делегација на ТИРЗ предводена од Деспотовски во рамки на која е предвидена и презентација на инвестициските можности пред турски компании. На потпишувањето присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасиевски и Џунејт Шенер, потпретседател на бордот на директори на Стопанската комора на Бурса.

Инаку компанијата “Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција.

Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.

Економија

СДСМ: Кредитот од Будимпешта е политички мотивирана одлука, нема финансиска оправданост

Објавено пред

СДСМ со сите институционални механизми ќе се спротивстави на реализација на одлуката за земање кредит од пола милијарда евра од Будимпешта, велат од партијата преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Тврдиме дека оваа одлука ќе ја стави земјата во политичко и економско заложништво на друга држава и нема никаква економска и финансиска оправданост.

Кредитот според досега достапните податоци воопшто не е поповолен од оние кои преку Европската инвестициска банка беа обезбедени за СДСМ за компаниите и стопанството. Наместо кредитирање преку проверени финансиски инструменти кои позитивно ќе влијаат на кредитниот рејтинг на земјата, Мицкоски во четири очи договорил кредит со кој се ризикува соработката со реномирани финансиски институции.

Јасно е дека станува збор за политички мотивирана одлука на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а кои ќе бидат влијанијата на Унгарија преку оваа соработка допрва ќе видиме.

Медиумите во Унгарија веќе шпекулираат дека овој кредит е крајно мистериозен и чуден, ако се земе предвид дека самата Унгарија ги плаќа своите заеми поскапо од кредитот за Македонија.

Во оваа зделка веќе силно мириса на политички договор кој ќе има трајни штети и по стратешките позиции на земјата, но и сериозни финансиски импликации. СДСМ прави детални анализи на достапните податоци и ќе ја разотркие вистината позади оваа одлука на Владата на Мицкоски“,се вели во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Скопскиот аеродром го пречека првиот лет на авиокомпанијата AJet

Објавено пред

Меѓународниот Aеродром Скопје, денес, 13-ти јули, во 13:00 часот, ги пречека патниците од првиот лет на AJet, турска нискобуџетна авиокомпанија, подружница на Turkish Airlines, која сообраќа на домашни летови и меѓународни летови до Северен Кипар, Западна Европа и Западна Азија од нејзината база на Меѓународниот Аеродром Сабиха Гокчен.

dobivaj vesti na viber

Воведувањето на оваа нова редовна авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје што го поврзува Скопје со Истанбул, на која лета AJet, е значајна пресвртница во стратегијата за проширување на AJet, по преземањето и започнувањето со операции од скопскиот аеродром до Бодрум и Анталија, во јуни, со што се зајакнува поврзаноста меѓу Турција и Северна Македонија. Покрај тоа, оваа авиолинија ги подобрува можностите за патување меѓу Скопје и Истанбул.

„Како аеродромски оператор, во ТАВ Аеродроми сме среќни што го означуваме и одбележуваме почетокот на операциите и воведувањето на авиолинијата на AJet на релација меѓу Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул. Покрај проширувањето на портфолиото на мрежи и авиокомпании на скопскиот аеродром, оваа нова можност за патување, односно оваа нова редовна авиолинија, исто така ја збогатува и нашата понуда за патниците кои бараат удобни конекции меѓу Скопје и Истанбул.“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Патниците од Скопје сега ќе имаат уште една опција и можност за посета на Истанбул, живописната метропола која се протега на два континента, Европа и Азија, а поделена со Босфорскиот теснец, додека Скопје со задоволство ќе ги пречека гостите од Турција и ќе им понуди на посетителите патување богато со историја и минато, додека истовремено ја искусуваат неговата сегашност.

„Горди сме и возбудени да го најавиме воведувањето на нашиот нов директен лет од аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул до Меѓународниот Аеродром Скопје. Оваа нова авиолинија не само што ги зајакнува врските меѓу нашите две земји, туку и ја поддржува нашата цел да им понудиме повеќе опции за патување на нашите патници. Во AJet, остануваме посветени на обезбедување прифатлива услуга и постојано подобрување на патничкото искуство за нашите клиенти.“ – изјави Керем Сарп, главен извршен директор на AJet.

Ajet ќе сообраќа на оваа редовна авиолинија од скопскиот аеродром со 4 неделни фреквенции, или секој понеделник, четврток, сабота и недела. Времето на поаѓање од аеродромот Сабиха Гокчен е во 11:30 часот, со време на пристигнување на скопскиот аеродром во 13:00 часот, додека поаѓањето од Меѓународниот Аеродром Скопје е во 14:00 часот, а времето на пристигнување на аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул е во 15:30 часот. (*Сите дадени времиња се по локално време во Скопје.)

Авиобилетите се во продажба на веб сајтот на AJet. За резервација на авиобилети и за повеќе информации за летовите на AJet, посетете го официјалниот веб сајт на AJet.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, ја заврши првата половина од 2024 година, или периодот од јануари до јуни со вкупно 1.458.299 патници кои патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид, што означува пораст од 9% споредено со истиот период во 2023 година. Во однос на бројот на летови, во 6-те месеци од 2024 година реализирани се 11.843 летови, или 15% повеќе од 2023.

Прикажи повеќе...

Економија

Халкбанк ја доби наградата STP AWARD 2023 од Комерцбанк

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје е добитник на „STP AWARD 2023“ – награда за извонредност во испораката на комерцијални плаќања и трансфери на финансиски институции во текот на 2023 година. Ова престижно признание го доделува Комерцбанк, една од водечките меѓународни деловни банки во Европа.

dobivaj vesti na viber

Клучни критериуми за добивање на оваа награда, што се доделува на внимателно селектиран број деловни банки, се вкупниот број на успешно извршени трансакции и високото ниво на прецизност и усогласеност на СВИФТ пораките со меѓународните стандарди.

