Економија
Правилниците од планот за економски раст на владина седница

На седницата на Владата што ќе се одржи денеска, меѓу другите точки на дневен ред, ќе се најде и информацијата за правилниците за мерките од планот за економски раст на Владата – столб 3, соопшти владината прес-служба.
Донесувањето на овие правилници по предлог на Фондот за иновации и технолошки развој е поврзано со реализацијата на среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година. Од Владата велат дека со овие правилници ќе се овозможи и почеток на имплементација на мерките од третиот столб од планот за економски раст на Владата, односно се создаваат услови за започнување на постапката за доделување финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија.
На оваа седница на Владата ќе биде разгледана и информацијата за правилникот за општите и посебните барања за безбедност на храната во однос на максимално дозволените нивоа на резидуум од пестициди во или врз храната и храната за животни од растително и од животинско потекло. Владата на РМ на оваа своја 64. редовна седница ќе го разгледа и конечниот извештај за извршена ревизија на успешност, односно ефективност на единиците на локалната самоуправа во годишното планирање и реализација на годишниот план за јавни набавки.
По предлог на канцеларијата на претседателот на Владата на оваа седница ќе се разгледа предлог-иницијативата за формирање национално координативно тело за изедначување на правата на лицата со попреченост во Република Македонија при Владата на Република Македонија.
Министрите во Владата на оваа седница ќе ја разгледаат и информацијата за потребата од подготовка на детаљна длабинска анализа на компании во државна сопственост.
По предлог на Министерството за образование и наука на оваа седница ќе биде ставен на разгледување предлог-законот за поддршка на младите при купување музички инструменти, како и информацијата за добивање одобрение за почнување постапки за јавна набавка за склучување повеќегодишни договори за изградба и надзор над изградба на ново училиште во место Љубош во општина Студеничани.
Министерството за здравство за оваа седница ја подготви информацијата, со акциски план, за проектот „Реконструкција на ЈЗУ Општа болница – Струмица“, како и информацијата, со акциски план, за проектот за изградба на регионална Клиничка болница – Штип.
На 64. седница на Владата ќе биде разгледана и информацијата за донесување национален акциски план 2018-2020 за спроведување на стратегијата за родова еднаквост 2013-2020 по предлог на Министерство за труд и социјална политика, како и информацијата за постапување по предметите за помилување во 2017 година, што ја подготви Министерството за правда.
На 64. седница на Владата на РМ, која треба да почне во 12 часот, ќе бидат разгледани и повеќе други точки од планот за работа на Владата и од интерес на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.