Контакт

Економија

СДСМ: Парите од акцизата одат директно во буџетот за помош на стопанството

Објавено пред

„ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш покажува дека не ѝ важно справувањето со здравствените и економските последици од коронавирусот, туку само се обидува да заработи политички поен плус на маката на граѓаните. Ако претходно од белиот дворец лажеа дека имало само 100 теста на коронавирус, ако лажеа дека 140.000 граѓани во периодот останале без работа, денеска лажат за наводни ценовни шокови и инфлации и очајно се обидуваат да внесат вознемиреност во јавноста“, се вели во реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, во случај кога за само неколку дена малопродажната цена на горивата е намалена 20 денари, а во согласност со светските случувања сè уште се намалува, дополнителната акциза нема да значи дополнителен финансиски товар за граѓаните и стопанството.

„Зголемувањето на акцизата на горивата е привремено и ќе го следи намалувањето на цената на нафтата на светските берзи, односно ако цената на нафтата се зголемува, тогаш дополнителната акциза ќе се намалува.

Граѓаните да останат смирени, нема да има никакви ценовни шокови и инфлации како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ. Она што е важно е фактот дека трите денари од повисоката акциза за нафтените деривати одат директно во буџетот за поддршка на стопанството, социјалните мерки за поддршка на граѓаните и за поддршка на нашиот здравствен систем.

Кризата од коронавирусот остава сериозни економски последици на глобално ниво, а не е поштедена ниту нашата земја и за нејзино надминување потребни се сериозни финансиски средства и солидарност од сите. Но, солидарноста одамна е непознат поим за ВМРО-ДПМНЕ, која продолжува со деструктивно и неодговорно однесување и во време на здравствена и економска криза“, се вели во соопштението.

Економија

Македонската компанија BtoBet меѓу најдобрите во светот

Објавено пред

Компанијата BtoBet, која многу бргу стана еден од светските лидери и провајдери на технологии за казино и спортско обложување, се присоедини кон Aspire Global, компанија што котира на шведската берза, склучувајќи зделка вредна 20 милиони евра. Со аквизацијата двете компании ќе дејствуваат на меѓународните пазари преку платформата за спортско обложување создадена од „БтоБет“ ДООЕЛ Скопје.

За оваа групација се отвораат многу нови можности како во Европа така и во Северна Амeрика, а BtoBet ќе го задржи своето место како лидер вo Африка и Латинска Америка.

Центарот за технолошки развој на BtoBet е со седиште во Македонија, а комплетната технолошка иновација на компанијата се реализирала во Скопје, Битола и во Охрид преку тим на експерти за информатичка и комуникациска технологија. Тимот содржи експерти од повеќе области и брои повеќе од 70 високообучени професионалци. Како главен продукт на компанијата се смета платформата Neuron, која ги задоволува растечките барања на спортските обложувачници и на онлајн-казината во светот.

„Напредната технологија, која е темел на оваа платформа, им овозможува на клиентите на BtоBet технолошка флексибилност и скалабилност, можност да работат малопродажба, како и онлајн-активности преку десктоп-компјутер или мобилен“, велат од BtoBet.

Македонскатата компанија, зад која стои Игор Лештар и која на почетокот беше составен дел на ИТ-гигантот „Сеавус“, за само пет години се позиционира меѓу топ-10 провајдери за технологии за казино и спортско обложување во светот.

BtoBet почна со работа во 2014 година и многу бргу постигна огромен успех, со што докажа дека македонски претприемачи, македонски развивачи и македонска инвестиција може рамноправно да стојат рамо до рамо со најголемите светски играчи од оваа индустрија.

Прикажи повеќе...

Економија

Нова програма за лојалност за физички лица од „Лукоил Македонија“

Објавено пред

„Лукоил Македонија“ воведе нова програма за лојалност за физички лица наречена „Лукоил клуб“, преку која членовите на програмата за лојалност стекнуваат поени и ексклузивните бенефиции, односно своите собрани поени, може да ги претворат во гориво, да купуваат од маркетите на „Лукоил“, но и да ги искористат многубројните акциски поволности.

Поените се собираат едноставно, односно со трансакции направени на продажните места на „Лукоил Македонија“, при што секој поен има вредност од 1 денар, а корисниците, за да станат член во програмата „Лукоил клуб“, потребно е да поседуваат кориснички број од македонски мобилен оператор, на кој ќе добијат СМС со четирицифрен код, со кој ќе може да пристапат во програмата.

