Контакт

Економија

СДСМ: Нови исплати преку мерката „Мој ДДВ“, 790 милиони денари се враќаат кај граѓаните

Објавено пред

„СДСМ продолжува со мерките и политики за враќање на парите кај грѓаните. Почна исплатата на средствата од МојДДВ за третото тромесечје од 2023 година. На сметките на речиси половина милион граѓани легнуваат вкупно 790 милиони денари. Со проектот МојДДВ за над четири години на сметките на граѓаните се вратени безмалку 120 милиони евра“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Тоа се сериозни пари кои се директно исплатени на сметките на граѓаните и вратени во семејните буџети.

Освен дополнителниот приход за корисниците, оваа мерка има и позитивен ефект во намалувањето на сивата економија, бидејќи се повеќе граѓани бараат фискални сметки.

Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел од ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно 8.400 денари годишно по корисник, а може да се очекува износот за поврат преку МојДДВ да расте и понатаму.

СДСМ се грижи за граѓаните, за повеќе пари во семејните буџети, за унапредување на животниот стандард“, соопшти СДСМ.

Економија

Одржана редовна седница на извршниот одбор за монетарната политика: Основната каматна стапка се намалува 0,25 процентни поени – задржан внимателниот карактер на монетарната политика

Објавено пред

На 17 септември 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

dobivaj vesti na viber

На седницата беше оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се почне со постепено претпазливо нормализирање на поставеноста на монетарната политика. Следствено, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 п.п., на нивото од 6,05%. Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена се непроменети, на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

Со ваквите промени се задржува внимателноста во монетарната политика имајќи ги предвид ризиците поврзани со надворешното окружување што сè уште постојат, но и со домашните фактори што влијаат врз агрегатната побарувачка. И натаму се очекува дека нивото на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки, вклучувајќи го и постепеното зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките (1% со примена од јули 2024 година), ќе придонесат за ценовна стабилност на среден рок и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Воедно, промените во инструментот задолжителна резерва коишто се применуваат од јули 2024 година, придонесуваат за дополнителна поддршка на поставеноста на монетарната политика.

Одлуката за монетарната политиката е заснована на оцените за инфлацијата, којашто се движи во рамките на очекувањата, како и на постојаните поволни движења на девизниот пазар. Годишната стапка на инфлација во август позначително забави и изнесува 2,2%, при поволни движења кај сите три главни компоненти, односно пад на цените кај прехранбената и енергетската компонента и забавен раст на базичната инфлација. Со оглед на споредбената основа од 2023 година (мерки за привремено ограничување на растот на цените), до крајот на годината е можна определена променливост во стапката на инфлација, но во просек за целата 2024 година се очекува дека ќе биде во рамките на проектираната од 3,5%, според априлскиот циклус проекции. Во анкетите на ЕК за очекувањата на потрошувачите, веќе пет месеци по ред преовладуваат очекувања за намалување на цените во следниот период. Во однос на берзанските цени на примарните производи, најновите прогнози се ревидирани надолу, во согласност со зголемената понуда и намалената побарувачка, што е поврзано со послабите изгледи за раст.

Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на август изнесува 4.469,8 милиони евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во согласност со поволните движења на девизниот пазар, Народната банка од почетокот на годината интервенира со нето-откуп на девизи, што придонесе и за подобри остварувања кај девизните резерви од очекувањата. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во јули 2024 година е во согласност со очекувањата од априлскиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со крајот на август се малку повисоки од проектираните нето-приливи од приватните трансфери. Остварениот дефицит во тековната сметка на билансот на плаќања во вториот квартал од 2024 година е понизок од очекувањата според априлската проекција, при истовремено повисоки остварени нето финансиски приливи.

Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), како фактор којшто Народната банка исто така го има предвид, на последната седница во септември по вторпат оваа година беше донесена одлука за намалување на каматната стапка за 0,25 п.п.

