Контакт

Економија

Протести на албанските трговци

Објавено пред

Малите трговци во Тирана и неколку други градови во Албанија денеска протестираа со затворање на своите дуќани поради најавените нови даноци за оваа категорија фирми.

Повикот за протести доби силна поддршка од опозицијата така што според албанските медиуми протестот особено доби силна поддршка од трговците во Тирана, Фиер, Драч, Корча, Скадар и Берат.

Голем е бројот на трговците кои 11 до 12 часот ги затворија своите дуќани, и притоа побараа од Владата на Еди Рама намалување на даноците.
Медиумите јавуваат дека во Драч, каде што протестот имал најголема поддршка, е побарано оставка на премиерот Еди Рама бидејќи  неговата влада е највиновна за тешката состојба на малите бизниси.

Економија

Заев: Изградбата на меѓусистемска гасна врска Петрич-Струмица е сериозен потенцијал за развој на земјата

Објавено пред

Интерконекторот (меѓусистемска гасна врска Петрич-Струмица) е една голема визија, на поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, но и на гасификација на целиот Југоисточен Регион на нашата земја, согласно националните стратегии и еден од стратешките приоритети на нашата држава, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев, во своето обраќање на тркалезна маса за формирање на регионален енергетски пазар преку подобрување на енергетската поврзаност помеѓу Северна Македонија и Бугарија, во организација на Македонско-бугарската стопанска комора и Бугарско-македонската-трговско индустриска палата.

Заев рече дека преку Национални енергетски ресурси се развива целосно националната гасоводна мрежа којашто во моментот од Скопје е пуштена до Штип и до Клечовце и истовремено продолжува до Неготино, Кавадарци, Прилеп и Битола, додека вториот дел е поврзувањето од Скопје, до Тетово, Гостивар, а од следната година ќе продолжува кон Кичево.

„Целта е овој прстен целосно да го затвориме и во југоисточниот дел на државата да се изгради еден интерконектор, кој ќе направи поврзаност на гасоводот со гасоводната мрежа која оди Софија-Грција, покрај Благоевград, Сандански и Петрич, каде што треба да донесеме гасоводен систем кон Струмица и Струмичкиот Регион, за да може да биде поврзана на националниот гасовод, но и за развој на системите за национална гасоводна мрежа“, објасни Заев.

За споредба, премиерот го посочи потенцијалот на струмичката котлина, која само за извоз произведува раноградинарски земјоделски производи во вредност од 130 милиони евра. Со евтин енергенс, кој ќе придонесе тоа да се постигне за еден или два месеца порано, тоа значи голема конкурентност на тие земјоделски производи, сериозен потенцијал за профитабилност и одржлив развој на драгоцената дејност – производство на храна.

„Од лесната до тешката индустрија, целиот регион е сериозен потрошувач и потенцијал за користење на природниот гас. Во Струмица во моментот има приклучени на природен гас повеќе од 350 домаќинства, 17 фабрики, сите детски градинки, училишта, сите индустриски зони и гасоводната мрежата од 2010 година функционира одлично и тоа преку компресиран гас. Замислете колку би бил потенцијалот ако имаме гасоводна цевка“, компарираше премиерот Заев и додаде дека ваквиот проект е од стратешко национално значење бидејќи дава можност за втор извор на енергија и можност за поврзување со ТАП (Trans Adriatic Pipeline) и се обезбедува стабилен прилив на гас за Република Северна Македонија и за сите нејзини корисници.

Во своето обраќање Заев ги наброи и Коридорот 8 – железничката пруга, во вредност од 607 милиони евра и експресниот пат Куманово-бугарска граница во вредност од 60 милиони евра, работата на граничните премини во Клепало кај Берово, и Симитли, како огромни инфраструктурни проекти коишто треба да ја направат поврзаноста помеѓу Скопје и Софија, многу побрза, поефикасна и попримамлива.

