Економија
Русија и Кина профитираа од блокадата на Суецкиот Канал, тврдат експертите

Привремената блокада на Суецкиот Канал им овозможи на Русија и Кина подобро да ги промовираат своите трговски патишта и да го доведат во прашање американскиот модел на глобализација, напиша францускиот новинар специјализиран за економски теми, Франсоа Ленглет, во коментар објавен во „Фигаро“.
„Економските последици од инцидентот може да бидат безначајни, но геополитичките постојат. Веднаш по насукувањто на ‘Евер гивен’, Русија предложи алтернативна рута помеѓу Истокот и Европа што е за пет илјади километри пократка од Суецкиот Канал. Кина го направи истото со поларниот Пат на свилата“, вели тој.
Тој нагласува дека можноста за создавање трговски патишта и нивно контролирање отсекогаш се сметала за одлика на моќ. Новинарот потсетува дека Суецкиот Канал го граделе Европејци, вклучително и Французите. По Првата светска војна, Велика Британија била одговорна за неговата одбрана.
„Наскоро беше отстапено место на новиот светски лидер, САД, кои ги контролираа трговските патишта во текот на 20 век“, вели Ленглет.
„Денеска американската доминација е оспорена од Кина и Русија, кои сакаат да понудат сопствен модел на глобализација, преку свои трговски патишта“, заклучува тој.
Низ Суецкиот Канал минува 12 проценти од светскиот товарен сообраќај, а исто така е еден од најпрометните водни премини за испорака на нафта во светот. Низ него минуваат осум проценти од бродовите кои пренесуваат течен гас. Низ каналот минуваат 19.000 бродови годишно или повеќе од 50 на ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.