Контакт

Економија

САД сакаат да воведат царини на европска стока вредна 7,5 милијарди евра

Објавено пред

Светската трговска организација (СТО) донесе одлука дека САД можат да наметнат давачки за европски производи во вредност од 7,5 милијарди американски долари поради нелегални субвенции кои Европската Унија ѝ ги дала на авиокомпанијата „Ербас“.

Европската комисија соопшти дека наметнувањето санкции за стоки од ЕУ би било „кратковидо и контрапродуктивно“ и дека постои опасност од штета за двете страни.

СТО тврдеше дека „Ербас“ и американскиот „Боинг“ добиле нелегални субвенции од повеќе милијарди долари.

Во следните денови се очекува Вашингтон да претстави прелиминарен список на стоки што ќе подлежат на царински давачки.

Пред воведување на какви било санкции, Управата за решавање спорови на СТО мора да донесе арбитражен извештај и овој процес може да трае помеѓу десет дена и четири недели.

Следниот состанок е закажан за 28 октомври, но Вашингтон би можел да бара вонредна седница десет дена по објавувањето на извештајот на арбитерот, што може да биде порано од 12 октомври.

Економија

Царовска, Бајрактар и Шкријељ на Меѓународна конференција за кризен менаџмент

Објавено пред

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и поранешната дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ вчера доцна попладнето учествуваа на он-лајн меѓународна конференција „Улогата на кризниот менаџмент во време на пандемија- меѓусекторска солидарност и соработка“, организирана од Министерството за труд, вработување и социјални прашања на Р. Србија.

На конференцијата чијашто основна цел беше да потикне соработка на институциите од земјите од поранешна Југославија во време на Ковид-19 воведно обраќање имаше нсветскиот експерт од областа на кризниот менаџмент Исак Адижес.

Вицепремиерката во своето обраќање истакна дека Северна Македонија изминатите неколку месеци добро ја менаџира економско-социјалната криза предизвикана од здравствената криза преку создавање на неколку сета мерки во вкупна вредност од 555 милиони евра. Сите мерки беа направени во тесна консулатција со засегнатите страни, а отворивме и кол центар кадешто граѓаните и компаниите можеа директно да се информираат за сите уредби, протоколи и мерки.

„Во услови на оваа тешка криза како Влада покакавме дека се грижиме за сите и дека никој не заборавен. Нашата основна цел во овој кризен период беше да ги сочуваме работните места во најпогодените сектори од кризата и навистина успеавме во тоа односно сочувавме околу 75.000 работни места. Би сакала да напоменам дека најскористена беше мерката за о финансиска поддршка на компаниите во висина на минимална плата од 14.500 денари за исплата на плати. Оваа мерка беше искористена за 120.000 вработени во 22.000 компанија. Компаниите имаа можност да ја користат и мерката за субвенционирање на придонесите на плати, но и бескаматните кредити кои ги обезбедивме преку Развојна банка на Северна Македонија. Во тек е и реализација на посебна линија за инвестирање во време на криза во вредност од 25 милиони евра наменета за компании коишто инвестирале во текот на пандемијата. Во наредниот период ќе следува пакет мерки со поддршка за реалниот сектор кој ќе се финансира со средсва од ЕУ. “, истакна Царовска.

Заменик министерот за труд и социјална политика Бајрактар истакна дека во време на криза сите права и надоместоци од социјалната заштита продолжија редовно дури и предвреме да се исплаќаат кон корисниците.

„Покрај заштитата на работните места една од клучните мерки е паричната помош за лицата коишто останаа без работа или беа во неформална економија. Со промена на условите за користење на ова право им овозможивме брз влез во системот за социјална заштита и право на остваруваме на гарантирана минимална помош. Со ова покаќавме дека системот е така дизјаниран што лесно се прилагоува на потребите на граѓаните. Помошта стигнува до оние коишто им е најпотребна“, рече Бајрактар.

Шкријељ којашто како дополнителна министерка активно учествуваше во креирањето на мерките истакна дека најважно во време на криза е да се обезбеди социјална сигурност на граѓаните, а Северна Македонија тоа го понуди.

„Владата утврди категории на лица кои треба да се ослободта од работа и работни активности. Меѓу нив се хронично болните, но и родителите на деца до 10 годишна возраст како и самохраните родители, кои останаа дома со нивните деца во услови кога не работат градинките и училиштата. Со ова покажавме вистинска грижа кон најмладите, а отсуството од работа на родителите се води како оправдано односно работодавачите имаат обврска да им исплаќаат 100% плата“, рече Шкријељ.

На конференцијата беше заклучено дека е потребна почеста соработка и размена на искуства од земјите од регионот во врска со менаџирањето на кризата предизвикана од Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Со цена на грозјето од 4 денари земјоделците не може да извадат ни за леб

Објавено пред

Со цена на грозјето од 4 денари земјоделците не може да извадат ни за леб, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи дека тоа е вина на Заев, Николовски и на Димковски.

„Килограм грозје 4, 5 или 6 денари, ова е реалноста, почитувани мои земјоделци, со СДСМ. Оваа расипничка влада ги доведе земјоделците до работ на егзистенцијата. А од земјоделството направи гранка од која луѓето бегаат затоа што нема да може да извадат ниту корка леб. Зоран Заев, Љупчо Николовски и Трајан Димковски се луѓето што му нанесоа трајни последици на македонското земјоделство“, рече Трипуновски.

Тој вели дека четврта година нема ниту откуп ниту стабилни и високи цени, а од година на година цените за откуп на грозјето се сѐ пониски и сѐ попонижувачки.