Економскиот раст во вториот квартал на 2024 година забрза и е речиси идентичен со проекциите на Народната банка. Реалниот раст на домашната економија изнесува 2,3% на годишна основа (1,2% во претходниот квартал), при натамошен раст и на квартална основа. Така во првата половина од годината е остварен раст од 1,8%, што е блиску до нашата проекција од 1,9%. Високофреквентните податоци за третиот квартал од 2024 година со кои се располага во моментов се ограничени. Засега, податоците за јули покажуваат реален годишен раст на прометот во вкупната трговија и на индустриското производство, наспроти нивниот пад во претходниот квартал. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти.

Во монетарниот сектор, депозитниот потенцијал на банките е солиден и засега со изгледи за подобри остварувања од очекуваните за третиот квартал. Слични се остварувањата и кај кредитниот раст, којшто се одржува малку над проектираниот.

Општо земено, најновите остварувања кај клучните макроекономски показатели, како и согледувањата во однос на нивната идна патека, создадоа можност за намалување на основната каматна стапка. Сепак, Народната банка го задржува внимателниот пристап при натамошните одлуки за монетарната политика. Ризиците поврзани со надворешното окружување треба и натаму да се следат, пред сè цените на примарните производи, коишто сè уште се под влијание на нестабилниот геополитички контекст и климатските промени, а треба да се внимава и на ризиците од домашните фактори коишто може да влијаат врз побарувачката и цените во следниот период, вклучително и политиката на платите. Оттаму водењето внимателни макроекономски политики ќе биде нашиот приоритет и во иднина. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност на среден рок.

Прикажи повеќе...

Економија

Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра

Објавено пред

Со 65 гласа „за“ и 15 против, пратениците во Собранието го одобрија заемот од половина милијарда евра од унграската влада.

dobivaj vesti na viber

250 милиони евра, половина од средствата од овој заем ќе се користат за развој на општините, а другите ќе ги користат стопанствата во форма на кредити. Рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години, каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти. Македонија ќе треба да исплати и провизија од 70 илјади евра за правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт-импорт банка.

Додека за мнозинството нема ништо спорно кај законот, туку напротив, ќе помогне во развојот на општините и економијата, опозицијата обвинува дека парите не се од Унгарија, туку од Кина и дека земјата станува политички заложник.

Пратеникот Фатмир Битиќи и ексвицепремиер за економски прашања од СДСМ изјави дека кинеските пари ќе ја нарушат макроекономската стабилност и ќе има негативно политички влијание за државата, која ќе стане заложник на Унгарија. Рече и дека има скриени трошоџи, чијшто износ не го пишува во договорот.

„Ова задолжување е без контрола, идните генерации ќе ги плаќаат кредитите и другите последици, Ова не е патот по кој сакаме да одиме ова задолжување ја загрозува макроекономската стабилност“, рече Битиќи.

Македонија ќе треба да исплати и провизија од 70 илјади евра за правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт-импорт банка.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕСМ: Лошата кондиција на производните капацитети е причина за набавка на електрична енергија

Објавено пред

„ЕСМ Продажба“ овој период објави отворен повик за рамковен договор за купопродажба на електрична енергија на слободниот пазар поради затекната состојба во која се наоѓаат постојните домашни капацитети во државна сопственост, објавија од компанијата.

dobivaj vesti na viber

„Новото раководство се соочува со ненавремено завршени летни ремонтни активности во РЕК ‘Битола’ и РЕК ‘Осломеј’ и ниската кота на хидропотенцијалите, чии акумулации се под просекот за овој период од годината поради лошото менаџирање на хидроресурсите во изминатите неколку месеци. Набавката на електрична енергија ќе му овозможи на ЕСМ АД да ги реализира плановите за подобрување на затекнатата состојба рудниците и хидроакумулациите, како и потребни сервисни активности на постројките, со што ќе се овозможи континуирано производство на електрична енергија во наредниот период, особено во претстојната грејна сезона“, се наведува во информацијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ18 минути

Кривични против осум лица и три фирми по несреќата на автопатот Скопје – Куманово кога загинаа татко и син

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(40), Д.М.(59), П.Г.(42), П.М.(56), С.С.(39) и...

Македонија52 минути

Мицкоски патува во Брисел: Ќе ја пренесам фрустрацијата на народот, пречките за ЕУ се вештачки наметнати

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани,...

