Контакт

Економија

Реформа во шумарскиот сектор за заштита на шумите

Објавено пред

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за креирање на политиките и спроведувањето на реформа во шумарскиот сектор во Република Северна Македонија.

Тргнувајќи од состојбите, како и од обврските од меѓународни договори и конвенции поврзани со заштитата на шумите и животната средина, кои влијаат врз шумарскиот сектор, се налага утврдување на приоритети и фокусирање на заштитата на шумите со интеграција на поширок контекст во кој заштитата, биодиверзитетот, грижата за природата и животна средина, се наведува во соопштението.

Економија

Бектеши во работна посета на Женева

Објавено пред

Министерот за економија Крешник Бектеши од денеска до среда ја предводи делегацијата од Република Северна Македонија на Втората ревизија на трговската политика во седиштето на Светската трговска организација (СТО) во Женева во која нашата земја е членка од 2003 година.

За време на посетата предвидени се билатерални средби на министерот Бектеши со Роберто Азеведо, генерален директор на Светската трговска организација (СТО), Изабел Дурант, заменик генерален секретар на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) и со амбасадорот Дагфин Сорли, постојан претставник на Норвешка во СТО и ЕФТА.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Шекеринска и Димковски во селото Граешница посетија земјоделец кој користи средства од ИПАРД 2

Објавено пред

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска во битолското село Граешница, беа во посета на земјоделец корисник на мерките од ИПАРД 2 Програмата.

Земјоделецот Гани Корчари е еден од многуте успешни примери, којшто со помош на финансиски средства од ИПАРД 2 програмата, инвестирал во производството, односно во набавка на современа механизација. Конкурирал за мерката 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 програмата за набавка на трактор и механизација за ѓубриво, за што преку ИПАРД му се вратени 22.225 евра.

„Ваквите успешни примери, покажуваат дека земјоделците ги препознаваат бенефитите од ефикасната искористеност на европските фондови и инвестираат во модернизирање на сопственото производство, и знаат дека на крајот тоа ќе им се исплати. Со можноста којашто ја нуди оваа мерка од ИПАРД, за инвестиции во набавка на механизација, ќе се придонесе за рентабилно производство преку намалени трошоци за земјоделско производство и подобрување на квалитетот на земјоделските производи“, изјави министерот Димковски, додавајќи дека освен преку оваа мерка, намалувањето на производствените трошоци ќе се постигне и со мерката за кофинансирање за набавка на гориво за земјоделска механизација.

Димковски потенцираше дека заедно со Платежната агенција изминатиот период се работеше на олеснување на критериумите за мерките од ИПАРД и нивно приближување до земјоделците.

„Резултатите се видливи, ако порано за склучување на договори се чекало по една година, сега договорите од последните јавни повици се склучија по речиси два месеци од објавување на јавните повици. Сето тоа придонесе за само две години Република Северна Македонија да стане позитивен пример во регионот во делот на искористеноста на европските ИПАРД фондови“, изјави Димковски.

Само за првиот јавен оглас од ИПАРД 2 објавен во 2017-та година се склучени 947 договори и досега се исплатени околу 3,9 милиони евра. Огромен интерес земјоделците покажаа и за двете мерки од ИПАРД 2 програмата што се објавија со вториот повик.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Шекеринска во посета на РЕК Битола: Вложуваме 20 милиони евра во нови филтри за заштита на животната средина

Објавено пред

Заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски го посетија РЕК Битола. Со менаџментот на комбинатот тие разговараа за тековните проекти во најголемиот производител на електрична енергија во земјава и за активностите коишто обезбедуваат намалување на трошоците за производство, а зголемување на количеството произведена струја.

„Изминатава година многумина создаваа паника кај нашата јавност дека либерализацијата на пазарот со електрична енергија ќе значи зголемување на цената на струјата којашто ја плаќаат граѓаните и индустријата. Тврдевме дека тоа не е точно и со последните одлуки и на Владата и на Регулаторната комисија се покажа дека со домаќинско работење можно е да постигнете тројна цел: задржување на цената на електричната енергија, зголемување на производството на електрична енергија за сметка на поранешниот увоз и воведување на евтината тарифа на струјата. Притоа, сите овие три работи беа возможни само ако домаќински и професионално се работеше во електраните, а особено во клучната електрана којашто го носи целото производството во нашата држава, а тоа е РЕК Битола. Еден дел од парите коишто останаа, сега можеме да ги инвестираме во еколошки проекти. Оваа година веќе, РЕК Битола покажа дека зборот важи. Започната е постапката за реконструкција на електростатските филтри на комбинатот. Овој е рецептот што го користиме како Влада и овој е рецептот кој го бараме од менаџмент тимовите низ цела држава. Ние и понатаму ќе продолжиме  да даваме поддршка на ваквите политики. Тие се добри за комбинатот, добри се за електраните, меѓутоа пред се и над се, се добри за граѓаните на оваа држава”, рече Шекеринска.

Раководството на комбинатот ја информираше заменик претседателката на Владата, Шекеринска за постапката за избор на изведувач за реконструкција на електростатските филтри.