„Алармирав дека до ова ќе дојде и затоа уште во февруари годинава упатив повик до власта да ги свика земјоделците, откупувачите и винарниците за да може да се превенира ова што сега се случува. Но, беа арогантни и не послушаа, нивната ароганција не им дозволи да видат дека иде хаос, што се неспособни да го решат. Со СДСМ земјоделството само ќе тоне“, додаде Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Основната каматна стапка и понудата на благајничките записи непроменети

Објавено пред

На редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, на оваа седница беше одлучено таа да се задржи на нивото од 1,5 отсто. Намалувањето на основната каматна стапка до тековното ниво, како и досегашното позначително намалување на понудениот износ на БЗ, придонесе за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата. Со оглед на веќе извршеното олабавување, кога сѐ уште постојат ризици, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво како соодветно на тековните економски и финансиски услови. Истовремено, на седницата беше оценето дека ослободената ликвидност од вкупно 15 милијарди денари преку основниот инструмент на Народната банка во април и мај е соодветна, при што се одлучи на аукцијата што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.

На седницата беа разгледани и најновите економски показатели во домашната економија.

„По забавувањето на растот во првиот квартал на 2020 година, тековно расположливите високофреквентни податоци за вториот квартал од годината упатуваат на понагласени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност во согласност и со очекувањата. Тие се видливи преку двоцифрениот пад на индустриското производство и на прометот во трговијата и угостителството, а по растот во првиот квартал, пад се забележува и кај градежништвото. Сепак, гледано по месеци, поголем дел од надолното приспособување е сконцентрирано во април и мај, а во јуни се забележуваат знаци на закрепнување“, велат од НБРМ.

Во однос на ценовните промени, стапката на инфлација во јули изнесуваше 1,3 %, на годишна основа и 0,6 % збирно за првите седум месеци од годината, главно под влијание на повисоките цени на храната. Ваквите поместувања претставуваат нагорно отстапување во однос на очекуваната стапка на инфлација за 2020 година. Во вакви услови, како и при разни насоки на ревизија кај увозните цени и нивна голема променливост посебно изразена во услови на глобалната пандемија, постои одредена неизвесност за проекцијата на инфлацијата за 2020 година.

Нивото на девизните резерви на крајот на јули, според сите показатели за адекватноста, и натаму е во сигурната зона. Во текот на јули главните фактори што придонесоа за промената на девизните резерви се редовните отплати на обврските на јавниот сектор кон странство, а помал придонес имаа и извршените интервенции на Народната банка на девизниот пазар. Надворешната позиција на економијата, во второто тримесечје е малку поповолна од очекуваната при понизок трговски дефицит во однос на проектираниот. Притоа, извозните остварувања се подобри од очекувањата во услови на значително подобрување на активноста на дел од компаниите ориентирани кон извоз во текот на јуни. Расположливите податоци од надворешниот сектор за третото тримесечје од годината се ограничени.

Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за јули покажуваат нивен понатамошен солиден годишен раст, малку повисок во однос на проекцијата за вториот квартал од годината.

Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидносната позиција на банкарскиот систем во домашна валута беше на релативно високо и солидно ниво, што придонесе за многу ниска и повремена потреба на банките за задолжување на пазарите на пари. Показателите за домашните финансиски пазари за јули 2020 година упатуваат на сезонски раст на понудата на девизи, главно предизвикан од физичките лица на менувачкиот пазар. Со ова дојде до подобрување на движењата на девизниот пазар на банките со нивните клиенти и натамошно зголемување на девизната ликвидност на банкарскиот систем, што ја намали потребата за интервенции за продажба на девизи на Народната банка. Релативно поволните трендови на девизниот пазар продолжуваат и на почетокот на август.

Во јули сигналите за закрепнување на економскиот раст во еврозоната и Кина, информациите за развој на вакцина против вирусот Ковид-19 и натамошната монетарна и фискална поддршка на најголемите економии создадоа оптимизам кај инвеститорите на меѓународните финансиски пазари, што се одрази со нагорна динамика на берзанските индекси во глобални рамки. Овие случувања беа изразени сѐ до втората половина на месецот кога поради загриженост на инвеститорите поврзана со појавата на втор бран заразени од коронавирусот на глобално ниво и зголемените политички тензии помеѓу САД и Кина, расположението на инвеститорите се промени и предизвика пад на приносите на државните обврзници во еврозоната и САД.

Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека засега тековите се стабилни и последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, при што согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена. Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата предизвикана од Ковид-19 и натаму постојат како во глобални рамки така и во рамките на домашната економија. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици заради соодветна реакција преку приспособување на монетарната политика, доколку тоа е потребно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Регистрирани 139 новозаразени со Ковид-19, почина пациент од Охрид

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на...

Македонија44 минути

Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

Претседателот Стево Пендаровски, утре во 12 часот, мандатот за состав на Владата ќе му го довери на Зоран Заев, претседател...

Македонија58 минути

Села и Гаши нема да дојдат на средбата на албанските партии што ја организира Ахмети

Алијансата за Албанците и Алтернатива нема да дојдат на средбата на партиите од албанскиот политички блок, која треба да се...

Македонија2 часа

Адеми предлага децата да одат на училиште, се разгледуваат три модели за настава

Комисијата за заразни болести размислува, а Министерството за образование и наука се противи наставата во новата учебна година да се...

Македонија2 часа

Засега нема воведување на ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија

Засега нема одлука за воведување ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести...

Македонија3 часа

Сведоштво на прилепчанка што го победи коронавирусот: „Моето лекување беше едно од потешките“

Седумдесетгодишната Виолета Мирчевска од Прилеп тринеделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација ѝ било семејството, кое...

Топ4 часа

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник. Како што информираат од МВР, непосредно...

Македонија4 часа

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, информира дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет4 часа

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени од коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија5 часа

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија5 часа

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет6 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет7 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет7 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија7 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија22 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија22 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа22 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија22 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија23 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Досие