Економија
СДСМ: Извештајот на „Стандард и Пурс“ е потврда дека економијата се движи во добра насока
Агенцијата „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг ББ- на Македонија и во својот извештај го потврдува напредокот на Република Македонија, информираат преку соопштение од владејачката партија СДСМ. Оттаму истакнуваат дека ова е уште едно признание за успешноста на работата на Владата.
„Нотираниот напредок во подобрување на политичката стабилност, транспарентноста, реформите во праводуството, јавните набавки и јавната администрација, според извештајот на ‘Стандард и пурс’, може позитивно да влијае врз подобрување на довербата и интензивирање на економскиот раст“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ истакнуваат дека по подобрувањето на кредитниот рејтинг на Македонија од негативен во позитивен, од страна на меѓународната кредитна агенција „Фич“, извештајот на „Стандард и Пурс“ е уште една потврда од меѓународно призната институција дека економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година над 3,5 отсто, се темели на инвестиции
Растот на македонската економија според проекциите на Министерството за финансии за оваа година е 2,1%, а за наредната и повеќе од 3,5 %, додека буџетскиот дефицит 4%. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Гласот на Америка во Вашингтон, каде учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.
„Го менуваме комплетно економскиот концепт во насока на тоа дека ќе поддржуваме инвестиции, а не потрошувачка. Во тек е оној голем проект којшто го најавивме за општините. Повикот е во тек така што тука ќе има голема реализација. Исто така, 250 милиони евра поддршка за приватниот сектор. Значи очекуваме дека дефинитивно ќе ги оствариме оние стапки на раст коишто ние како Министерство за финансии ги проектираме, а тоа е 2,1% до крајот на годината и за следната година ќе видиме ама ќе биде повеќе од 3,5 проценти„, рече министерката осврнувајќи се на проекциите на Светска банка, кои како што вели се логични ако се земат предвид претпоставките што ги користи СБ, а тоа е она што остана до претходната Влада, слаби резултати и низок раст на БДП.
Во однос на буџетскиот дефицит, во интервјуто наведува дека преку ноќ не може да се постигнат фискалните правила за буџетскиот дефицит до 3% од БДП и јавен долг до 60% и дека е потребно време за да се консолидира.
„Следната година е планиран буџетскиот дефицит на 4%, потоа следната на 3,5% и да стигнеме до 3%, односно до комплетна консолидација. Она што е најважно барем во овој момент по мене, а тоа е корупцијата и мислам дека тука барем како министер за финансии, којшто е одговорен за дел од институции коишто треба, исто така, да внимаваат многу, барем во делот на сивата економија, би рекла дека тука веќе немаме компромис и силно се бориме против корупцијата и криминалот и во тој дел очекувам позитивни резултати во периодот којшто следи“, рече министерката за финансии.
Во интервјуто се осврна и на заемот од унгарската Експорт импорт банка, за што истакна дека станува збор за заем планиран од претходната Влада којшто се реализираше со кредит под поволни услови наместо со еврообврзница.
„Секое ново задолжување нормално дека дава негативни ефекти. Меѓутоа, ние зборуваме за кредит којшто беше планиран од претходната Влада, само не земавме еврообврзница, тука напротив, би кажала како министер за финансии и како Влада, може да бидеме горди што успеавме да обезбедиме кредит под многу поволни услови, со многу ниска провизија во однос да речеме, да носевме одлука за издавање еврообврзница, а при тоа парите се од европска држава. Јас навистина не гледам ништо спорно, напротив успехот од тоа што постигнавме со 3,25% каматна стапка, мислам дека некој се труди да го преврти во друга насока и да каже дека еве сега да не дефокусираат тоа што е најважното, а тоа дека ги заштедивме граѓаните на државата, а што направивме позајмивме нешто што и претходно беше планирано само многу поскапо“, посочи министерката за финансии и додаде дека неоправдано ќе беше да се задолжуваме со каматна стапка од над 6%.
Таа наведе дека парите се наменети за инвестиции во приватниот сектор и поддршка на општините за инфраструктурни проекти.
