Економија
Со кредитната линија Ковид 3 обезбедена помош за 2.122 мали и микро компании
Со кредитната линија Ковид 3 досега се одобрени вкупно 2.122 кредитни барања во вкупен износ од 24,3 милиони евра, соопшти владејачкиот СДСМ.
Бескаматната кредитна линија со грант-компонента ,,Ковид 3” се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија. Според структурата, како што е посочено, 1.172 кредитни барања се од мали компании, додека 792 барања се од микро компании. 116 кредитни барања се од трговци поединци, додека 42 кредитни барања се од занаетчии.
Во овие микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии вработени се вкупно 16.009 вработени.
„Бескаматната кредитна линија Ковид 3 е конкретна помош за малите и микро компании, за трговците поединци, за занаетчиите кои преку овој механизам добиваат поддршка во зајакнување на ликвидноста и зголемување на конкурентноста во време на санирање на последиците од коронакризата“, велат од СДСМ.
Најавуваат дека власта ќе продолжи со вистинска, навремена грижа за домашната економија, за спас на работните места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
(Видео) „Продолжуваме со засилено темпо на работа“ – Николоски објави снимка од реконструкцијата на автопатот Тетово-Скопје
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкција на автопатската делница Скопје-Тетово.
Тој на својот профил објави:
„Продолжуваме со засилено темпо на работа. Видео од реконструкцијата на автопатот Тетово – Скопје на делот пред Скопје, проект на Јавното претпријатие за државни патишта. Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење.”- објави министерот Николоски.
Инвестицијата е вредна 9,1 милиони евра.
Економија
(Видео) Битиќи: Доцни повратот на ДДВ, се враќа времето до 2016 година кога компаниите страдаа
За изненадување мое, но не и на јавноста, најочигледно после 7 години, оваа тема повторно станува важна како до 2016 година, а тоа се сценарија во коишто продолжуваат доцнењата на враќањето на законскиот рок за поврат на ДДВ за компаниите коишто е од елементарно значење. Затоа што враќањето на ДДВ за компаниите значи зголемена ликвидност и можност за инвестирање и на таков начин, освен што се исполнува законскиот основ, се исполнува и основната цел, а тоа е да служиш на стопанството за да можат да продложат да поттикнат економски раст и развој, рече денеска Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ.
„За жал, сценаријата од 2016 година, каде што компаниите молеа до власта за да се врати ДДВ после 6-7 месеци, сега повторно се случува истото и влегуваме во еден таков цилкус каде што веќе враќањето на ДДВ не се прави на начин каде што автоматски би требало да биде направено, туку има друг коишто ќе одлучува за сето тоа.
Ги охрабрувам тие коишто треба да постапат според законот, да го прават тоа затоа што стопанството го заслужува тоа во овие тешки моменти за заздравување на економијата и заслужуваат да им се помогне за нивната ликвидност“, изјави Битиќи.
Економија
(Видео) Битиќи: Со Законот за нефер трговски практики на СДСМ ќе поевтинат 2.500 производи
„Денес имаме причина да се гордееме! Законот за нефер трговски практики, кој беше подготвен од СДСМ и донесен на 13 март 2024 година, стапува на сила. Овој закон не е празна декларација, тој е конкретна мерка која ќе го заштити буџетот на граѓаните и ќе го намали самоволието на трговците и добавувачите. За првпат, создадовме системско решение со кое ќе ставиме крај на манипулациите со цените. Од денес ќе важат јасни правила и се става ред во односите меѓу трговците и добавувачите со прехранбени производи“, рече денеска на прес-конференција, Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ.
„Законот нема да ги наруши добавувачките ланци и нема да предизвика хаос на пазарот. Дадовме системски одговор на сите манипулации со кои беа оптоварувани граѓаните, а со тоа и нивниот животен стандард“, вели тој.
Битиќи објасни дека со овој закон се регулираат 26 нефер трговски практики, со кои над 2.500 земјоделски и прехранбени производи ќе имаат ограничени маржи од 10%. Тоа, според него, значи дека нема да има просторот за неосновано покачување на цените и создавање на дополнителни трошоци кои директно ги погодуваат семејните буџети.
„Граѓаните конечно ќе почувствуваат системска заштита од покачување на цените. Придобивките се јасни: поквалитетни и поевтини производи на пазарот, транспарентни деловни практики и крај на ситуацијата во која потрошувачите се принудени да плаќаат повисоки цени поради нечесни договори и шпекулации. Овој закон кој го подготви СДСМ е на страната на граѓаните! Денес, сакам да упатам јасен повик до сите трговци и добавувачи: почитувајте го Законот за нефер трговски практики! Почитувајте ги правилата и водете се од принципите на чесност и транспарентност. Овој закон е за доброто на сите нас – и трговци, и производители, и граѓани. Ги повикувам и надлежните институции да преземат проактивна улога и да го спроведуваат овој закон со максимална контрола и посветеност. Само на тој начин ќе го постигнеме она што го посакуваме – стабилни цени и заштита на економската сигурност на секое секој еден граѓанин“, изјави Битиќи.