Контакт

Економија

СДСМ: Со стратешки проекти инвестираме во енергетската независност

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ е посветена на енергетската транзиција за зголемено производство на електрична енергија во обновливи извори. Во време на најголема енергетска криза активирани се сите домашни капацитети за производство на електрична енергија со цел да се намали зависноста од скап увоз на струја, посочуваат од владејачкиот СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Во РЕК Осломеј е пуштена во употреба нова фотонапонска електрана од 10 мегавати, инвестиција на АД ЕСМ. На оваа локација ќе се изградат уште две електрани, а АД ЕСМ ќе гради уште една електрана со што вкупната моќност на фотонапонските електрани во некогашниот загадувач ќе изнесува 120 мегавати. Владата предводена од СДСМ ќе инвестира во гасната централа Александруполи во Република Грција со цел стабилно и непречено снабдување со природен гас“, појаснуваат од партијата на власт.

Додаваат дека се потпишани и договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката, како што е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД, како и соларниот парк Стипион во Штип.

Сите овие чекори, велат од СДСМ, на дело ја потврдуваат заложбата на СДСМ за зголемување на енергетската независност.

Економија

Маркоска: Ребалансот обезбедува заштеда од 200 милиони евра и повиоски плати, пратениците да го поддржат

Објавено пред

Пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Маркоска, ги повика своите колеги во Собранието да го поддржат ребалансот на буџетот за оваа година, со кој, како што рече, се обезбедува заштеда од 200 милиони евра и повисоки плати.

dobivaj vesti na viber

Маркоска пред новинарите посочи дека овој ребаланс е важен затоа што со него во време на најголема светска економска криза се прават сериозни кратења во делот на расходите, а средствата се пренаменуваат за мерки за помош на граѓаните и компаниите.

„Заштедата од 200 милиони евра ќе се искористи за засилена заштита на животниот стандард на граѓаните, особено на ранливите категории, понатаму за финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите, но и за повеќе средства кон земјоделците со цел зголемено производство на храна. Преку навремени и ефикасни мерки се справуваме со последиците од глобалната економска криза, покажавме дека и во време на најголема светска економска криза платите и пензиите може да растат, трошоците да се намалуваат и стандардот на граѓаните да биде заштитен“, рече Маркоска.

СДСМ очекува во согласност со роковите ребалансот да се најде пред пратениците на матичната комисија, а потоа и на пленарна седница. Маркоска изрази очекување дека опозицијата, наместо со блокади и кочења, ќе придонесе со аргументирана дебата и конструктивност при носењето на ребалансот.

Прикажи повеќе...

Економија

Битиќи на состанок со Кристин Мелсом: Северна Македонија е вистинска дестинација за норвешките инвеститори

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одржа работен состанок со Кристин Мелсом, директорка на норвешкото Министерство за надворешни работи задолжена за Југоисточна Европа.

dobivaj vesti na viber

На состанокот беа присутни и Томас Холм Кнудсен, директор на инвестицискиот фонд на Норвешка, како и Бесим Зекири, претседател на управниот одбор на норвешката компанија „Нормак“, Аки Етеми, претседател на управниот одбор на „Нормак инвестмент груп“ и директорот на ТИРЗ – Тетово, Александар Зарков.

ТИРЗ – Тетово е првата индустриска зона со јавно-приватно партнерство, која успешно работи во земјата, и на состанокот беше искажано задоволство за успешната соработка во овие години.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека партнерскиот однос ќе продолжи и во иднина заедно надминувајќи ги сите предизвици, кои можеби доаѓаат посочувајќи ја отвореноста за сите заинтересирани инвеститори што сакаат да инвестираат во земјата.

Директорката Мелсом упати отворена покана за бизнис-средба со потенцијални инвеститори и партнери во Норвешка, со цел продлабочување на соработката и развој на Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

Сијарто: Унгарија нема да гласа за воведување ембарго на руската нафта

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска изјави дека Унгарија нема да гласа за воведување ембарго на руската нафта.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека најавите се оти со воведувањето на шестиот пакет-санкции против Русија ќе се затворат транзитните патишта за енергија, заканата насочена против суверенитетот и безбедното снабдување со енергија на Унгарија.

„Тоа е против нашите национални интереси, затворањето на секој транзит на нафта и гас го поткопува единството на ЕУ и Европа и безбедноста на Европа. Ние Унгарците и Србите ќе обезбедиме непречен транзит на енергијата. Сакам да ве уверам дека Унгарија дотогаш нема да гласа за ембаргото за увоз на руска нафта, што беше предложено во Брисел“, изјави денеска Сијарто по средбата со српскиот министер за финансии, Синиша Мали.

