Контакт

Економија

Стопанската комора: Мерките што се носат да не го нарушат оперативното работење на компаниите

Објавено пред

Kомпаниите членки на Стопанската комора од редот на трговците со нафта и нафтени деривати апелираат за наоѓање заедничко решение со Регулаторната комисија за енергетика бидејќи, како што велат, тие во овој момент работат со загуба, односно набавната цена е поголема од продажната.

dobivaj vesti na viber

Деловните субјекти од овој сектор ја поздравуваат одлуката за дневно регулирање на цените на нафтените деривати, но забележуваат на намалувањето на трговската маржа за 33 %, која од 4,5 денари, сега изнесува 3 денари за литар, што претставува историски најниско ниво на досега утврдена трговска маржа кај трговците со нафтени деривати.

Ваквата одлука, по укажување на компаниите, ќе го наруши нивното оперативно работење, со што би се довеле во прашање егзистенцијата и понатамошното функционирање на трговците, како и целиот енергетски пазар, бидејќи тие со секој продаден литар гориво генерираат загуби. Воедно, нејасно е зошто рокот за враќање на маржата не е ставен во правилникот (во еден момент регулаторот вели дека ќе се сменат маржите кога ќе се сменат законите, а од друга страна, дека сепак ќе зависи од цената на светските берзи), со што се влева недоверба кај трговците што набавката на дериватите ја финансираат со сопствени средства.

Во целиот изминат двегодишен период на траење на кризата предизвикана од коронавирусот, компаниите од овој сектор не ги користеа владините мерки за поддршка што се носеа за деловните субјекти и своето работење го организираат континуирано и непречено и во неизвесни економски услови и затоа нивното размислување е дека сега не е момент да се креираат мерки со кои ќе се обременува нивното работење.

Економија

„Твитер“ казнет со 150 милиони долари во тужба за заштита на приватноста

Објавено пред

Американската компанија „Твитер“ се согласи да плати 150 милиони долари на тужба против таа социјална мрежа за заштита на приватноста, објави Федералната трговска комисија (ФТЦ). Социјалната мрежа ги прекрши регулативите на ФТЦ со тоа што ги измами корисниците до степен до кој „Твитер“ ги одржува и ги штити безбедноста и приватноста на своите информации за контакт на корисниците“, соопшти американското Министерство за правда (DoJ).

dobivaj vesti na viber

Во тужбата, поднесена пред судот во Калифорнија, се вели дека компанијата им кажала на корисниците дека собира лични информации за безбедносни цели на сметката, но не открива дека податоците ќе се користат и за насочено рекламирање. Во тужбата се наведува дека овие наводни прекршувања се случиле од мај 2013 до септември 2019 година.

Во тужбата исто така се наведува дека компанијата лажно тврдела дека нејзиниот бизнис е во согласност со регулативите на ЕУ и САД, како и со Швајцарија и САД, кои им забрануваат на компаниите да обработуваат кориснички податоци на начин што не го одобруваат корисниците, соопшти Министерството за правда.

Прикажи повеќе...

Економија

Германскиот министер за енергетика: Г7 ќе го води патот до прекин на употребата на јаглен

Објавено пред

Германскиот министер за енергетика и клима, Роберт Хабек, денеска изјави дека групата Г7 ќе го води патот кон ставање крај на употребата на јаглен.

dobivaj vesti na viber

Високите претставници на Г7 одржуваат тридневен состанок во Берлин, на кој ќе се обидат да се договорат за заедничките цели, а тоа е исклучување на фосилните горива и движење кон обновливите извори на енергија за која научниците велат дека е итно потребна за да се запрат климатските промени.

„Она што во моментот го гледаме како решение е да се забрза трансформацијата на животната средина“, рече Роберт Хабек, пренесе „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Економија

Светската банка: Војната во Украина може да доведе до глобална рецесија

Објавено пред

Шефот на Светската банка предупреди дека руската инвазија на Украина може да доведе до глобална рецесија со оглед на зголемените цени на храната, енергијата и ѓубривата.

dobivaj vesti na viber

Малпас наведува дека многу европски земји сè уште се премногу зависни од руските енергија, гас и нафта. Тој рече дека руското нарушување на снабдувањето со гас може да предизвика значително забавување на економската активност во регионот.

