Контакт

Економија

Синдикалната организација на „Саса“ најавува штрајк в среда

Објавено пред

Синдикалната организација на рудникот „Саса“, која е членка на синдикатот МЕСО, најави штрајк в среда. Некои од барањата се зголемување на платите до 20 проценти од нето-добивката на рудникот, подобрување на условите за работа, регулирање на стажот и работното време.

Штрајкот ќе почне пред управната зграда во 7 часот. Еден час претходно планирано е да се одржи и протест од автобуската станица на патот што води кон рудникот. „Повикани беа работодавците да преговараме, но, за жал, очигледно тие не сакаат социјален дијалог и спогодба за решавање на правата на работниците“, изјави Драги Јовановски, претседател на синдикатот МЕСО. Одлуката за штрајк е потврдена и од страна на Собранието на рударската синдикална организација, на кое учествувале над 280 рудари.

 

Економија

„Ибис стајлс“ Скопје ја слави својата прва годишнина

Објавено пред

Од

„Ибис стајлс (Ibis Styles)“, светски познатиот и признат бренд на „Акор хотелс (AccorHotels)“, групација која е светски лидер за патување и стил на живеење, ја одбележа првата годишнина од своето постоење во главниот град на Македонија, преку хотелот „Ибис стајлс“ Скопје. На свечениот настан присуствуваше Жил Клавие, претседател на Одборот на директори и извршен директор на „Орбис/Акор хотели“ за Источна Европа, и Кристина Камчева- Стојческа, една од сопствениците на хотелот во Македонија.

Камчева-Стојческа пред присутните напомена дека за кратко време, со начинот на работење, со својот модерен изглед, со отворениот пристап кон гостите, со комплетните хотелиерски услуги прилагодени на новото дигитално време, „Ибис стајлс“ Скопје се наметна како еден од најдобрите хотели во нашиот главен град. Се осврна и на евидентното задоволство на гостите од престојот кое се потврдува и преку позитивните критики на релевантните меѓународни веб-платформи, како и искуството на комфор, услужност и дизајн понудени по најдобра цена, кои позитивно влијаат на резултатот и на добриот имиџ на семејството хотели „Ибис“ во целина.

Претседателот и извршниот директор на групацијата „Орбис/Акор хотели“ за Источна Европа, Жил Клавие, ги поздрави присутните и изјави:„Групацијата на хотели ‘Орбис’, која е стратешки партнер на хотели ‘Акор’ и единствен издавач на лиценци за сите брендови во Источна Европа, е водечкиот хотелски оператор во регионот преку своите 128 хотели. Со цел да ја зацврстиме нашата водечка позиција, ја прошируваме нашата мрежа на хотели во рамките на брендот хотели ‘Акор’ . Во насока на нашата развојна политика и стратегија, постанавме лидер на македонскиот пазар во последните три години. Со задоволство присуствувам на прославата на ‘Ибис стајлс’ во Скопје, кој минатата година беше официјално претставен на пазарот во партнерство со ‘Орка холдинг ‘како сопственик и инвеститор. Со иновативното и ново искуство за гостите, нудејќи неповторлив хотелски наратив и дизајн, со срдечна услужливост и пречек, ‘Ибис стајлс’ ќе придонесе кон зајакнување на меѓународниот имиџ на градот“.

Хотелот е дел од групацијата хотели „Акор“, која е светски лидер за патување и стил на живеење во повеќе од 100 држави ширум светот, со повеќе од 4 500 хотели и 650 000 хотелски соби. Присуството на брендот „Ибис стајлс“ ја става Република Македонија на светската мапа на туристички центри, што директно придонесува кон зајакнување на туризмот во земјата.

„Ибис стајлс“ Скопје располага со 47 модерни и комфорни соби кои на гостите им овозможуваат удобен престој. Секоја соба го носи името на различен град од светот и ја проткајува приказната за имагинарен пат околу светот. Хотелот е категоризиран како хотел со 4* и, меѓу другото, располага и со соба за лица со посебни потреби. Располага и со семејни соби, детско катче, бар, бесплатен интернет и согласен е и за прием на гости со миленичиња.

„Ибис стајлс“ Скопје е далеку од градскиот метеж, но, сепак, многу близу до централното градско подрачје. Се наоѓа во населбата Тафталиџе, близу до повеќе значајни комерцијални објекти во урбано, но мирно градско подрачје.

Прикажи повеќе...

Економија

„НЛБ банка“ воведе најсовремен начин на плаќање – NLB Pay мобилен паричник

Објавено пред

Од

„НЛБ банка“ денеска ја промовира новата услуга, NLB Pay мобилен паричник, која овозможува бесконтактно плаќање на продажните места преку мобилен телефон. NLB Pay е уште една современа дигитална услуга на банката, која е лесна за користење, безбедна и овозможува брзи и едноставни плаќања.

Со воведувањето на оваа услуга, „НЛБ банка“ продолжува да ги следи светските трендови на поедноставување и приближување на банкарските услуги кон своите клиенти. Мобилните банкарски услуги со својата достапност, едноставност, брзина и безбедност при користењето, на клиентите им овозможуваат заштеда на време и средства и им даваат можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, седум дена во неделата.

NLB Pay е услуга наменета за физички лица, корисници на Mastercard платежните картички, кои поседуваат мобилен уред со Andorid оперативен систем. NLB Pay мобилниот паричник ги дигитализира Mastercard картичките и со тоа овозможува плаќање на бесконтактни ПОС-терминали во земјата и странство. Клиентите можат да ја активираат оваа услуга самостојно, без потреба од посета на експозитура. NLB Pay паричникот не само што ќе го поедностави плаќањето за физички лица туку ќе придонесе и за побрзо и поедноставно спроведување на наплатата во малопродажба, што сметаме дека е исклучително важно за Retail бизнисите и продажните места генерално.

„Со оглед на тоа дека мобилниот телефон е уред кој секогаш го носиме со нас и по навика не го испуштаме од рака, убеден сум дека нашата нова услуга, NLB Pay мобилниот паричник, дополнително ќе ги олесни плаќањата што ги вршат нашите клиенти. Плаќањата се извршуваат преку мобилниот телефон, без потреба од физичко користење на платежните картички, со што мобилниот телефон се претвора во виртуелен паричник“, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на „НЛБ банка“ АД Скопје.

NLB Pay апликацијата е достапна за преземање од Google Play store. Активирањето на апликацијата, дигитализацијата на картичките и користењето на NLB Pay мобилниот паричник е бесплатно.

Прикажи повеќе...

Економија

„Нокиа“ затвори стотици работни места

Објавено пред

Од

Производителот „Нокиа“ затвори 250 работни места во погон во Напервил, САД.

Се очекува компанијата да затвори уште 250 работни места, пишува „Ројтерс“. Од „Нокиа“ ја потврдиле информацијата за гасењето на работните места во рамки на глобалниот план на компанијата за намалување на трошоците, но не го соопштиле точниот број.

Се очекува „Нокиа“ да оствари годишна заштеда од 1,2 милијарди евра до крајот на годината, по аквизицијата на својот поранешен француско-американски ривал „Алкател-Луцента“ во 2016 година.

„Во рамки на програмата за штедење го намаливме бројот на вработени во Илиноис. Податоците за обемот на намалувањето и за сегашниот број на вработени во Илионис не  се за објава“, рекле од компанијата.

„Нокиа“ на крајот на минатата година имаше околу 103 илјади вработени.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток1 час

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ2 часа

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија2 часа

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток3 часа

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија3 часа

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ4 часа

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток4 часа

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести6 часа

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија6 часа

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија6 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура1 ден

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ1 ден

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Досие