Контакт

Економија

Тевдовски најави проект од 35 милиони долари за изградба на детски градинки

Објавено пред

Нови проекти од областа на социјалата, инфраструктурата и поддршка на малите и средни претпријатија во фокус на Пролетните средбите на македонската делегација во Вашингтон. Како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, кој заедно со гувернерот Димитар Богов е на чело на делегацијата, се зборувало за нов голем проект од областа на социјалата, со кој ќе се обезбедат средства за изградба и реновирање на детски градинки, како и подобро таргетирање на социјалната помош.

„Во областа на социјалниот сектор зборувавме за еден поголем проект со Светска банка, во износ од 35 милиони долари, за поголем опфат на децата од предучилишна возраст. Станува збор, пред сè за изградба и реновирање на детски градинки и подобро таргетирање на социјалната помош. Втор проект која е важен и кој како идна соработка го договараме со Светска банка е проектот за подобрување и олеснување на транспортот и трговијата во регионот, кој би се направил на регионално ниво“, истакна Тевдовски.

Тој посочи дека во понапредна фаза се и преговорите за кредитната линија евтини кредити за малите и средни претпријатија во износ од 100 милиони евра, за која станало збор на состаноците со Европската инвестициска банка. „Оваа кредитна линија би се пласирала преку Македонската банка за поддршка на развојот. Таа би имала за цел да ги намали каматните стапки, да им даде на малите и средни претпријатија поевтини кредити за тие да можат да инвестираат и да ја движат економијата“, посочи Тевдовски за Гласот на Америка.

Економија

„Имаме добри услови за бизнис“, Анѓушев ги повика инвеститорите во Македонија

Објавено пред

Владина делегација, предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за здравство Венко Филипче, учествуваше на активности во рамките на Светскиот инвестициски форум, кој се одржува во Женева.

Говорејќи на панелот, Анѓушев истакна дека во изминатиот период, преку разговори со стопанствениците е дојдено до заклучок дека за успех на бизнисот приоритет број еден е стабилност на земјата, како и владеење на правото, а дури на трето место стопанствениците ја поставуваат државната помош, односно субвенциите од државата.

„За обезбедување на стабилноста на земјата, како и високо ниво на владеење на правото, мала земја како Република Македонија, мора биде дел од поголем безбедносен систем. Тоа за нас значи да станеме дел од Европската Унија и НАТО“, подвлече вицепремиерот.

Тој додаде дека за поттикнување на инвестициските активности во земјата Владата го донесе Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој претставува транспарентна програма за поддршка на стопанството, со јасни критериуми и услови, еднакви за сите инвеститори.

Вицепремиерот нагласи дека инвеститорите сега не мора да преговараат со членови на Владата или други лица за да добијат поддршка од државата. Доколку ги задоволуваат критериумите и условите пропишани во Законот, тие може да очекуваат поддршка од Владата за поврат на дел од направените инвестиции.

Тој додаде дека доколку сакаме побрз економски развој, со оглед на тоа дека Македонија е земја со ограничени природни ресурси, мора да се фокусираме на развој на индустријата.

„Владата нема надлежност да се меша во приватните бизниси, нејзина задача е да го подобрува бизнис опкружувањето во земјата, а македонската Влада го прави токму тоа, нагласи Анѓушев и потенцираше дека во фокусот на Владата се реализација на капитални инфраструктурни проекти на пан европските коридори 8 и 10, со кои ќе се подобри безбедноста и брзината на превоз на стоки во регионот. Тој ги повика инвеститорите да ја посетат Македонија, да се уверат во добрите услови за водење бизнис во земјата и своите наредни инвестиции да ги реализираат токму во нашата земја.

 

Прикажи повеќе...

Економија

„БМВ“ повлекува 1,6 милиони возила поради опасност од пожар

Објавено пред

Поради истекување течности, автомобилската компанија „БМВ“ повлекува 1,6 милиони возила од пазарот низ светот, бидејќи постои опасност од пожар, соопшти компанијата.

Како што објаснуваат оттаму, во одделни дизел возила течноста за ладење може да истече од модулот за рециркулација на издувните гасови, поради што течноста би можела да дојде до жешки делови од системот и да се запали.

Германската компанија претходно повлече околу 480.000 возила од Азија и Европа, бидејќи во Јужна Кореја биле пријавени пожари, а засега немало повредени.

Повлекувањето се однесува на моделите од 2010 и 2017 година, а како што се наведува купувачите на проблематичните автомобили ќе бидат контактирани.

Прикажи повеќе...

Економија

МЕПСО : Регионот се подготвува за ерата на електромобилите

Објавено пред

Електропреносните систем-оператори од нашиот регион активно се подготвуваат да спроведат решенија за имплеметација на паметните мрежи со кои меѓу другото ќе се овозможи масовно користење на електрични автомобили, ова е еден од заклучоците на супер – панелот на кој говореа генералните директори на електропреносните систем-оператори на Република Македонија, Р.Србија, Р.Црна Гора, Р. Босна и Херцеговина, Р.Хрватска и Р.Словенија, што се одржа денеска во Сараево, Босна и Херцеговина. 

Актуелни беа и прашањата за имплементација на обновливите извори на електрична енергија и отворањето на регионалниот пазар за балансна енергија во земјите од нашиот регион.

Генералниот директор на МЕПСО, Сашо Василевски говореше за актуелните инвестициски проекти, за отворањето на пазарот на електрична енергија и интеграциите на регионално ниво и за предизвиците од транзицијата на електропреносните во паметни мрежи.

„МЕПСО започна со реализација на компонентите од т.н. „паметни мрежи“ од кои некои се во иницијална фаза, додека поголемиот дел се веќе во фаза на спроведување. Како најзначаен проект, кој е од суштинско значење за интеграцијата на паметните мрежи е монтажата на оптички јажиња во должина од 200 км, која е цврста основа за понатамошна интеграција на компонентите од паметните мрежи“, истакна Василевски.

Панелот на кој учествуваа првите луѓе на електропреносните системи од сите земји кои произлегоа од поранешна СФРЈ е дел од најголемиот светски собир на инженери од областа на електроенергетиката, кој го организира најголемата меѓународна инженерска организација  ИЕЕЕ ПЕС и годинава се одржува во Сараево започнувајќи од 22 до 25 октомври. На овој научно-технички собир се разменуваат искуства од најразлични области на енергетиката и се презентираат искуства за транзицијата на електропреносните мрежи во паметни мрежи.

ИЕЕЕ ПЕС е интернационална организација на инженери која е основана во 1886 година и ширум светот има повеќе од 38.000 членови меѓу кои многу светски истакнати инженери, менаџери и научници, а годишно организира над 40 конференции на различни локации ширум светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Јанчев: Барам јавно извинување и од Христијан Мицковски и од Александар Николовски или ќе ги тужам за клевета

На вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ до мене беа упатени неосновани обвинувања. Обвинувањата беа насочени кон мене како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија4 часа

СЈО не добило барање од Мијалков за судот да му го врати пасошот

Кривичниот суд во Скопје ги демантира информациите кои се појавија во одредени портали, дека му бил вратен пасошот на ексдиректорот...

Македонија4 часа

МНР ги демантира тврдењата на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла вчерашните наводи и квалификации изнесени во коментарот на Департманот за...

Свет5 часа

Ердоган: Имаме силни докази дека убиството на саудискиот новинар било со денови планирано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги...

Свет5 часа

Пронајдено телото на убиениот саудиски новинар

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во...

Македонија6 часа

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ зашто реагирав дека слават во барокниот театар

Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина...

Свет7 часа

Караван мигранти од Хондурас се движи кон САД и покрај заканите на Трамп

Илјада мигранти од Хондурас ја преминаа границата со Мексико и се упатија кон американската граница наспроти предупредувањата на мексиканските власти...

Свет7 часа

Мексико се подготвува за удар на ураганот Виља, се евакуираат илјадници луѓе

Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани во подрачјето на ниска надморска височина, поради исклучително опасниот ураган Виља, кој се...

Македонија17 часа

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија19 часа

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија22 часа

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија22 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија23 часа

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија1 ден

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија1 ден

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија1 ден

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија1 ден

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Крвав четврток1 ден

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Крвав четврток1 ден

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет1 ден

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Досие