Тој додава дека повисоките цени на енергијата веќе се одразуваат на германската економија, една од најголемите во светот.

Русија и Украина се меѓу најголемите производители на ѓубрива и храна. Малпас, кој вчера зборуваше во САД, рече дека земјите во развој веќе чувствуваат недостиг, пренесуваат светските агенции.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 минути

Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат Интерпелација на Претседателот на Собранието Талат Џафери, најави координаторот...

Европа3 часа

Велика Британија: На Путин треба да му се одговори со сила, а не со попуштање

Во пресрет на денешната посета на БиХ, британската министерка за надворешни работи, Лиз Трaс, изјави дека обидите да му се...

Европа4 часа

Кадиров ѝ се заканува на Полска: Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ѝ се закани на Полска. Тој на својот канал на „Телеграм“ објави видео во кое вели...

Европа4 часа

И по неколкучасовните разговори на делегациите, Турција продолжува да се противи на членството на Шведска и Финска во НАТО

Шведски и фински дипломати вчера имаа повеќечасовни разговори со турските колеги, меѓутоа, како што јавуваат агенциите, не е постигнат договор...

Европа4 часа

Путин првпат ги посети ранетите руски војници

Рускиот претседател Владимир Путин вчера првпат ги посети војниците во болница во Москва, три месеци по почетокот на офанзивата на...

Македонија14 часа

Џафери ги заклучи вратите на салата во Собранието и ги исклучи микрофоните

Собранискиот спикер Талат Џафери побара да се заклучат собраниските врати од салата за да службите пребројуваат пратеници, а пратениците на...

Македонија15 часа

Ковачевски – Дендијас: Фокусирани сме на зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Грција

Претседателот на Владата денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендијас, кој е во еднодневна посета...

Свет17 часа

Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина....

Македонија19 часа

Повисоки плати ќе добијат судиите и обвинителите

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители. Со предложените одредби, како што...

Свет21 час

Нови детали за хоророт во Тексас: сите деца биле убиени во една училница

Објавени се нови детали за страшното масовно убиство што се случи вчера во Основното училиште во Тексас. Во нападот на...

Македонија22 часа

(Интервју) Вангелов: Решение е можно ако Бугарите немаат разорно токсични изјави

Членот на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, Огнен Вангелов, во интервју за „Макфакс“ вели...

Македонија22 часа

Се преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање мајмунски сипаници

Здравствениот систем се подготвува за евентуална појава на мајмунски сипаници и кај нас, извести денес Комисијата за заразни болести. Доктор...

Македонија23 часа

Османи: Императив е во јуни да се почне со долго задоцнетиот пристапен процес

Императив е да се почне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Македонија и Албанија сега во јуни, порача денеска...

Македонија1 ден

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, изјави заменик-претседателот на...

Македонија1 ден

Џафери не чувствува одговорност да им се извини на собраниските службеници

Собранискиот спикер Талат Џафери не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со пцости, а...

Свет1 ден

Убиецот пред масакрот во Тексас и’ испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос, кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште „Роб“ во Тексас, пред масакрот на...

Македонија1 ден

„Бегај бе таму, хеј сус“ – пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти во Собранието побараа оставка од Талат Џафери

Со транспарент, на кој е испишано „Бегај бе таму, хеј сус“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од претседателот на Собранието,...

Топ1 ден

Четиринаесетгодишник со нож ѝ се заканувал на аптекарка, ѝ го одзел прометот и ја удрил со тврд предмет

Скопското Обвинителство до Кривичниот суд во Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка против дете поради разбојништво. На 23 мај,...

Свет1 ден

Познат идентитетот на децата убиени во масакрот во Тексас

Неколку часа по масакрот во основното училиште во Тексас, почнаа да пристигнуваат информации за жртвите. Полицијата потврди дека загинале 19...