Свет2 часа

Будимпешта се подготвува за поплави – се поставуваат бариери пред куќите и брани околу Дунав, за викендов најавена опасноста

Во градовите северно од Будимпешта властите поставија мобилни брани за да ги ограничат поплавите од Дунав. Будимпешта се подготвува за...

Свет2 часа

(Видео) Објавена првата снимка од остатоците на подморницата „Титан“

Првата снимка од подморницата „Титан“, направена по нејзината смртоносна имплозија во јуни 2023 година, беше објавена вчера на јавната расправа...

Македонија4 часа

За четири месеци, во Клиничкиот центар ќе се прават и потешките операции, Таравари го потпиша договорот за нова компресорска станица

Почна да тече рокот за изградба на нова компресорска станица во Клиничкиот центар, која ќе овозможи хируршките сали да работат...

Македонија5 часа

Германија со чартер-летови депортира 36 лица до Белград и Скопје, меѓу нив имало осудени криминалци

Првиот чартер-лет како дел од најновата офанзива за депортација на германската влада полета пред две недели за Авганистан. Вториот вчера...

Свет5 часа

Се судрија два патнички воза во Прага, десет лица полесно повредени

Во Прага утрово се судрија два патнички воза, а полесно се повредени десет лица, јавува чешката агенција ЧТК повикувајќи се...

Свет5 часа

Пејџерите што експлодираа во Либан се направени во Будимпешта, соопшти тајванската компанија

Тајванската компанија Голд Аполо денеска објави дека ја овластила компанијата со седиште во Будимпешта да ги произведува пејџерите што експлодираа...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Eнергетскиот сектор во Македонија е на дното

Наместо АД МЕПСО да го одржува стабилен енергетскиот систем и да нема покачување на цената на струјата, недомаќински ги трошело...

Свет6 часа

„Ер Франс“ и „Луфтханза“ ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Ер Франс ги прекина летовите од парискиот аеродром Шарл де Гол до Бејрут и Тел Авив до утре, заклучно со...

Свет6 часа

„Пејџерите не ги правевме ние, тие се произведени во Европа“: тајванска компанија се огласи по израелскиот напад во Либан

Тајванската компанија Gold Apollo не ги направи пејџерите што експлодираа вчера во Либан, при што загинаа најмалку девет лица, изјави...

Свет6 часа

Убиени четворица израелски војници во јужниот дел на Газа

Израелската армија денеска соопшти дека четворица израелски војници загинале во судирите во јужниот дел на Газа, додека тројца војници биле...

Свет6 часа

Трамп: Веќе подолго време баравме повеќе луѓе и подобра безбедност

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави денеска дека постои „слабост“ во напорите да се заштити и...

Свет6 часа

Руско Министерство за одбрана: Во текот на ноќта уништени се 54 украински беспилотни летала во пет региони

Руската противвоздушна одбрана синоќа уништи 54 украински беспилотни летала во пет региони, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. „Синоќа беше...

Свет17 часа

Експертите за масовните експлозии на пејџери во Либан: „Очигледно некој се инфилтрирал во производството и им вградил експлозив“

Масовната саботажа на голем број пејџери на Хезболах бара навремена разузнавачка и техничка способност, велат експертите за Би-Би-Си. Од почетокот...

Македонија21 час

Бугарското МНР: Посетата на Сиљановска не беше официјална и затоа не предвидува поставување на државни знамиња

Бугрското Министерството за надворешни работи застана во одбрана на ставовите на амбасадорот Жељаско Радуков кој вчера одбил да ја прифати...

Економија21 час

Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра

Со 65 гласа „за“ и 15 против, пратениците во Собранието го одобрија заемот од половина милијарда евра од унграската влада....

Економија1 ден

Битиќи: Задолжувањето од Унгарија е економско предавство, удар врз домашните компании

„Државата се доведува во ситуација со пари на граѓаните евентуално да финансираат странски фирми наместо домашните. Овој заем е удар...

Топ1 ден

Пуштиле осуденик на слобода оти немало место во затворот, кривична против тројца полицајци од Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и...

Топ1 ден

Тешко повредена девојка, со мопед излетала од патот кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“

Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на локалниот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, К.Д.(21)...