Економија
Среќни часови во „Нептун“ само на 17 август – Големи попусти и подароци на секој час!

Само овој понеделник, 17 август, HAPPY HOURS акција во Нептун со големи попусти и подароци на секој час! Посетете ги продавниците на „Нептун“ овој понеделник, разгледајте ги одличните понуди, купете и бидете потенцијален добитник на еден од 250-те подароци. Акцијата важи во сите 25 продавници на „Нептун“ширум државата, како и онлајн на нивната веб-страница https://www.neptun.mk/. Не пропуштајте ја оваа шанса за шопинг по одлични цени со големи попусти и можност да добиете подарок!
Овој август „Нептун“ го посвети на сите оние 300.000 домаќинства кои се дел од нивната хепи-лојална програма и имаат купувано производи изминативе шест години, колку што и постои најголемата лојална програма во државава. Кампањата со назив „Нептун – Дел од вашиот дом” опфаќа повеќе категориски промоции во кои се опфатени најквалитетни уреди од најпознатите светски брендови по супер цени. Во кампањата на интересен начин се претставени секојдневни ситуации во кои голем дел од семејствата во нашата држава ќе се пронајдат. Видеорекламите од кампањата може да ги погледнете на линкот: https://bit.ly/3h4y4aE.
„Нептун Македонија“ има широка палета услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант-кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard. Новост во „Нептун“ е онлајн купувањето на рати преку брз кредит во соработка со Иуте кредит Македонија. Од овој месец купувачите ќе може брзо, лесно и безбедно преку својот мобилен или компјутер да аплицираат за купување производи до 24 рати и сè тоа без доставување физички документи во продавница. Од комфорноста на својот дом ќе може да нарачате производ на нивната веб-страница https://www.neptun.mk/ и да плаќате на рати. Овој начин на кредитирање при онлајн купување производи е прв и единствен на пазарот во Македонија. Соработката помеѓу овие две иновативни компании придонесе за напредок на е-трговијата во нашата држава. Само со вакви проекти и иновации можеме да го унапредуваме купувачкиот процес и да ги направиме услугите и производите подостапни за македонските купувачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Судот ги прогласи царините за незаконски, но Трамп тврди дека остануваат во сила

Американски апелациски суд во Вашингтон пресуди дека поголемиот дел од царините што претседателот Доналд Трамп ги воведе во текот на својот втор мандат се незаконски.
Судот се занимаваше со законитоста на т.н. „реципрочни“ царини кои Трамп ги воведе во февруари против Кина, Канада и Мексико, а во април и кон повеќето други земји ширум светот. Одлуката не се однесува на царините воведени врз основа на други законски овластувања, како што се царините за увоз на челик и алуминиум.
Трамп воведувањето на царините го оправда со Законот за меѓународни вонредни економски овластувања (ИЕЕПА), кој му дава овластувања за справување со „необични и вонредни“ закани за време на национални вонредни состојби. Во април, тој прогласи национална вонредна состојба поради долгогодишниот трговски дефицит, тврдејќи дека увозот надвишува извозот и дека тоа ја поткопува американската индустрија и воената подготвеност.
Апелацискиот суд пресуди во два случаи – еден што го покренаа пет мали американски компании и другиот што го поднесоа 12 американски сојузни држави предводени од демократите. Тие тврдат дека ИЕЕПА не овозможува воведување царини и дека спорното овластување му припаѓа на Конгресот, а не на претседателот.
Други судови, вклучувајќи го и Американскиот суд за меѓународна трговија во Њујорк, веќе пресудија дека Трамп ги надминал своите овластувања со воведувањето на царините. Најмалку осум тужби ја оспоруваат царинската политика на Трамп, вклучувајќи и една од Калифорнија.
По пресудата, Трамп преку социјалните мрежи порача дека царините остануваат во сила, и оцени дека Апелацискиот суд бил „високо пристрасен“ и неточен.
„Сите царини остануваат во сила! Денеска еден високо пристрасен Апелациски суд неточно рече дека нашите царини треба да бидат укинати, но тие знаат дека Соединетите Американски Држави на крајот ќе победат“, напиша Трамп.
Економија
Македонија ќе биде транзитен мост на Балканот и дел од европските коридори, велат од Вреди

Вреди соопшти дека изградбата на Железничкиот Коридор 8 претставува историски чекор, не само за инфраструктурниот развој, туку и за регионалната интеграција и зајакнувањето на позицијата на Албанците во регионот.
„Коридорот 8 не е само железничка линија, тоа е големата артерија што ги обединува Албанците и отвора нови хоризонти за развој на целата земја“, порачуваат од партијата.
Владата во која партиципира и Вреди ја донесе одлуката за спроведување на договорот за грант во износ од 3,7 милиони евра, обезбедени од Европската инвестициска банка. Средствата ќе се искористат за подготовка на нова проектна документација и постапки за тендерирање. Паралелно, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура започнува избор на надзор за изградбата, со што се гарантира ефикасност и транспарентност во процесот.
Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, нагласи дека железничките проекти се двигател на економскиот развој и интеграцијата во Европа.
„Нашето целосно залагање е насочено кон тоа железницата да стане мотор на поврзувањето – економски, регионално и национално. Со Коридорот 8 ја градиме иднината на сите граѓани“, изјави таа.
Од Вреди порачуваат дека со оваа динамика, железницата повеќе не е само план, туку реалност што ќе ги поврзе Скопје со Тирана и Драч, правејќи ја Македонија суштински дел од европските транспортни коридори и мост на соработка меѓу Албанците, каде и да живеат.
„Ова е визијата на Вреди, силна држава, економски конкурентна, модерна и неразделно поврзана со Албанија и Европа. Железничките коридори не се само линии на мапа, тие се артерии на развој кои ќе ја хранат иднината на Албанците и на сите граѓани со децении“, стои во соопштението.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Со нас народот живее подобро, платите растат, инфлацијата се топи

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните имаат повеќе пари, платите растат, а инфлацијата е стабилизирана, пишува во денешното соопштение на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека економските мерки кои се спроведуваат даваат конкретни резултати и носат подобар животен стандард за сите граѓани.
„Полека, но сигурно, економијата оживува. Производството расте, платите се зголемуваат, инфлацијата е ставена под контрола. Граѓаните денес имаат повеќе пари и со тоа купуваат повеќе. Тоа не се само бројки, тоа е реалност што ја чувствува секое семејство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, во само една година власт на ВМРО-ДПМНЕ, реалната плата пораснала двојно повеќе отколку за седум години власт на СДСМ.
„Растот на реалната плата за периодот од јули 2024 до јули 2025 година е 6,7 проценти, додека за времето на СДС – од јули 2017 до јули 2024 – изнесуваше само 3,5 проценти. Тоа јасно покажува кој работи за граѓаните, а кој за својата политичка елита“, додаваат од партијата.
Во исто време, инфлацијата е намалена за цели 30 проценти. Просечната стапка во последната година е 3,6%, додека во времето на СДСМ таа изнесувала 4,8%.
„Ова се факти кои никој не може да ги оспори. Граѓаните денес имаат повисока куповна моќ, живеат подобро, а државата оди напред. За разлика од времето на СДСМ, кога добро живееја само тендерашите и нивната политичка елита, денес резултатите ги чувствува секој граѓанин“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.