Економија
ТИТАН УСЈЕ – Пионер во имплементацијата на практики од циркуларната економија во земјава
ТИТАН УСЈЕ е меѓу првите во земјава кои активно применуваат циркуларни практики, особено преку копроцесирање на алтернативни горива како оризова лушпа и остатоци од текстилната индустрија. Во периодот од 2020 до 2024 година, околу 5% од топлинската енергија што ја користат печките на УСЈЕ доаѓа од нефосилни горива. Овие практики значително го намалуваат користењето на фосилни горива и придонесуваат кон декарбонизацијата на процесите во производството на цемент.
Ова го истакна Наташа Бакреска, менаџер за животна средина и алтернативни горива на ТИТАН УСЈЕ, на „Националната работилница за консолидација на институционалната рамка за транзиција кон циркуларна економија“, во организација на Економската комисија за Европа на Обединетите Нации, која денес се одржа во Скопје. На работилницата беа претставени концепти и бизнис модели на циркуларната економија, успешни примери од нивната имплементација и предизвиците. Со користењето на алтернативни горива како биомаса и текстилни остатоци, ТИТАН УСЈЕ дава пример за тоа како цементната индустрија е интегрирана алка во кружната економија и може да придонесе за значителна декарбонизација и позитивно влијание врз животната средина.
„Подготвени сме да ги ставиме на располагање нашите искуства и експертиза во корист на пошироката индустрија и општество Компанијата успеа да пренасочи од депонирање над 13.000 тони биомаса како оризови лушпи и текстил, пластика, хартија и картон кои не се погодни за рециклирање. Со тоа, УСЈЕ има позитивно влијание врз животната средина со намалување на зависноста од природните ресурси и е безбедно, одржливо решение за проблемот со управување со отпадот,” изјави Бакреска.
УСЈЕ исто така активно работи на производство на нискојаглеродни цементи, при што успеа да намали 2.600 тони CO2 во 2023 година споредено со 2022 година – резултат еквивалентен на отстранување од употреба на 560 автомобили годишно. Компанијата има за цел до 2030 година да го намали процентот на клинкер во цементот од 70% на 63%, задржувајќи го високиот квалитет на производите и придонесувајќи кон целта на ТИТАН Групацијата за нето-нула до 2050 година.
ТИТАН УСЈЕ останува посветена на својата мисија за одржлив развој и активно ја поддржува Северна Македонија во нејзините напори за циркуларна транзиција, истовремено придонесувајќи кон подобрување на квалитетот на животната средина и постигнување на глобалните климатски цели.
На работилницата учествуваа претставници на повеќе министерства, државни и образовни институции и на деловни асоцијации и компании, претставници на странски организации во земјава, како и од Република Бугарија и од Република Ирска. Целта на работилницата беше да се поддржат креаторите на политиките и регулаторите во нивните напори за успешно преминување кон циркуларна економија.
ПР објава
Економија
СДСМ: Мерките на Владата немаат ефект, ја виде ли Бојан Стојановски минималната кошничка
На вчерашната прес конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски рече дека партијата нема да го поддржи Законот за минимална плата од 450 евра предложен од СДСМ и коалицијата со образложение дека треба да се почека синдикалната кошничка за да се види ефектот од мерките на владата. Ја виде ли Бојан Стојановски висината на синдикалната кошничка? Ете денеска е објавена, минималната синдикална кошничка за месец октомври изнесува 61.249 денари, односно во споредба со минатиот месец разликата е само 57 денари, истакнуваат од СДСМ.
Ова, според нив, е најголема потврда на она што граѓаните веќе го знаат, мерките на Владата за намалување на цените немаат никаков ефект, воопшто не се намалени цените на производите.
„Го повикуваме пратеникот Бојан Стојановски сега да излезе пред граѓаните, да признае дека мерките на Владата на Мицкоски се погрешни, без резултат и да го поддржи Законот за минимална плата предложен од СДСМ.
Граѓаните не се само статистика, зборуваме за вистински животи, за родители, за млади, за возрасни сограѓани кои секојдневно се борат да обезбедат достоинствен живот за своите семејства.
Токму затоа, зголемувањето на минималната плата е итно и неопходно“, прецизираат од опозоциската партија.