Економија
Потпишан договор за фитосанитарна соработка со Албанија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, и министерот на Република Албанија, Бледи Чучи, го потпишаа договорот за фитосанитарна соработка. Со овој договор Макeдонија и Албанија прават чекор напред во соработката за размена на земјоделски производи.
Хоџа го пофали потпишувањето на договорот, кој следува по претходните создадени олеснувања меѓу двете земји за движење на луѓе само со лична карта.
„Тоа е многу важен чекор кон отстранување на бариерите на граничните постојки, особено за производи што имаат многу краток рок на траење, кои во минатото чекале дури до 48 часа на царински пунктови. По отворањето на границите, како и движењето само со лични карти, ова е следниот чекор, кој е многу важен кон создавање заеднички пазар и понатаму интеграција на двете земји во Европската Унија“, рече министерот Арјанит Хоџа.
По потпишувањето, албанскиот министер Чучи оцени дека овој договор е многу важен за создавање потполно бесплатен коридор за циркулација на земјоделски производи во двете земји и чекор понатаму кон стратешката иницијатива на т.н. балкански шенген за развој на нашиот регион.
„Овој договор овозможува пратката на земјоделските производи што оди од Албанија во Северна Македонија или обратно, да оди слободно, да нема потреба од дополнителни гранични анализи. Фитосанитарниот сертификат на Албанија ќе биде признаен за нашите производи и за земјоделските производи на Северна Македонија ќе биде признаен фитосанитарниот сертификат на оваа земја“, рече албанскиот минисер Чучи.
За време на состанокот, двајцата министри најавија почеток на разговори за два договора важни за двете земји – договорот за заедничко одржливо управување со риболов на Охридското Езеро и Голема Преспа, како и договорот за трговија со добиток и производи од животинско потекло, кои ќе бидат потпишани по финалната дискусија на техничко ниво меѓу страните и финализирање на нацрт-верзиите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.