Со цел олеснето членство и одговарање на потребите на сите заинтересирани корисници, компанијата овозможи два начина за пристапување во програмата. Имено, за да се стане член во „Лукоил клуб“, корисниците ќе треба или да подигнат картичка „лукоил клуб“ од која било од бензинските станици со наточено гориво од најмалку 1.000 денари или, пак, да ја преземат мобилната апликација – виртуелна картичка „лукоил клуб“ од GooglePlay или AppStore со име LUKOIL CLUB MACEDONIA ,која станува активна веднаш, без услови при регистрацијата.

Оваа програма за лојалност е воведена на корпоративно ниво, а од компанијата велат дека доаѓа како резултат на нивната заложба да ги наградат своите лојални потрошувачи и да им се заблагодарат за нивната лојалност, секогаш воведувајќи нешто ново и покажувајќи континуирана грижа за нивно подобро патување.

„За нашите клиенти правни лица, веќе имаме активна програма за картички, меѓутоа отсега и нашите ценети потрошувачи физички лица може да уживаат многубројни привилегии и поволности дотолку повеќе што нашата програма за лојалност е единствена преку која со собраните поени може повторно да се купи и гориво. Верувам дека на овој начин уште еднаш го потврдуваме вреднувањето на лојалноста на нашите клиенти, но и дека самата програма претставува чекор повеќе кон исполнување на нашата стратегија да создаваме долгорочни врски со потрошувачите, секојдневно олеснувајќи им го патувањето“, изјави г. Андреј Куку, регионален управител на „Лукоил Македонија“.

Друга интересна можност за членовите на оваа програма за лојалност е тоа што во мобилната апликација може да се креира и „круг на пријатели“, односно да се додадат картички со чии сопственици може да се споделуваат поените.

Сите официјални информации поврзани со правилата и со програмата може да се најдат на интернет-страницата https://club.lukoil.com.mk, каде што членовите истовремено може да се регистрираат, да вршат проверка на состојбата на поените, да добиваат информации за тековни промоции, како и други информации од програмата.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Бектеши најави стартап-село и отворање фирми за 1 едно евро

Објавено пред

Mинистерот за економија, Крешник Бектеши, информираше дека е започната постапката за законски измени со кои се овозможува основање фирма со минимален износ на основна главнина од 1 евро.

Тој кажа дека меѓу приоритетите на Министерството за економија за поттикнување на иновативноста во земјата е и формирање на стартап-село кое ќе нуди можност за многу млади од земјава и странство да отворат бизнис без потреба од плаќање на режиски трошоци.

„Во наредниот период заедно со Министерството за финансии ќе работиме на значително намалување на ограничувањата за основање на инвестициски фондови преку посебен Закон за бизнис-ангели и измени на Законот за инвестициски фондови. Веќе сме во завршна фаза во процесот на анализа и препораки за натамошно зајакнување на Фондот за иновации и технолошки развој, негова трансформација за да има резултати на долг рок. Со тоа ќе овозможиме влез на странски инвестициски фондови како стратешки партнери на Фондот во поддршка на економскиот раст, базиран на иновации и воведување нови технологии. Во таа насока ќе продолжиме да инвестираме во научно-технолошкиот парк кој започна со операции во март 2019 година со цел тој да биде целосно функционален во 2025 година“, кажа Бектеши.

Тој рече дека приоритет во наредните четири години преку мерките и програмите во рамки на Министерството за економија е да се создадат услови за отворање нови работни места што ќе значи намалување на невработеноста.

„Целта е невработеноста да се намалува по 3% годишно, како што правевме и во изминатите три години.  Во изминатите две години преку Планот за економски раст беа поддржани 268 компании кои имаа вкупни инвестиции од 420 милиони евра. Планот за економски раст покажа дека компаниите инвестираат и вработуваат, а во наредните четири години ќе продолжиме во оваа насока  преку дополнување и проширување на опфатот на компании и проекти“, кажа Бектеши.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија8 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија8 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет9 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија13 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија13 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија15 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија15 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет16 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа17 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт18 часа

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија18 часа

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија18 часа

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет19 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија19 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија19 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија21 час

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија1 ден

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија1 ден

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Досие