Економија
Спасовски се сретна со германскиот советник за економија Валтер Дефа: Фокус кон имплементацијата на реформите
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, се сретна со Валтер Дефа, посебен советник за економија на претседателот на Владата, назначен директно од канцеларката Ангела Меркел. На состанокот е оценето дека државата напредува, поздравени се направените реформи и определбата за видливи промени во делот на имплементацијата.
Изразено е задоволство и за определбата на премиерот, на Кабинетот на премиерот и на Владата за воспоставувањето Централна единица за мониторинг во Канцеларијата на претседателот на Владата, со цел поефикасна испорака резултати во делот на клучните економски реформи и е најавена активна помош и поддршка од страна на германскиот советник и неговиот тим.
Констатирана е заеднички важноста од ефикасно воспоставен мерит-систем, со фер шанси за сите. Заеднички е ставот дека во системот на одлучување е потребно поедноставување на процедурите и функционирање на носителите на работни позиции на база на добри проценки за компетенциите на ангажираните кадри, како и преземање одговорност за носењето брзи и квалитетни одлуки.
Премиерот Спасовски изрази благодарност за големата помош и поддршка од германскиот советник Дефа, како и од Сојузна Република Германија во процесот на евро-атлантските интеграции и во делот на економските политики, значајни за квалитетот на живот на луѓето.
„Имаме напредок во сите области и во економијата, но силно сме определени кон примена на праксите што даваат брзи и квалитетни резултати. Покажавме континуитет на реформските процеси. Во периодот што претстои се фокусираме на значителни, позитивни, видливи промени во делот на имплементацијата на законите, усвоени по европски стандарди. Тоа носи резултати во квалитетот на испорака на услугите од институциите кон граѓаните и во квалитетот на живот на граѓаните“, рече премиерот Спасовски.
На состанокот е договорено да продолжи продуктивната соработка со германскиот советник Дефа и неговиот тим и во делот на иновациските политики и smart (паметната) специјализација, како области на модерното време, атрактивни за работа за младите луѓе, а преку коишто е возможна ефикасна имплементација на реформите во сите области значајни за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