„Последните две и пол години нашата земја е пријател со сите свои соседи, но Бугарија го презеде првиот чекор, ја подаде раката тогаш кога беше најтешко и сега ние, најмалку што треба да направиме за да возвратиме, е да ја зголемиме нашата соработка од секој аспект, а секако најпосакуван за сите е економскиот. Затоа што тој е опиплив, се вреднува, значи стандард, поголем квалитет на живот на граѓаните од двете страни на границата“, рече премиерот Заев и додаде дека ваквите иницијативи се добредојдени бидејќи значат унапредување на економската соработка помеѓу двете земји, за да се постигне посакуваната 1 милијарда евра трговска соработка, којашто, како што рече премиерот Заев е возможна само преку бизнисот.

Тој на крај ја искористи можноста да ги охрабри сите претставници на бизнис-секторот да го искористат потенцијалот на одличната и огромната соработка помеѓу двете земји, кој постои и ќе трае низ годините.

Прикажи повеќе...

Економија

Отворена фабриката „Кранфилд фаундри“ во Пробиштип

Објавено пред

Фабриката „Кранфилд фаундри“ од денеска почнува со работа. Сместена е во Пробиштип, во индустриската зона Неокази, а ќе произведува и обработува одливки од сиво и нодуларно железо.

Премиерот Зоран Заев рече дека сопственикот има намера да вложи дополнителни 15 милиони евра за експанзија на компанијата во нови капацитети и производи.

„Тоа ќе го зголеми бројот на нови работни места во фабриката и претставува огромен придонес за општината и регионот. Од сегашните 58 вработени, вкупниот број планирани вработувања кога целиот инвестициски проект ќе заврши, ќе изнесува 300. Тоа е сериозна шанса за граѓаните, за младите од општината, кои со овие перспективи на ‘Кранфилд фаундри’ добиваат реални можности да се школуваат, да се остручуваат и да се вработат дома, во своите родни места. Уште една голема причина за тоа е и просечната плата во „Кранфилд фаундри“, која денеска е повисока од просечната плата на државно ниво со потенцијал за уште поголем раст“, нагласи Заев.

„Кранфилд фаундри“ е компанија за производство и обработка на одливки од сиво и нодуларно железо, која употребува исклучително само електрична енергија. Во процесот на работа, рече Заев, строго е забрането употреба на суровини што содржат штетни материи за да може да се испорача производ што ги задоволува сите стандарди за квалитет, безбедност и заштита на животната средина.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, рече дека иако договорот со „Кранфилд фаундри“ е потпишан во 2015 година, сè до 2018 година бил заглавен во административните лавиринти кога бил склучен нов анекс-договор во согласност со Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Прикажи повеќе...

Економија

„Конект“ ги додели признанијата за одговорен бизнис „Мамфорс стандард“

Објавено пред

На Денот на одговорните бизниси, што денес се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите, им беше оддадено признание за посветеност на унапредувањето на човековите права во бизнисот на компаниите што применуваат добри практики и заштита на човековите права. Ним им беше врачено признанието „Мамфорс стандард“, алатка за родова рамноправност.
Компаниите „Алкалоид“, ЕВН,„Интерпартес“, Novomatic group of companies МК и Прилепската пиварница, „Фармахем“ и цементарницата „Усје“ добија признание за посветеност на унапредувањето на човековите права во бизнисот.

„Наградата ја воспоставивме за да укажеме на значењето на почитувањето на човековите права во бизнисот и да ја зајакнеме посветеноста на нашите компании во оваа насока. Очекуваме воспоставените критериуми да им укажат на компаниите како поефективно да ги насочат своите политики и практики за да се усогласат со водечките принципи за бизнисот и човековите права на ОН и со целите за одржлив развој. Денес, речиси сите компании вработуваат работници, имаат доставувачи и деловни партнри од странство, вклучително и од земји со ниско почитување на човековите права. Тие нудат многубројни производи и услуги и потребно е да знаат како да се осигурат дека тие нема да бидат злоупотребени за нарушување на човековите права. Поради тоа, креиравме пакет за поддршка на компаниите, кој ќе им помогне да ги идентификуваат клучните ризици во нивната компанија во однос на човековите права и да вградат политики и мерки што ќе осигурат дека ризиците нема да се реализират“, рече Никица Кусиникова, извршна директорка на „Конект“.

 

 

 

 

 

 

 

На настанот стана збор за тоа како бизнисите влијаат на човековите права, без разлика каде се и какви се поединостите на нивното работење. Беше заклучено дека тие имаат одговорност да ги почитуваат човековите права во сите сегменти од своето работење од работните. Компаниите што само декларативно се придржуваат кон овие обврски ризикуваат да изгубат бизнис.

