Економија
Случај „Фени“: „ГСОЛ/Еуроникел“ најавува пријави за Слаѓана Тасева поради кршење на законот за приватност

Во својата желба и понатаму еднострано да упатува критики и обвиненија на погрешна адреса кога станува збор за случајот со „Фени“, денес повторно сме сведоци како Слаѓана Тасева ги крши основните принципи за кои се залага „Транспаренси интернешнл“ и уште поважно прекрши сериозни човекови права кои се заштитени со закон како во Македонија така и на меѓународно ниво. Токму според законот за заштита на личните податоци, Тасева треба да знае (и да го применува законот) дека со објавување документи во јавност има обврска да ги отстрани личните податоци на индивидуалните лица. Поради овој сериозен прекршок направен од страна на Тасева, двете лица што се споменати во документите објавени од страна на „Транспаренси“, ќе поднесат прекршочна пријава според член 9 од Законот за заштита на личните податоци, соопшти компанијата „ГСОЛ/ Еуроникел“.
,,Се прашуваме дали Тасева навистина следи што се случува во, како што вели самата, случајот ‘Фени’ со оглед на тоа дека во текот на вчерашниот ден беше доставен ревидираниот план за реорганизација според насоките на Апелациониот суд. Ова не е првпат Тасева да си поигрува со информациите и притоа да не ја презентира и втората страна во случајот. Поради тоа, веќе е поднесена тужба за клевета во Основниот суд во Скопје за изнесените наводи на прес-конференцијата, каде што Тасева, повторно спротивно на декларираните принципи на ‘Транспаренси интернешнл’, се стави себеси во функција на еден правен субјект, без воопшто да го земе предвид целокупниот контекст“.
Се надеваме дека оваа тенденција на еднострано застапување не е политика на „Транспаренси интернешнл“ бидејќи во случајот недостига зборот транспарентност во нивните постапки. Вредностите на „Транспаренси интернешнл“ за кои организацијата се залага се транспарентност, одговорност, интегритет, солидарност, храброст, правда и демократија и Тасева во нејзината функција треба да стои во одбрана на сите овие принципи и примена на словото на законот“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.