„Заврши првата фаза од јавната набавка за реконструкција на електростатските филтри на која се пријавија девет компании. Од нив, седум продолжуваат во следната фаза. Сакаме да потенцираме дека се работи за сложен проект во секоја смисла, финансиски тежок над 20 милиони евра, во чија реализација не сакаме да ги направиме грешките од минатото, како при модернизацијата на котлите, на пример. Но, за нас, зборот важи и наскоро ќе го добиеме и изведувачот на работите за реконструкција на електростатските филтри. Тоа е најголемиот еколошки проект во РЕК Битола, со огромно значење за Битола, Новаци, Могила и останатите населени места”, рече директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски.

Според директорот на РЕК Ковачевски, во првите шест месеци од годинава, оствареното производство на електрична енергија е за 16 % поголемо од планираното. Споредбено со истиот период лани, производството е зголемено за 77 %. Во меѓувреме, како што рече Ковачевски, трошоците за производство во периодот јануари – јуни годинава, се за 650 милиони денари пониски од предвидените.

На средбата на заменичката на претседатеот на Владата и министерка за одбрана Шекеринска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Димковски со менаџерскиот тим на РЕК Битола беше посочено дека и годинава, како и лани се реализираат ремонти на трите блокови со што се подобруваат производствените перформанси на постројките. Ремонтот на Блок 1 и Блок 3 е завршен, а од 15 август до 15 ноември следува капитален ремонт на Блок 2.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт8 часа

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа10 часа

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт11 час

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Свет11 час

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од...

Спорт11 час

Трилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат ја освои титулата од Вимблдон, откако во едно историско финале со 7:6(5)/1:6/7:6(4)/4:6/12:12(3) го совлада освојувачот...

Македонија15 часа

Лидерската средба е неизвесна, власта и опозицијата не можат да ги усогласат темите

Неизвесно е дали ќе има лидерска средба помеѓу првите луѓе на најголемите политички партии, а несогласувања постојат во оснос на...

Култура16 часа

(Видео) Огнен и Марина ја крунисаа љубовта на 46-тата Галичка свадба

Во Галичник денеска се одржа 46-то издание на традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, која повеќе од 4 децении ги негува...

Европа16 часа

На парадата во Париз се појави „летачки војник“

По повод францускиот национален празник Ден на падот на Бастиља во Париз, вниманието го привлече поранешниот џет-ски шампион Фреки Запата...

Македонија16 часа

Два земјотреси ја стресоа Грција, почувствувани и во делови од земјава

Македонската телеметриска сеизмолошка мрежа денескa регистрира два земјотреса чиишто епицентри се наоѓаат на 220 километри јужно од Скопје во соседна...

Македонија17 часа

,,Како не ти е срам” му порача Милчин на Адеми поради дивоградбите во Охрид

,,Како не ти е срам” му порача професорот, Владимир Милчин  статус на Фејсбук на министерот без ресор, Едмонд Адеми, по...

Свет19 часа

(Видео) Њујорк во мрак, претставите од Бродвеј се преселија на улиците

Менхетен синоќа остана неколку часа без струја поради голем дефект, поради што престана да работи метрото, запреа лифтовите, се исклучија...

Свет20 часа

Протести во Чикаго против имиграционата политика на Трамп

Неколку илјади луѓе маршираа во центарот на Чикаго протестирајќи против имиграционата политика на претседателот Доналд Трамп, а слични протести се...

Регион21 час

Во Хрватска во јули има 90 илјади помалку туристи од лани

Во првата недела од јули во Хрватска има 90.000 гости и 400.000 ноќевања помалку отколку во истиот период минатата година....

Свет22 часа

Земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди западниот брег во Австралија

Земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди западниот брег во Австралија. Како што соопшти Агенцијата за геолошко истражување на...

Топ22 часа

Рачна бомба пронајдена во битолското село Брусник

Синоќа во 20 часот, пиротехничар од Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од селото Брусник, општина Битола...

Свет1 ден

Рекордна казна за Фејсбук, треба да плати пет милијарди долари

Федералното регулаторно тело на САД одобри рекордна парична казна од 5 милијарди долари за компанијата Фејсбук во рамки на истрагата...

Топ1 ден

(Видео) САД: Тропската бура Бери се движи кон брегот, без струја останале 30.000 лица

Тропската бура Бери продолжува да се движи кон Луизијана, а метеоролозите предвидуваат дека ќе прерасне во ураган. Flooding near Barataria....

Свет1 ден

(Видео) Судири меѓу полицијата и демонстрантите на протест во Хонг Конг

Неколку илјади луѓе протестираа во Хонг Конг против кинеските трговци, при што дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите. “He...

Регион2 дена

Силен земјотрес го погоди западниот дел на Грција

Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот од Грција, а според првичните податоци нема...

Македонија2 дена

Се екипира Агенцијата за национална безбедност, во тек јавен повик за селекција на кадри од УБК

Комисијата за селекција и избор на работници на Управата за безбедност и контраразузнавање, согласно член 186 став 7 од Законот...

Досие