За спроведување на стандардот „Мамфорс“ признанија добија компаниите „Коузон“, „Фармахем“, „Реплек“, „Овејшн и Лион“ од Свети Николе. Стандардот е алатка за родова еднаквост и на компаниите им овозможува да ги надградат практиките во доменот на семејната одговорност. На компаниите признанијата им ги додели иницијаторката на проектот „Мамфорс“, Дијана Кобас-Дешковиќ од Хрватска, и ги запозна присутните како родовата рамноправност е важна за успешен бизнис.

„Меѓународните истражувањата покажуваат дека жените не се доволно застапени на пазарниот труд, ги нема на менаџерските позиции и покрај тоа што се образовани, што значи дека како општества губиме неискористен потенцијал. Економските анализи покажуваат дека до 2050 година, доколку се имплементираат стратегии што тргнуваат од родовиот елемент, БДП на ЕУ ќе се зголеми 9,6 отсто.“ истакна Кобас-Дешковиќ.
Стандардот „Мамфорс“ во Северна Македонија го имплементира „Конект“. Процесот на имплементација се спроведува преку ревизија на компаниите во кои се испитуваат работните услови на вработените со посебен акцент на приспособувањето на работните услови на родителите со мали деца (работно место, работно време, дополнителни сервиси, поддршка од компанијата и колегите), можност од постепено враќање од породилното отсуство (скратено и флексибилно работно време, работа од дома, повремена работа од дома, можност за отсуство поради болест на дете), како и можност за понатамошно усовршување, напредување и родова еднаквост на највисоките управувачки позиции.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија6 часа

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Топ9 часа

Возило излета од патот кај Дебарца и удри во пешак и паркирано возило

Синоќа на магистралниот пат Кичево – Охрид, во атарот на селото Радомирово, општина Дебарца, патничко возило управувано од Љ.В.(46) од...

Македонија10 часа

Се укинува законот за зелените пазари

Со 50 гласа пратениците го подржаа предлогот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој побара по скратена постапка да престане...

Македонија10 часа

Манчевски: Префрлањето на администрацијата во приватниот сектор нема да биде политички отстрел

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека до крајот на годината ќе ги предложи пакет-мерките за префрлање...

Македонија11 час

Обвинителството испитува кој ги објавува аудиоснимките поврзани со „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет и веќе проверува кое е лицето што ги објавува...

Свет12 часа

Австралиските пожарникари сами собираат средства за квалитетни маски за дишење

Пожарникарите во Нов Јужен Велс, Австралија, поведоа итна акција за собирање средства за набавка на подобра безбедносна опрема кога открија...

Македонија14 часа

Објавени аудиоснимки поврзани со „Рекет“: „Не знам, куферот со пари не е кај Заев“

На јутјуб-каналот U6e Big се појавија нови аудиозаписи поврзани со случајот „Рекет“. На нив се слуша глас кој личи на...

Македонија15 часа

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор Пецо Неданов, кој на „Фејсбук“ објави дека...

Свет15 часа

Разбиена мрежа на педофили, снимале силување бебиња, уапсени 33 лица во 11 земји

Заедничката акција на полициските сили во дури 11 држави доведе до апсење 33 лица осомничени за малтретирање деца, прикажување, добивање...

Македонија15 часа

Речиси половина милион жители во нашата држава немаат постојан пристап до храна

Честопати Северна Македонија е ставена на листата со рекордери во загуби на храна и отпад од храна, а истовремено се...

Свет17 часа

Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда за мир како протест поради Хандке

Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1988 година како членка на мировните...

Свет17 часа

(Видео) Најмалку шест лица загинаа во пукање во Њу Џерси

Најмалку шест лица, меѓу кои и еден полицаец и двајца осомничени вооружени лица, загинаа во повеќечасовно пукање кај гробиштата и...

Регион17 часа

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница. Тие се пронајдени во регионот Еврос, на грчко-турската граница, во периодот од...

Македонија1 ден

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија1 ден

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет1 ден

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион1 ден

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија1 ден

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија2 дена

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Досие