Халкбанк посветено работи на обезбедување на висок степен на ефикасност и прецизност во обработката на плаќањата, што е препознаено и наградено од страна на Комерцбанк.

Преку континуирани инвестиции во обука и размена на знаења со светски реномирани финансиски институции, Халкбанк се стреми да ги унапредува услугите што ги нуди на своите клиенти, како и да воведува нови и иновативни.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Патувањето на синот на Мицкоски не ја чини ништо државата, тој не е дел од делегација, СДС падна ниско штом меша деца

СДС се спушти на многу ниски гранки чим си дозволи брутално да ги меша децата и најблиското семејство на премиерот...

Македонија3 часа

Петровска: Мицкоски си го зел синот во делегацијата во САД, првото владино патување го претвори во семејно

Пратеничката Славјанка Петровска и поранешна министерка за одбрана од СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека на првото, официјално, владино...

Свет4 часа

20-годишниот Томас Метју Крукс е атентаторот на Доналд Трамп, Тајаната служба го застрела

ФБИ го потврди идентитетот на атентаторот кој пукаше во Доналд Трамп како Томас Метју Крукс од Пенсилванија. 20-годишниот од Паркот...

Свет10 часа

Бајден: Се молам за Трамп и неговото семејство

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „благодарен“ што неговиот ривал Доналд Трамп е безбеден по пукањето на митинг во...

Свет10 часа

(Видео) Пукање на митингот на Трамп, поранешниот претседател изнесен раскрвавен, двајца мртви

На митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија одекнаа истрели, објави Си-ен-ен. Поранешниот претседател и веројатен републикански претседателски кандидат во ноември...

Македонија15 часа

За само 12 дена во Македонија имало 173 поголеми пожари на отворено

За само за 12 дена, од почетокот на месец јули имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери....

Топ18 часа

40-годишникот им дал да пијат лекови во комбинација со алкохол – детали за случајот со децата кои завршија на Токсикологија

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 40-годишниот Д.Ѓ. во чијашто куќа беа најдени четворицата малолетници, од кои две...

Македонија1 ден

Стабилна е состојбата на тинејџерите кои беа најдени без свест во куќа во Скопје, користеле психотропни супстанци

Стабилна е состојбата на четворицата малолетници кои беа најдени без свет и со повреди по телото во куќа во Скопје....

Култура1 ден

Со спектакуларен настап на светски познатиот виолинист, Џулијан Рахлин, и Македонската филхармонија отворен е фестивалот „Охридско лето“

Литванскиот виолинист со светско реноме Џулијан Рахлин и Македонската филхармонија вчеравечер на Античкиот театар приредија незаборавна вечер за публиката на...

Македонија1 ден

Патничка јавно и’ се заблагодари на Македонка која и’ го спасила животот на пат кон Грција: „Застана со автомобилот и ми пружи прва помош“

„Сакам јавно да се заблагодарам на една исклучителна личност која ми го спаси животот во моментот кога ми требаше итна...

Македонија1 ден

(Видео) Со „ер тракторите“ ќе се гаснат пожарите кај Серта и бугарската граница, цела ноќ пожарникарите се бореа со огнот кај Неготино

Три ер трактори ќе полетаат во 10.00 кон пожарот на Серта а околу 15.00 ќе се упатат кон пожарот на...

Македонија1 ден

Семејство тврди дека нивното бебе било тепано на Педијатрија, Таравари најавува одговорност ако е вистина

Семејството на тримесечно бебе тврди дека детето било тепано на Клиниката за педијатрија. Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека...

Македонија2 дена

Не бил киднапиран, ниту се самозапалил: полицијата го расчисти случајот со наводно киднапирање и самозапалување на момче од Скопје

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан за кој на 04.07.2024 околу 00.30 часот беше пријавено дека во индустриска зона...

Топ2 дена

(Видео) Тешка несреќа кај Хиподром

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на излезот од Скопје, кај Хиподром. Автомобилот е речиси смачкан и се наоѓа покрај...

Македонија2 дена

Само три жени во Владата на Мицкоски значат итна потреба од субвенции за повеќе сервиси за чистење, готвење и пеглање

Владата на Христијан Мицкоски, со само три министерки, ја врати земјата децении наназад во напорите за родово изедначување. Активистите за...

Македонија2 дена

Се укинува балансерот – министерот Минчев вели дека имало злоупотреби во минатото

Укинување на балансерот најави министерот за јавна администрација, Горан Минчев, соопштувајќи дека оваа дигитална алатка во минатото била предмет на...

Македонија2 дена

Марија Срцева ќе раководи со ТОАРИЛУЦ, Берат Лена со Нефрологија во Струга, именувани нови медицински директори

Министерството за здравство информира дека министерот, д-р Арбен Таравари, денеска именува нови в.д. медицински директори на неколку јавни здравствени установи...

Македонија2 дена

(Видео) Кривична против Иљази, ја оштетила Токсикологија за речиси 660 илјади денари

Денеска, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Единица за корупција, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична...

Македонија2 дена

Мицотакис ги информирал колегите од НАТО дека Мицкоски дома не употребува Северна, во Вашингтон бил примерен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на прес-конференција за грчките медиуми на самитот на НАТО во Вашингтон рече дека премиерот...

Македонија2 дена

(Видео) Лажна кампања на платформи за тргување со криптовалути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови

Секторот за компјутерски криминал алармира за зачестена појава, каде што непознати лица преку социјалните мрежи или преку своите приватни имејл-адреси...