Економија
РКЕ предлага проширување на листата на граѓани кои ќе добиваат финансиска помош за сметките за струја

Стартува дефинирањето на принципите врз основа на кои ќе се прошири постојната листата на ранливи потрошувачи со цел да се намали енергетската сиромаштија.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги заедно со Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика и Владата го отпочнаа процесот со кој точно ќе се таргетираат потрошувачите на кои финансиски ќе им се помогне да ги подмират сметките за електрична и топлинска енергија.
„Станува збор за комплексна операција во која треба да се вкрстат податоците на повеќе институции за да се идентификуваат прецизно потрошувачите на кои им е неопходно да им се помогне за да ги подмират сметките за електрична и топлинска енергија со цел да се намали енергетската сиромаштија. Во моментов надоместок за енергетска сиромаштија добиваат корисниците на социјална помош, а РКЕ по препорака на Секретаријатот на Енергетската заедница иницира да се прошири опфатот на ранливи потрошувачи и за таа цел кон крајот на минатата година како што сте запознаени доставивме предлог листа до Министерството за економија која сега сите заедно го разгледуваме детално. Освен опфатот, го разгледуваме и начинот како да бидеме сигурни дека доделените пари се користат за подмирување на сметките за електрична односно топлинска енергија.
Клучно е да се таргетираат потрошувачите за да се намали енергетската сиромаштија“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Регулаторната комисија предлага освен лицата кои примаат социјална помош, дополнително да се опфатат и следните категории на потрошувачи: домаќинства во кои нема ниту еден вработен, кои не се корисници на постојана социјална парична помош и немаат друг извор на приходи; домаќинства кои имаат невработено лице, корисник на паричен надоместок во случај на невработеност од Агенцијата за вработување, кој се движи во висина на постојана социјална парична помош и истиот е единствен приход на домаќинството; домаќинства со повеќе од два члена во кои има еден пензионер што добива минимална пензија (прва група) и истата е единствен приход на домаќинството; домаќинства со повеќе од два члена во кои има само еден вработен со минимална плата, чиј износ се движи во висина на постојана социјална парична помош и нема други приходи во домаќинството; домаќинства кои имаат невработено лице од 1 април 2020 година, корисник на паричен надоместок во случај на невработеност од Агенцијата за вработување, кој се движи во висина на постојана социјална парична помош и во домаќинството има дополнителен приход во висина од минимална плата, заклучно со периодот на тарење на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Ивановски: Сега е моментот Македонија да ја позиционираме на мапата на товарниот железнички транспорт

Изградбата на брза пруга на коридор 10 како дел од договорите со Обединетото Кралство е фокус проект со кој Македонија ќе се позиционира како главен транзитен пат на железничкиот транспорт од грчките пристаништа до европските дестинации, истакна на денешната прес-конфереција директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски.
Покрај реконструкцијата на постоечката пруга, предвидено е да се изгради нова пруга и долж Коридорот 10 да има двоколосечна пруга која значително ќе го забрза транзитот на карго превоз и на патници.
„За таа цел ќе се изработи проектна задача за целосна реконструкција на постоечката траса и кревање на брзината до 160км/ч и онаму каде што има можности и над оваа брзина за патничкиот сообраќај, а до 120км на час на товарниот сообраќај.
Паралелно со оваа постоечка траса ќе се изгради една целосно нова пруга. Значи ќе имаме 2 колосека. И за двете пруги ќе се трудиме секаде каде што има кривини согласно можностите максимално да се исправат и да се намали должината на пругата. Од голема важност е што при целата градежна активност ќе биде опфатена и изградбата на пругата со која ќе се поврзе, железничката станица во Скопје со Аеродромот во Петровец”, изјави Ивановски.
Предвидено е пругата да се гради по принципот на проектирање и изградба, односно изведувачот во исто време да проектира и да гради.
„Пругата ќе биде целосно електрифицирана со современи системи за сигнализација и контрола на сообраќајот по стандардот ETCS (European Train control system ) со особен акцент на безбедноста на патниците и на патните премини долж Коридорот 10, за кои што ќе се трудиме сериозно да го намалиме нивниот број. Рокот во кој ќе очекуваме градежните работи да бидат завршени се 5 години. Овој рок ќе биде накнадно прецизиран но ова е временската рамка на очекувања”, додаде Ивановски.
Тој најави дека паралелно со изградбата на пругата, ќе се реконструира и железничката станица во Скопје, како и изградба на пруга до Меѓународниот аеродром Скопје.
Економија
Нови цени на горивата

Нови цена на горивата ќе има од ноќеска на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за два денари, дизелот за половина денар.
Од 20.5.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,808 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 4,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,279 ден/кг и сега ќе изнесува 36,808 ден/кг.
Економија
Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.
Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.
„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.
Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.
Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.