Затоа што, како што нагласи, тоа го загрозува снабдувањето со нафта на Унгарија.

„ЕУ треба да даде решение за нашиот проблем и потоа да разговараме за можни санкции“, рече Сијарто и додаде дека затоа не можеме да очекуваме ваква одлука да биде донесена во Брисел оваа недела.

„Следната недела нема да зборуваме за тоа на состанокот на Европскиот совет“, нагласи Сијарто, пренесе „Телефраф“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

(Интервју) Вангелов: Решение е можно ако Бугарите немаат разорно токсични изјави

Членот на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, Огнен Вангелов, во интервју за „Макфакс“ вели...

Македонија1 час

Се преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање мајмунски сипаници

Здравствениот систем се подготвува за евентуална појава на мајмунски сипаници и кај нас, извести денес Комисијата за заразни болести. Доктор...

Македонија2 часа

Османи: Императив е во јуни да се почне со долго задоцнетиот пристапен процес

Императив е да се почне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Македонија и Албанија сега во јуни, порача денеска...

Македонија3 часа

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, изјави заменик-претседателот на...

Македонија4 часа

Џафери не чувствува одговорност да им се извини на собраниските службеници

Собранискиот спикер Талат Џафери не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со пцости, а...

Свет5 часа

Убиецот пред масакрот во Тексас и’ испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос, кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште „Роб“ во Тексас, пред масакрот на...

Македонија5 часа

„Бегај бе таму, хеј сус“ – пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти во Собранието побараа оставка од Талат Џафери

Со транспарент, на кој е испишано „Бегај бе таму, хеј сус“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од претседателот на Собранието,...

Топ5 часа

Четиринаесетгодишник со нож ѝ се заканувал на аптекарка, ѝ го одзел прометот и ја удрил со тврд предмет

Скопското Обвинителство до Кривичниот суд во Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка против дете поради разбојништво. На 23 мај,...

Свет5 часа

Познат идентитетот на децата убиени во масакрот во Тексас

Неколку часа по масакрот во основното училиште во Тексас, почнаа да пристигнуваат информации за жртвите. Полицијата потврди дека загинале 19...

Свет6 часа

Сорос предупредува: Русија можеби го означи почетокот на третата светска војна, нашата цивилизација можеби нема да опстане

Американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос се обрати на Светскиот економски форум во Давос предупредувајќи дека руската инвазија на Украина...

Свет7 часа

(Видео) Ова е напаѓачот што уби 18 деца – објавена е снимка пред да го почне масакрот

Вооружен напаѓач уби 18 деца и наставник во основно училиште во Увалде, Јужен Тексас, објави гувернерот Грег Абот, пренесоа АФП...

Свет7 часа

Наставничка е првата идентификувана жртва од масакрот во Тексас – се обидела да ги заштити децата од напаѓачот

Голема трагедија се случи вчера во САД кога 18-годишниот Салвадор Рамос уби најмалку 21 лице, меѓу кои 19 деца, ученик...

Свет7 часа

Лансирани три балистички проектили во Северна Кореја кога Бајден го напуштил регионот

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја лансирала три балистички ракети рано утринава. Властите во Сеул соопштија дека проектилите биле лансирани...

Свет7 часа

Бајден по крвопролевањето во Тексас: Мора да направиме нешто, децата како да се на бојно поле

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ се обрати на нацијата неколку часа по големото крвопролевање во основното училиште во Тексас, каде...

Европа18 часа

(Видео) Орбан прогласи вонредна состојба во земјата

Унгарската влада денеска прогласи вонредна состојба, соопшти премиерот Виктор Орбан. Причина за прогласување вонредна состојба е војната во Украина, а...

Македонија19 часа

(Видео) Пендаровски од Давос: Политиката на отворени врати не треба да важи само за НАТО, туку и за ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, денеска се обрати на...

Топ23 часа

Од водите на Вардар извлечен маж и итно пренесен во болница

Mеѓу зградата на МРТ и Железничкиот мост од водите на реката Вардар во Скопје бил изваден маж од Скопје, кој...

Македонија1 ден

Ковачевски: Автокефалноста на МПЦ– ОА е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата...

Македонија1 ден

Архиепископот Стефан: 55 години седевме и чекавме во тремот, сега имаме кој да ни нацрпи вода

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан се заблагодари на Српската православна црква и српскиот Патријарх Порфириј за признавањето на автокефалноста...

Македонија1 ден

(Видео) Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија за МПЦ

Патријархот Порфириј на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна...