Контакт

Економија

Се зголемуваат цените на бензините и на дизелот

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 % во однос на одлуката од 27.12.2021 година.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и на „евросупер БС-98“, како и на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат 1,50 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,850 денари за килограм и сега ќе изнесува 40,210 денари за килограм.

Од 4.1.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 75,00 денари за литар

– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 77,00 денари за литар

– дизел-гориво евродизел БС“ (Д-Е V) – 65,50 денари за литар

– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 65,50 денари за литар

– мазут М-1 НС – 40,210 денари за килограм

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 4,218 %, кај дизелот за 3,934 % , кај екстра-лесното масло за 4,093 % и кај мазутот за 3,052 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0, 217 %.

Економија

Соработка помеѓу Народната банка и МАПАС за поголема ефикасност во одржувањето на финансиската стабилност

Објавено пред

Со зајакнувањето на соработката помеѓу Народната банка и Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС) се придонесува кон поголема ефикасност на регулаторите во анализата и оценувањето на финансиската стабилност.

Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и претседателот на Советот на експертите на МАПАС, Максуд Али, при потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу двете институции.

Унапредувањето на соработката помеѓу Народната банка и МАПАС е од големо значење имајќи ја предвид врската на банкарскиот систем со пензиските друштва како врз основа на сопственичката поврзаност така и врз основа на обезбедувањето услуги на чувар на имот за пензиските фондови.

Меморандумот предвидува соработка помеѓу Народната банка и МАПАС преку неколку групи активности. Така, со меморандумот се дефинираат потребните податоци што ќе ги разменуваат институциите – се предвидува редовно доставување податоци за банките на квартална основа од Народната банка до МАПАС, што таа ќе ги ползува во вршењето на својата супервизорска улога врз пензиските фондови, а заради заштита на интересите на осигурениците.

Со меморандумот се предвидува организирање заеднички контроли на субјектите што се од заеднички интерес за двата регулатора кога ќе се утврди потреба од такви контроли.

Финансиската стабилност е заеднички приоритет и обврска на финансиските регулатори. За таа цел, Народната банка минатата година ги обнови меморандумите за соработка и со Комисијата за хартии од вредност и со Агенцијата за супервизија на осигурувањето заради јакнење на механизмите за заштита на финансиската стабилност во системот.

Прикажи повеќе...

Економија

Прогласени најуспешните работници на Sport life

Објавено пред

Водечката компанија во областа на игри на среќа и спортски обложувалници „Sport Life“, на најуспешните 60 вработени за 2021 година, им додели ваучери во износ од 12.000 денари за одмор или летување во посакуваната дестинација. Истите ќе можат да се искористат преку некоја од туристичките агенции, независно дали станува збор за патување во странство или во земјата.

Покрај ваучерите за летување беа обезбедени и дополнителни парични награди за исклучителен придонес на врвни тројца оператори во обложувалниците на „Sport Life“.

Најуспешните вработени се оценувани според повеќе критериуми и параметри базирани на учинокот на вработените во различни делови на работниот процес во текот на изминатата година, вклучувајќи го и нивното искуство и работен стаж во „Sport Life“.

„Sport Life“ успешно работи повеќе од 20 години, притоа едно од најважните правила по кои се раководи е постојаното инвестирање во развојот на вработените и нивното наградување за постигнатите успеси. Покрај редовните обуки и тренинзи за стекнување разни вештини во работењето, тие се поттикнуваат и помагаат да стекнат повисоко образование, како на пример магистериуми или докторати. За успесите во работењето се предвидени редовни бонуси и награди, како и можности за кариерно унапредување. Ова се само дел од активностите кои „Sport Life“ ги спроведува за грижа и развој на вработените.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Лазаров до премиерите на Бугарија и Северна Македонија: Напишете ја новата економска историја

Објавено пред

Претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора во Република Северна Македонија, Кирил Лазаров, преку писмо се обрати до премиерите на владите на Бугарија и на Северна Македонија.

Почитувани премиери на владите на Бугарија и на Северна Македонија, господин Кирил Петков и господин Димитар Ковачевски,

Преку ова отворено писмо сакам од мое лично име како претседател на Македонско-бугарската стопанска комора и од име на сите оние што партиципираат во неа да го изразам задоволството од најавената средба, која има можност да биде и историска ако двете страни имаат поглед кон иднината.

Ги имате почитта и поддршката од целата Комора да пристапите кон суштинските проблеми што ги тиштат двете општества и да најдете решенија што на двата народа ќе им донесат прогрес, иднина, работни места, економија и поврзување.

Имате историска должност кон сите оние што живеат денес и ќе продолжат да живеат и утре, или по 10, 30 или 50 години, затоа што денес ги пишувате иднината и новата историја, историја во која ќе пишува дека вие двајцата лидери сте нашле решение во кое ќе има нови автопати, нови гранични премини, во кое ќе профункционира железничката трансверзала, ќе имаме директен лет Скопје – Софија и решение во кое ќе дефинирате иднина во која ќе се разговара колку многу наши драги соседи од Бугарија ќе дојдат во Охрид или Маврово, а колку Македонци ќе отидат во Банско или на Сончев Брег.

Создадете иднина за која ќе се зборува со силни емоции, со среќа и љубов за двата народа, за благосостојба на нашите деца. Создадете енергија за нашите народи да се почитуваат, поздравуваат и да се прегрнуваат каде и да се сретнат.

Нели сме братски народи со заедничко минато и уште позаедничка иднина? Да зборуваме за гасоводи, автопати, ветерници, хидроцентрални, фотоволтаици, да ги споиме нашите народи во земјоделството, туризмот, одбраната и образованието.

Имаме толку многу заедничко, а толку малку разлики, можеме многу повеќе во економијата и трговијата.
Посејте го семето на пријателството наместо на омразата, тоа впрочем им го должиме на нашите деца и поколенија.

Запрете го миграцискиот пустош, кој ни се случува во двете држави, и договорете се да останеме тука и да живееме едни покрај други во хармонија наместо некаде далеку, да бидеме Mакедонци и Бугари во Македонија и Бугарија наместо странци во Англија и Германија.

Нашите економии и трговска размена имаат огромен потенцијал за нашиот капитал и работници да останат тука.
Сѐ друго е ризик за нашите држави бидејќи живееме во најтурбулентните времиња што носат многу неизвесности и опасности изразени преку наголемата енергетска, пандемиска и економска криза.

Вие доаѓате од бизнисот, исто и јас, знаеме што се бирократија, корупција, блокади, пречки и знаете што треба да направите за да го елиминирате сето тоа.

Во пресрет на денешната средба и заедничката иднина ја имате целокупната нашата поддршка. Ве чека многу работа, но иста цел! Направете чекори што ќе нѐ зближат, а ние како народи ќе знаеме да го почитуваме тоа!

Бидете оние што ќе ја напишат новата економска историја и за кои ќе се зборува многу долго од денес па натаму.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија13 часа

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија15 часа

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија15 часа

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Македонија18 часа

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија19 часа

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа20 часа

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија22 часа

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет22 часа

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија23 часа

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија1 ден

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија1 ден

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија2 дена

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија2 дена

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија2 дена

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија2 дена

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија2 дена

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет2 дена

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт2 дена

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија2 дена

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Досие